Број 3409  понеделник, 18 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Зија Тонг Македонка со кинески корени

Мајка и' е од Скопје, а татко и' од Хонг. Оваа млада жена направи меѓународна кариера во телевизиското новинарство

Во полето на телевизиското новинарство Зија Тонг, порасната во Канада, направи кариера на меѓународната сцена, работејќи на разни наградени и познати ТВ-шоуа. Она што ја прави интересна за нас е дека зад ликот на оваа кинеска жена не се препознаваат корените во Македонија, но се факт.

„Родена сум во Лондон и пораснав во Хонгконг. Моето семејство се пресели во Канада кога имав 11 години. Мајка ми е од Скопје, а татко ми од Хонгконг“, објаснува Тонг. Прашана кои се културните разлики меѓу кинеското и македонското потекло на родителите и кои се сличностите, таа многу интересно објаснува: „Луѓето од македонската страна на моето семејство се веселници, енергични и многу поврзани. Времето го поминуваме смеејќи се и пиејќи турско кафе заедно. Кинеската страна на моето семејство е на некој начин поофицијална. Мојот дедо беше голем патријарх, многу мудар и честопати зборуваше со поговорки, а јас го обожавав. Тоа е како да имате свој личен Конфучие. И двете страни од моето семејство се доста големи. Имам многу братучеди низ светот и сите сме во контакт“, вели Тонг.

Нејзината академска кариера е фокусирана на психологија, социологија и комуникации. Што е она што го предизвикало нејзиното внимание во овие полиња и дали таа и претходно и' фрлила око на оваа професија? „Ги сакам ’ологиите’ бидејќи тие нудат многу различни начини на разбирање во светот во кој живееме и нашето место во него. Па така, полето на психологијата е фасцинантно од гледна точка на разбирање на човечката перцепција и перспектива, социологија��а ни дава макро или општествен поглед. Работејќи моментално за ’Дејли планет‘ мојата неделна колумна е наречена ’Зијалогија‘ и покрива цел спектар од научни дисциплини - од антропологија и екологија до нанотехнологија и зоологија. Телевизиското новинарство е страст што сум ја имала отсекогаш. Порано си играв со мојата помлада сестра, која сега е ТВ-продуцент, користејќи го касетофонот со часови и создавајќи мали шоуа, кои потоа ги игравме за нашите родители“, се сеќава Тонг.

Голем дел од нејзината понова работа вклучува фокус на науката и технологијата, од „Вајерд саенс“ на ПБС, „Вајерд магазин“ и „Лидинг еџ“ до водител на „Дејли планет“ на Дискавери ченел и нова сезона на критички акламираната научна серија НОВА. „Дипломирав на комуникациски технологии во земјите во развој. Науката и технологијата оттогаш се силен дел од мојот поглед кон светот. Во смисла на емитувањето на научни емисии, мојата страст почна на 21-годишна возраст кога првпат ја посетив Африка. Пораснав гледајќи го Дејвид Атенборо и отсекогаш сонував да станам презентер на научни емисии, обожавам како е тој способен да инспирира и да ја дели стравопочитта кон природниот свет со ТВ-гледачите дома“, објаснува таа. Запрашана дали нејзината кариера ќе ја врати на некој начин во Македонија, таа вели: „Сигурна сум дека ќе се вратам во Македонија наскоро во посета, бидејќи голем дел од моето семејство се' уште живее таму. Мојата тетка, Лиле Корубин, исто така, работи во телевизијата и мојот чичко, Рубенс Корубин е професор и сликар.

Навистина треба да се консултирам со нив да видам дали има некоја интересна македонска тема од науката за обработка“. Околу тоа каков совет би им дала на младите што сакаат да имаат кариера во новинарството, таа вели дека кога почнувала, немала менаџер или некакво ТВ-искуство. Се пробивав со пишување на над две илјади електронски пораки до ТВ-продуцентите додека некој конечно не се согласи да ме пушти во етерот. Па, претпоставувам дека најдобар совет што би можела да го дадам е да се биде истраен. Навистина чудно, на кинески зборот „истрајност“ буквално е моето средно име“, вели таа.

(Гласот на Обединета

македонска дијаспора)


#
Статијата е прочитана 2264 пати.

Испрати коментар

Од: komentator
Датум: 18.10.2010 16:06:42
Super kombinacija: Majka Makedonka, tatko Kinez. Navistina ubava devojka, a i pametna kolku sto zabelezuvam vo tekstot! Sekoja cest!
Од: kiro dijaspora
Датум: 19.10.2010 02:47:57
Znae li da ja pokaze Makedonija na geogravskata karta ili ima voopste poim vo koj del na svetot e??
Од: Chicho Mile
Датум: 19.10.2010 08:09:10
Veselnici? Ova e nekoj nov zbor ili ne sum bil na cas koga sme go ucele?

Најди! во Утрински
Насловна
Македонско-бугарски историски контроверзии (8)
Единствени за Тоше
Златото пали во светот, и Македонците сакаат прачки
Потешко ми е да играм вистински ликови
За судиите испити, за министрите преведувачи
Фрлањето ѓубре по 21 часот, може да ве чини 50 евра!
"Плавушите" ќе се обединат во Софија
„Бошков Мост“ и „Луково Поле“ енергетски адути
Политика по крв
„Мајки“ доби огромен аплауз
Шкендија без навивачи на гостувањата
Одбележена тригодишнината од смртта на Тоше
Нема да се амнестира непотизмот
Карикатура
Лошите судски пресуди го празнат буџетот
Во Прилеп споменик на Бувие
Како до убавините на Македонија
Магазин
Како Белград стигна во тетовскиот двор?
Грците не плаќаат струја
Стил
Грабеж во Багдад - 12 убиени
Фестивал на албански театар во Дебар






Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency
Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger