Фрлањето ѓубре пред 21 часот, може да ве чини 50 евра!
Скопјенец од Кисела Вода платил глоба оти отпадот го изнел во текот на денот, а не по 21 часот
Сања Наумовска
Избран лош тајминг или лоша среќа го снајде еден скопјанец, кој морал да плати 50 евра бидејќи фрлил ѓубре во контејнер надвор од определеното време! Комунален инспектор ја наплатил казната од граѓанинот што го изнел отпадот во текот на денот, а не по 21 часот, иако во Законот за јавна чистота не е прецизирано времето за исфрлување на сметот од дома. И во Градот Скопје потврдуваат дека времето кога се фрла ѓубре не е основа за казнување. Инспекторите треба да реагираат само доколку граѓаните создаваат диви депонии, ѓубрето го оставаат до контејнер или ако во садовите за отпад се остава градежен шут или делови од мебел.
Скопјанецот бил пресретнат од комуналниот инспектор веднаш пред контејнерите во близина на зградата каде што живее на улицата „Сава Ковачевиќ“. Инспекторот му предочил дека на контејнерите има налепница со која се информираат граѓаните дека ѓубрето треба да го фрлаат по 21 часот. А, бидејќи тој не го испочитувал тајмингот, добил казна!
Во Градот Скопје објаснуваат дека налепниците на контејнерите треба само да информираат кога е пожелно граѓаните да го фрлаат ѓубрето. Со тоа се зголемува ефикасноста во работата на Јавното претпријатие и се подобрува јавната хигиена во градот. Зошто скопјанецот платил глоба од 50 евра, не објаснуваат.
„Времето пропишано за фрлање на домашниот отпад е препорака со која треба да се обезбеди квалитетно и навремено подигање на сметот од сите делови на градот. Непочитувањето не е казниво, но добро е граѓаните да се придржуваат кон редот. И��спекторите и редарите, пак, можат да казнуваат само доколку се остава отпадот околу контејнерот“, велат во Градот Скопје.
Според комуналниот ред на Градот Скопје, „Комунална хигиена“ во различно време ги празни контејнерите во различни делови од Скопје. Во делови од општината Кисела Вода, каде што била изречена казната, изнесувањето на сметот треба да се прави ноќе, односно по 22 часот. Ноќе се празнат и некои од контејнерите во Центар и во Чаир. На пример, делови од Центар, кај „Рамстор“ и во Капиштец се чистат наутро до 10 часот, а деловите, на пример, кај „Палома Бјанка“, ноќе. Во различни делови од денот и ноќта ѓубрето се собира во Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров и во други делови на Скопје. Поради тоа, велат во „Комунална“, граѓаните ги информираат преку налепниците на контејнерите. Наскоро, информираат од Јавното претпријатие, ќе биде спроведена и нова кампања за запознавање на сите граѓани со комуналниот ред.
Znači: da se frla otpad pred 21 časot ili posle 21 časot? Nesfativ. Predlog: pokraj sekoj kontejner za otpad da ima edno simpatično kukarče, vo nea, zime so parno, lete so klima, da sedi eden nadzornik ,za da ja ja prati situacija, koj i koga ke go frla odpadot.
Од: jovan
Датум: 18.10.2010 13:11:55
Zarem i ova go ima?
Од: Bojan
Датум: 18.10.2010 13:28:08
Браво за инспекторот. Ме интересира само дали треба да ги казнува и граѓаните кои фрлаат отпадоци во малкуте канти низ градот преку ден.
Од: RDV
Датум: 18.10.2010 13:42:21
A koga ke gi kaznite komunalnite pretprijatija koj sto voopsto ne go pocituvaat vemeto za sobiranje na gubreto, pa istoto ostanuva po ulicite nekolku dena, a po nekogas i cela nedela. komunalnite insrektori i za ova treba da vodat racun, a ne samo graganite da gi kaznuvaat, a komunalnite pretprijatija, koj sto se vo igra so niv ne odgovaraat za nisto. Ova posebno se odnesuva za Dracevo, kade sto ziveam. Gubreto po cela nedela ne se sobira, a koga se sobira toa se pravi so nesoodvetni vozila, so obicni kamioni. Ispagaat kesi od kamionite i gubreto poveke se rasfrla po ulica, otkolku sto se sobira. Slikata nalikuva na nekoja africka drzava. Mizerija.
Од: Ti si Makedonija
Датум: 18.10.2010 14:10:26
Bravo za inspektorot. Treba da se kaznat site mozni makedonci za se sto moze da izmisli takanareceniot premier na severna vukojebina. Mozda togas ke im dojde pamet na idiotive od narod.
Од: mile
Датум: 18.10.2010 15:00:13
Gragjaninot e kriv sto frlil gubre vo kontejner. Namesto da go frli vo nekoj park nikoj da ne go vidi toj kako sovesen gragnanin go frlil vo kontejner i zarabotil kazna.
Од: marija
Датум: 18.10.2010 15:14:25
Odete vo Prilep da vidite sto e cist grad. Neka naucat komunalci kako se cisti i odrzuva cistota.
Од: mene
Датум: 18.10.2010 15:14:25
Se treba da se kaznuva sto se odnesuva do higienata vo gradot. Kaznite treba da se mnogu povisoki. Bidejki nasite inspektori i policajci rabotat samo po nalog [ sto ke kaze sefot ], potrebno e malku pocesto da zabelezuvaat kade i koj frla gubre.
Samo so kazni ke se vovede red.
Од: Ra
Датум: 18.10.2010 15:33:24
Toa e koga sakame EU,EU,EU ama tesko da ni se promeni svesta. Primer vo London gjubre se frla megju 22.30 i 23.30 i tocka. Samo neli nie nemame stendard kako vo London. pa bla, bla,bla. Sekogas za zal sakame samo prava i pari, a ne sakame obvrski i rabota!
Од: Irena
Датум: 18.10.2010 15:38:41
"Bravo za inspektorot". Prvo treba da vidi dali Komunalec cisti kako sto treba ili samo kontejneri frla a toa od strana go ostava, sred Centar da ne zboram za vo drugi naselbi, pa psole da kaznuva luge koga go frlale gubreto. Dodeka postojat takvi kreteni koi si izmisluvaat raboti samo za da pokazat sila, nema da ne bide.
Од: Крт
Датум: 18.10.2010 16:33:10
Значи дојдовме до заклучок дека најдобро време за фрлање смет е негде околу полноќ, когоа никој не те гледа. Препорачливо е и тоа истото да се шутне од осми спрат на некоја висококатница во најблискиот парк и така нема да бидеш воочен од некој инспектор.Срамота е ова што го прават овие од преродбата. ,,ОСТВАРУВАМЕ КАЗНИ,,!
Од: Oskar
Датум: 18.10.2010 16:56:18
Kaznite vazat samo za graganite nikako za razno raznite drzavni sluzbi, taka kaj nas se sproveduvaat Zakonite. Vo mojata ulica Volgogradska, na kojtenerite pisuva deka gubreto treba da se frla od 07-09 casot a se sobira od 06,30-do 08 casot. Ne sum cul Kom. higiena za ova da e kazneta. Prasuvam zasto kontejnerite nemaat kapaci?
Од: Дони
Датум: 18.10.2010 19:46:44
Во ред е да се препорача времето за фрлање ѓубре, но да се казнува е бесмислено. Што да прави тој што живее сам и работи во препорачаното време, па нема белки некој друг секој ден да му го исфрла ѓубрето. Не можам да се изначудам какви се глупости има.
Од: taa
Датум: 18.10.2010 20:47:08
Kakov haos , Ve molam da se kaznuva za isfrlanje na gubre poradi nepridrzuvanje na vremeto , sramota.Molam za odgovor kolku treba da se KAZNI KOMUNALNOTO PRETPRIJATIE ZA EDNAS MESECNO SOBIRANJE GUBRE vo avgust mesec na tempe. od 40 stepeni i vo tekot na narednite meseci a redovno si gi podmiruvame dolgi=ovite kon niv i toa vo visina od 500-600 den.iinaku ziveeme na ul.Sava Kovacevik br.3 / ? .Apelirame za redovno dvapati nedelno sobiranje.
Од: GOSPOD
Датум: 18.10.2010 23:05:19
Za vakov dzgan koj se narekuva narod i toa e malku. Nikogas vo Makedonija nema da se stvori kriticna masa za da se kaze stop na vakvi idiotski zakoni koi se uvezeni od Evropa koja i onaka ne ne priznava. Samo mazohisti mozat ova da go trpat. Kazni ke ima i ponatamu ama samo za desnata strana na Vardar. Ako kakvi sme treba i da ne javaat. Ovde nema nitu so kogo, nitu za kogo da se boris. Pa kakov narod takva vlast a bogami i opozicija. AMIN
Од: filip
Датум: 19.10.2010 00:01:31
Ma ke frlam gjubre koga sakam,a oni za moite pari sto gi davam se dolzni navremeno da go sobiraat. A neka mi se pojavi na mene istiot inspektor i neka se obide da me kazni i nego u kontejner ke go frlam...
Од: graganin
Датум: 19.10.2010 00:31:13
A kako jas da gi kaznam od komunalna higiena sto doagaat ednas mesecno da mi go soberat gibreto.Se odnesuva na nas.Pintija
Од: Контејнер-без-капак
Датум: 19.10.2010 09:30:32
А, колку чини новопоставен контејнер без капак? Зарем е нарачан без капак? Или, капакот само е платен, без да биде монтиран?