Шкендија без навивачи на гостувањата
(18.10.2010г.-13:38ч.) На навивачите на фудбалскиот клуб "Шкендија" до крајот на сезоната им се забранува организирано патување и присуство на натпреварите што нивниот миленик ќе ги игра по терените низ земјата. Оваа одлука вчера ја донесе Комитеттот за итност при ФФМ, откако навивачите на Шкендија во саботата предизвикаа скандал во Кичево на натпреварот против Напредок. Тие го извадија македонското знаме од јарболот и го фрлија на земја, а на негово место го поставија знамето на Албанија.
По кратко време, и по интервенција на службените лица, македонското знаме беше вратено на јарболот.
Според одлуката на ФФМ, на секој прволигашки стадион мора за време на натпреварите да се виори македонското знаме.
|