Број 3409  понеделник, 18 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Како Белград стигна во тетовскиот двор?

Светлана Унковска

Трите досиеја на функционери на ДУИ, кои мистериозно се најдоа во дворот на професорот од Тетово, Шпенд Љуши, и за кои се тврди дека содржат документи од белградските архиви, отвораат мноштво дилеми. Дали овие досиеја се навистина пристигнати од Белград и ако се, како што се тврди, кој ги доставува, со каква цел и за чии потреби? Дали можеби домашни структури се' уште соработуваат со српските тајни служби и добиваат документи или, пак, се работи за остатоци на мрежата на КОС и УДБА кои се' уште се активни?

Комисијата за лустрација сега е исправена пред голем предизвик за начинот и формата на постапувањето по овие три предмети, бидејќи за утврдувањето на веродостојноста ќе треба македонските надлежни институции да се обратат до српските архиви. Досега никој не пројавил интерес за враќање на архивските материјали од Србија, а останува нејасно дали некој ќе го покрене ова прашање и ќе биде опфатено со процесот на
сукцесија на државите од поранешна Југославија.

Членовите на Комисијата на денешната седница ќе ги отвораат досиејата но, како што ни изјави претседателот Томе Аџиев, засега се' уште не им познато на што ќе наидат и од кого лустраторите ќе побараат помош за утврдување на веродостојноста на фактите.

„Ќе ги отвориме и ќе видиме што има во нив, а потоа ќе започнеме процедура за овие три досиеја. Можно е да повикаме и експерти за да ги разработиме подетално, бидејќи ова е прв пат да добиеме странски досиеја. Ќе го повикаме и доставувачот на документите да ги образложи околностите, бидејќи е нејасно како тие се нашле во неговиот двор. Сигурно не му ги донел некој гулаб писмоносец. Ќе видиме и за какви документи се работи, ако се тие копии ќе ги повикаме и надлежните да се вклучат во овој процес, бидејќи ние немаме дипломатски овластувања. Од кого ќе побараме помош ќе биде утврдено на седницата на која ќе излеземе со еден заеднички заклучок“, ни изјави првиот лустратор Аџиев.

Но, се покажува дека белградските досиеја во кои се запишани македонските кодоши, сепак, се одлучувачки за целосно проветрување во процесот на лустрација. Пратеникот Стојан Андов уште на самиот почеток на лустрацијата порача дека Македонија за успешно да го спроведе откривањето на државните функционери кои работеле за тајните служби, треба да си ги побара досиејата од Белград.

„Целата работа е во политичката волја. Но, сега Србија решава да донесе закон со кој ќе може да се објават сите имиња на соработниците со тајните служби. Потоа, најверојатно, ќе одлучат да ги дадат и оригиналите и така ќе се реализира и сукцесијата во делот на архивите на земјите на поранешна Југославија. Веројатно, ако ги побараме и ќе ги дадат, затоа што со тоа ќе покажат дека кај нив постои политичка волја“, вели Андов. Тој смета дека постои голема веројатност некои од поранешните структури на КОС се' уште да се активни и дека не само кај нас, туку тие дејствуваат и во БиХ, Хрватска, Косово и секаде.

„Органите што се надлежни и се скапо платени, како што се ДБК и Агенцијата за разузнавање, треба да утврдат од каде доаѓаат овие досиеја“, додава Андов. Иако македонската лустрација започна со меѓупартиски обвинувања, улични лустрации и досиеја во дворови, сепак, тој смета дека тоа е во рамките на нормалата, бидејќи и во другите земјите почетокот се одвивал со многу скандали, за потоа се да си земе нормален тек. Андов им порачува на надлежните во овој процес да инсистираат на целосна примена на Законот, врз Комисијата да не се врши притисок и државните органи да ги извршуваат обврските кон лустраторите.

За трите досиеја, ДУИ уште веднаш обвини дека се фабрикувани од ДПА и дека води антиалбанската кампања. Вчера од партијата на Али Ахмети со контраудар излезе со имиња на кодоши на партијата на Мендух Тачи.

Еден од пишувачите на Законот за лустрација, Ивица Боцевски, не сакаше да коментира по какви патишта стигнале белградските досиеја во тетовскиот двор. Но, и тој смета дека поделбата на архивите треба да тече според динамиката на сукцесијата што ја определуваат државите на поранешна Југославија. Проблемот, вели тој, е што некои партии побрзале да се вмешаат во процесот, несвесно „ишкајќи си ја мувата од капата“.

„Првата придобивка е што се смени парадигмата за поранешниот режим и за неговата природа и на почетокот сите го критикуваа процесот на лустрација велејќи дека сме имале мек комунизам, но сега сите се тркаат да бидат поголеми дисиденти и патриоти. Иако е рано да се проценува, процесот тече и успехот е направен уште на почетокот, бидејќи има промена и се призна дека во Македонија имало злосторства на режимот“, вели Боцевски. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 2003 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 18.10.2010 13:16:15
Очигледно „најпрогонуваните“ се истовремено и најбројни по бројот на „кодошење“,но поседуваат и н��јголем број документи!Невиден пример за една држава е истекот на вакви документи и информации вон институцијата,освен ако не се работи за информатори на странски разузнавачки служби.Кај нас токму тие се најзаштитени.Невидено е поседувањето вакви документи во приватни колекции!Тоа укажува и на урнатините во безбедносниот систем.Крш!
Од: pero
Датум: 18.10.2010 15:13:37
,,Eden od pisuvacite na zakonot za lustracija Ivica Bocevski''' e od kade izleze sea deka Ivica Bocevski ucestvuval vo posivanje na zakonot. Na dobriot poznavac na rabotite ovie informacii mu se smesni :) glupost.

Најди! во Утрински
Насловна
Македонско-бугарски историски контроверзии (8)
Единствени за Тоше
Златото пали во светот, и Македонците сакаат прачки
Потешко ми е да играм вистински ликови
За судиите испити, за министрите преведувачи
Фрлањето ѓубре по 21 часот, може да ве чини 50 евра!
"Плавушите" ќе се обединат во Софија
Зија Тонг Македонка со кинески корени
„Бошков Мост“ и „Луково Поле“ енергетски адути
Политика по крв
„Мајки“ доби огромен аплауз
Шкендија без навивачи на гостувањата
Одбележена тригодишнината од смртта на Тоше
Нема да се амнестира непотизмот
Карикатура
Лошите судски пресуди го празнат буџетот
Во Прилеп споменик на Бувие
Како до убавините на Македонија
Магазин
Грците не плаќаат струја
Стил
Грабеж во Багдад - 12 убиени
Фестивал на албански театар во Дебар






Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency
Asylum rise puts Balkan visa-free scheme in danger