21.03.2012, 16:11 Прекубројни или неподобни?
Паника меѓу административните работници по најавите за пребројување и прераспределби. Дипломатијата на удар откако прекумерните вработувања сопартијци доведоа до вишок вработени
Жаклина Хаџи-Зафирова
„Која вера сте“, „Колку деца имате“, „Брачен статус“, с�� само дел од прашањата што неодамна ги добиле административците, кои се зачудени која е целта на ваквата анкета меѓу вработените. Администрацијата се пребројува, а министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, уверува дека нема простор за паника бидејќи само се „мапираат вработените во институциите“, за да се утврди каде има дефицит на кадри.
Тој најавува дека најдоцна до крајот на месецов ќе биде изготвен регистар на службеници, кој од поодамна се најавува и треба да ја каже конечната бројка на јавни службеници, вработени во разни државни институции, фондови, јавни претпријатија. Опозицијата се сомнева во најавите на министерот, коментирајќи дека досега неколку пати бил најавуван регистарот. Засега никој не ја знае точната бројка на административци, иако според некои процени таа се движи меѓу 120 и 160 илјади.
Администрацијата последниве години не се симна од листата на забелешки на Европската комисија, а влезе и во листата на нови обврски за Македонија, како дел од новиот дијалог кој се води меѓу земјата и ЕУ. Меѓу другото, од нас се бара да се подобри управувањето со човечки ресури. Македонија во изминатиов период беше посебно критикувана поради обемната администрација, што ги вклучуваше и вработувањата по Рамковен договор. А сега, со новите законски измени, опозицијата вели дека е проширен просторот за одбирање на подобните кадри.
„Порано имавме докази како беа примани кадрите во администрацијата. На пример, за раководител на сектор за меѓународна соработка се бара некој со Музичка академија. Сега нема да може да имаме увид во кадрите што се примаат бидејќи ќе бидат без оглас и без полагање на стручен испит. Исто така, претпоставениот е оној кој ги оценува административците. За да напредува, службеникот треба да биде одлично оценет. Но, ниту еден што не е член на ВМРО-ДПМНЕ нема одлични оценки. А, со две негативни оценки летате од работа“, вели Ана Павловска-Данева од СДСМ. Според неа е проблематично тоа што нема критериуми за оценка на службениците, што е случај во другите земји. Така што, тврди таа, се' е по вкусот на шефовите.
Во врска со најавите на министерот дека е при крај регистарот на јавни службеници, Данева вели: „Тој регистар требаше да биде готов прво во февруари лани, па беше најавен за јуни, па за есента минатата година, но се' уште не е готов, така што не се знае вкупната бројка на административци. Тоа ти е исто како да имаш семејство кое си го викнал на ручек, а немаш поим колку членови има семејството. Државата дава пари, а не знае колкав е бројот на јавни службеници“.
Министерот, вчера, во изјава за „Утрински весник“ потврди дека испраќале писма до институциите, но само во функција на регистарот на јавни службеници кој го најави за најдоцна десетина дена. Иако нашите информации велат дека се испратени писма до сите раководители низ државата да се изјаснат дали имаат вишок на вработени во своите редови.
„Станува збор за функционална анализа на секоја институција. Ние правиме мапирање на институциите што ќе пријават дека имаат суфицит и дефицит на некои кадри. Нема причина вработените да бидат во паника“, тврди Ивановски. Тој појаснува дека информациите што ќе ги добијат се во функција на новите законски измени за државни и јавни службеници, кои дозволуваат мобилност во институциите ако има потреба за тоа, а со цел да нема нови вработувања. Ивановски вели дека оценувањето на службениците е почнато уште од 2010 година, а за тоа дали некој е отпуштен од работа уверува дека сметка водат самите институции. Определбата на Владата за вработувања по Рамковен договор и понатаму останува“, вели Ивановски.
|
|
Статијата е прочитана 5084 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 22.03.2012 00:02:46 | Imase edno vreme podobni i nepodobni. Eve pak se vrati. Nisto novo. |
| jimmy1, 22.03.2012 04:30:05 | Da ne se znae kolku administrativci se vraboteni toa e nesto cudno i stram za vlasta. Znaci zaposluvala kogo ke stretne na ulica samo da e clen na partijata na vlast (oboen portokalovo). Veruvam isto taka deka neznajat kolku od nivnite partiski i familijarni clenovi sedat doma a zemaat plati. Veruvam deka neznajat sto rucale vcera, zosto tolkava im e moznosta na pamtenjeto, a znaat vo sekoe vreme da ne lazat, da drpnat nesto za vo zlo vreme i da perat pari.
Do Jovan: Jovane zosto ne razmisluvas barem malku pred da komentiras. 99% od komentarite ti se za zalenje. Zarem ne ti e poznato kako gi zaposluvaja, bez nikakvi strucni spremi, bez nikakvi sposobnosti. Za niv vazno bese da si nivni podanik i da si so niv vo familijarna vrska. |
| Istocna Makedonija, 22.03.2012 08:37:15 | Ne samo vo socijalizmot,diferencijacijata na po-
dobni-nepodonimnasi-vasi e sekogas aktuelna.
Pa treba da ima osvezuvanje,infuzija vo inertnata
neefikasna,polupismena adiministracija.Vreme e
kurirot da sedne na biro,a administrativecot,ako
ne e podoben iako e strucen,pravec Agencija,
kade patem i ke go izbrisat od evidencija.Ke
stane nonentitenikoj i nisto kako stotici iljadnici
vo ovaa zemja,carstvo na mediokriteti,neizzivea
ni,nedoblesni,amoralni,kriminogeni,denuncijanti
insinuanti,prevrtlivci,poltroni,satrapi!!!!!! |
| познавач, 22.03.2012 10:13:18 | Ами со завршена педагошка академија води сектор за социјална заштита во министерство за труд и социјала, ама пошто е тетка на фатмир бесими се е можно. таа оценува магистри по социјална работа и ред други соодветни кадри. ама тое е тоа. |
| realna, 22.03.2012 10:15:04 | ne e tocno toa deka ako ne si clen na VMRO DPMNE nema da dobies solidna ocenka. Rabotam vo drzavna administracija ne sum clen na niedna partija megutoa ocenkite sekogas mi se solidni a me ocenuva neposredno najvisokiot organ vo institucijata kade sto rabotam. Deka ima isklucici ima i toa mnogu, no da bideme realni i objektivni |
| Ептен реална, 22.03.2012 13:14:10 | Мислиш дека некој ти поверува?!!!!!! |
| Do realna, 22.03.2012 13:47:39 | E posle vakva pofalba(na ludosta) odma ke te viknat da bides partiska! So srekja da mi ti e! |
| Kiril, 22.03.2012 14:46:27 | malku e apsurdno ova deka ne se znae kolku ima vraboteno vo administtracijata pa neka se proveri kolku luge se na platen spisok i ke se utrvrdi brojkata na vraboteni u administracija mnogu e ednostavno .. |
| nadrealen, 22.03.2012 14:48:23 | so realna ke se slozam samo vo edno, a toa e deka seuste ima profesionalci vo administracijata pa zatoa i celiot sistem, edvaj nekako, se drzi. |
| xuli, 22.03.2012 15:52:38 | Pa taka e Jovan, mesto profesionalci, prakaat medicinski sestri po ambasadi. Se postavuva prasanjeto koj gi praqa i zasto gi praka za kakva usluga? |
| Трпе, 22.03.2012 16:03:34 | Овој информатичар е толку способен колку да води едно интернет кафе.А му е дозволено да води толкаво министерство и тоа со голем дел на интелектуалци и во поново време неписмени само што се обоени.Но пастирот како што си го познаваме пати од комплексот за луге кои работеле во странство(тие имат двојни државјанства а познато зошто).Самиот знае дека од еден Прилеп што може да се научи.Оценувањето ке биде од ракав и тоа дали си наш,мора да бидеш наш или не си од нашите.Кога имаш портокалова боја на лицето,знак е дека си болен од опасна болест.Некогаш ја нарекувале чума. |
| bb, 22.03.2012 17:19:29 | do realna sega ke te prefrlat vo sitel |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 11°C
Делумно облачно
|
Среда
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 2°C
|
Четврток
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
|