21.03.2012, 16:12 И дипломатијата се пребројува
Дипломатите се плашат дека со реформата на администрацијата место во амбасада можат да завршат во локална самоуправа
Слободанка Јовановска
Информациите дека македонската дипломатија е превработена и дека во рамк��те на реформата на администрацијата ќе се најдат на удар и овие кадри, предизвика паника во Министерството за надворешни работи (МНР). Се тресат од страв тие што се професионални но не се партиски кадри, се тресат тие што се од соодветна партија но од несоодветна струја, тие кои имаат високи звања но немаат конкретни задачи, тие што се пратени како рамковни но немаат соодветни квалификации, како и тие што се тука а не се подготвени за оваа професија.
Неофицијално се шпекулира со бројка од 200 непотребни, односно исто толку колку што се новопримени откако е на власт коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Вработувањата во МНР и натаму не престануваат, па само пред два месеци биле примени пет нови кадри, покрај оние што доаѓаат на функции како амбасадори, државни секретари или други позиции од други институции или министерства, иако за државните секретари законот тоа не го дозволува.
Има ли Македонија навистина вишок дипломатија, е дилема која од МНР не ја потврдуваат, но не ни демантираат дека некои од нивните кадри можат да завршат, на пример во министерство за земјоделие или пак бивш амбасадор да добие работна позиција во некоја локална самоуправа.
„Се работи за информација на Владата која се однесува на сите институции на државната администрација. Целта е да се подбри ефективноста, ефикасноста и мобилноста на кадрите, соодветно со потребите и на ангажманот. Но нема бројна цел “, изјави вчера Борче Стамов, портпарол на МНР. Според него, не се планираат никакви отпуштања, а критериум за тоа кој е потребен а кој не е, ќе биде колку е некој функционално ангажиран или не е.
„Утврдувањето на недостиг или вишок на работна сила не е со цел да има отпуштање. Логичен критериум ќе биде степенот на ангажман од функционален аспект“, изјави Стамов. Неофицијално од МНР оценуваат дека се претерани бројките што циркулираат во јавноста и дека немаат толкав број на вишок вработени, а проценките ќе се прават допрва. Наспроти некои тврдења дека поради таа невработеност некои од вработените немаат работни задачи со месеци, а некои поради тоа и не доаѓаат на работа, во МНР велат дека сето тоа не е вистина и дека без дипломатски ангажман се само новопримените што мораат да се обучуваат на академијата. Неофицијално, сепак се навестува префрлање на оние што се со несоодветно образование, но ќе се внимава да нема уназадување.
Ексминистерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, во чие време МНР нарасна од 300 вработени на 550 со тие во странство, не се согласува дека има вишок дипломати, туку проблем е штедењето, т.е. малиот буџет поради кој е мал и бројот на тие што можат да се испратати по амбасади, па останатите мора да седат дома. Вработени во МНР проблемот сепак не го гледаат во буџетот туку во партизацијата на МНР, па преместувањата сега ги сфаќаат како најава за политичко рекомпонирање на дипломатијата. Според нив одамна имало проценки колку кадри требаат во МНР, а фактот дека се примени исто толку нови колку што сега се бројат прекувработени, го посочуваат како најдиректен доказ. Клучно прашање, според нив, е кој е тој што ќе решава дали некој е добар дипломат или не, кога првите луѓе во МНР не се дипломати со кариера, а еден од државните секретари именуван минатата недела, како зајакнување од Агенцијата за државни службеници, не само што не е дипломат туку е инженер. Клучен аргумент е сепак дека дипломатијата не е само работно место туку и занает, така како што лекар не може да биде земјоделец, нешто што е светост во развиените земји каде дипломатите засекогаш си остануваат дипломати и само се ротираат на хиерархијата. По скандалозните информации за амбасадорот Перо Стојановски стана јасно дека дипломатијата треба да се проветри, но прашање е кој мотив ќе надвладее и дали ќе се следат реални критериуми. Во моментов МНР има дипломати кои со своето однесување се контрадефиниција на тоа што треба да бидат, одејќи дотаму што навредуваат, критикуваат и пцујат на социјалните мрежи, и држави и поединци. Односно, се однесуваат многу недипломатски. |
|
Статијата е прочитана 1863 пати.
|
Исп��ати коментар
|
|
Defender, 22.03.2012 00:52:08 | Prvin ne ubeduvaa deka sme vo diplomatska ofanziva pred Cikago, a sega ke go namaluvaat brojot na diplomati. Predvreme li se predadoa I otkazaa od ofanzivata? Cudno. |
| ari, 22.03.2012 10:00:25 | apsolutno se soglasuvam so konstatacijata. Vo sporedba so prethodnoto rakovodstvo MNR ima daleku podobro i poprofesionalno rakovodstvo, na koi im pretstoi teska zadaca za revidiranje na site resenija na kadri koi ne soodvestvuvaat so realnosta, izdadeni od poranesniot MNR Antonio i D.sek. memeti. Kako i resenia za isprakanje na lnesoodveten kadar nadvor, najdobar primer za toa se dkp-ata na RM vo Berlin i Brisel. |
| perica, 22.03.2012 10:25:11 | Dobra ti e poentava defender, samo ko so gledam deka si dosta pismen, i sam znaes deka so ovoj sostav ne se ide u ofanziva. |
| sonja, 22.03.2012 11:46:41 | Diplomatijata vo makedonija vednas da se pretrese i site taka nareceni diplomati od ulica sobrani da se eliminiraat a takvi ima eden kup posebno vo poslednite nekolku godini stamota e nestrucni bez soodvetno skolo vodat diplomatija demek a D neznaat od diplomatija .Da se proveri soodvetnosta na nekolku ambasadorski mesta na koi sedat nesoodvetni ambasadori preku nok vlezeni vo MNR i odma steknati so ovaa titula pa neli ima Hierarhija vo Diplomatijata ili toa samo na pismo nemoze nekoj od ulica da stane Ambasador a nekoj vraboten vo Mnr so godini nikogas da ne stane Sramota |
| Petre, 22.03.2012 13:19:16 | Na MNR se potrebni vistinski iskusni diplomati, francusko skola. Samo so takvi luge se odi vo ofanziva. |
| државен службеник, 22.03.2012 13:51:48 | Тешко дека новото раководство ќе може да ги реши проблемите во МНР, имајќи предвид што пустош оставија двоецот Милошовски-Мемеди. Веќе нема ни буква во зборот дипломатија. Дипломатијата во светот е школа, образовани кадри со тек на време го учаат занаетот и се посветуват цел живот. Кај нас од улица се станува дипломат. Ги има на куп партиски кадри, а тие се пак или музичари, теолози, учители,земјоделци, кувари, наставници по физичко, а се помалку ги има политички науки, правници и економисти. Преку ноќ од помлади соработници стануваат раководители, од лаици стануват професионалци, а кој ќе раководи, кој ќе иницира, кој ќе води процеси, кој ќе реши отворени прашања, овие??? Пустошот оставен од Милошовски-Мемеди може да се ублажи само со ревидирање на прекуноќ издадените решенија за унапредување и враќање на таквите дипломати од ДКП-та. Се надевам дека новото раководство ќе собере сили и ќе ги ублажи неправдите и незаконитостите во МНР. |
| Istocna Makedonija, 22.03.2012 14:35:38 | Prekinato citanje na statijata kaj kompetentnoto
mislenje na eks ministerot,koj se zamori od silna
diplomatija,prevrabotuvanje i benefiti vo potesnoto
semejstvo.A,bese samo portparolce kaj kontrover-
zniot,no seuste interesen Ljubco! |
| Bekim, 22.03.2012 14:47:12 | Za Francuska skola treba F barem i edno golemo D za diplomatija, koga vekje pocnavme da se izrazuvame taka, i sekako edno golemo DZ za dzentleman i D za dama, koe gi nema nikade. Sum imal cest da vlezam vo min. za nadv. raboti i ne vidov dami niti dzentlemeni, ama vidov raskopcani kosuli, a od kravata nitu K. Bev nevraboten i nikako niven kolega, ama mislev deka diplomatite ke mi se obracat barem so V od vie. |
| Државен службеник 2, 22.03.2012 18:03:39 | Има право државен службеник, во МНР има се само не правници, пол��тиколози и економисти.Меѓутоа со овој потег на прераспоредување на администрацијата неминовно паѓа и Владата поради фактот што веќе е касно за кастрење и поради фактот што администрацијата носи 50% од гласовите.Претпоставувам ништо од прераспоредувањето, па кој сака да изгуби власт алоооо |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 9°C
Ведро
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 6°C
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
|