Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
11.04.2012, 17:03

Уставен суд: Професорите не се јавни службеници

Уставниот суд на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за поништување на делови од Законот за јавни службеници, со што универзитетските професори се изземени од категорија��а јавни службеници. Уставниот суд ги поништи член 3, став 1, точките 1 и 2 во делот „образование“ од Законот за јавни службеници, донесен 2010, а дополнет во 2011 и 2012 година. Поништувањето на овие законски одредби е затоа што според Уставот, на Универзитетот му се гарантира автономија, а според Законот за високото образование е разработена автономијата на Универзитетот, па предвидувањето во Законот за јавните службеници поинаков статус на вработените во високото образование, односно третирањето како јавни службеници не е во согласност со уставно загарантираната автономија на Универзитетот. Подносител на иницијативата е Тито Беличанец.

Судот досега интервенираше во одредбите од овој Закон што се однесуваа на вработените во здравството, вработените во култура, како и вработените во јавните претпријатија основани од општините и од Градот Скопје да се сметаат за јавни службеници. (П.Р.)


Статијата е прочитана 446 пати.

Испрати коментар



Незаконски наплатената партиципација да се врати за 8 дена
Декриминализација за замајување на јавноста
Чудото во „Свети Димитрија“ било повик за покајание
Обемна администрација - помалку студенти



FELIKS, 12.04.2012 09:39:57
Точно е да универзитетите се автономни но од каде се финансираат.Ако државата финансира тогаш нивната работа е државна а тие би требало да се јавни службеници како и сите други кој се финансираат од буџетот.Но по се изгледа логиката на нештата и домашното практицирање право не одат во иста насока.
predlog, 12.04.2012 17:03:45
Predlagam Feliks vo maj da bide izbran za sudija na ustavniot sud.
BHC, 12.04.2012 19:04:27
Ustavniot sud ne e zakonodavno telo.Parlamentot e zakonodavno telo.Ustavniot sud nemozi da pravi zakoni nitu pak da ukinuva zakoni.Parlamentot pravi i ukinuva zakoni.Ulogata na Ustavniot Sud e da dava svoe mislenje dali zakonot e ustaven ili neustaven.Ako zakonot e neustaven,togas Parlamentot ili go ukinuva ili pak go koregira vo soglasnost so Ustavot.Ako Ustavniot Sud se pretvori vo zakonodavec i zakonoukinuvac,togas ja gubi svojata nezavisnost,stanuva pristrasen,se politizira,stanuva prodolzena raka na tekovnata vlada,So drugi zborovi go gubi svojot kredibilitet.Vaka e vo Canada i USA,a tamu kaj nas.............izgleda e poinaku.
Ljubota Trade Name, 13.04.2012 06:27:36
Spored ovoj kriterium Verskite zaednici.MPC.POA. IVZ.Adventistite,Sabotarite,Jehova Vitnes- Svedocii,Katolicite i siaset drugi se nadvor od Sekularniot zakon na Republika Makedonija! Biraj Ago Sto Ti Drago,ama ne moze i edno i drugo!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 5°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |