Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
11.04.2012, 17:00

Обемна администрација - помалку студенти

Квотите за студиите по јавна администрација на државните универзитети ќе се намалат или сосема ќе ��е укинат

Жаклина Хаџи-Зафирова



Ќе се намалуваат или целосно ќе мируваат студиите зајавна администрација на државните универзитети, најави вчера министерот за образование и наука, Панче Кралев. Тој рече дека деталите ќе бидат познати по објавувањето на Конкурсот за упис на студентите во учебната 2012-2013.

Министерот не прецизира дали ваквата одлука Владата ја донела врз основа на барањата на факултетите, но појасни дека има пренатрупаност со кадарот од оваа област и практично тие нема каде да се вработат. Намалување на квотите ќе има и за други области, како кај педагошките студии, социјалните работи и библиотекарство.

Од универзитетската фела потврдуваат дека е факт превработеноста во јавната администрација, а министерот за информатичко општество неодамна излезе со изјава дека во Македонија вкупната бројка на административци е 118 илјади.

„Точно е дека има пренатрупаност и голем интерес за студиите за администрација, со што се отежнува и можноста за вработување“, вели министерот Кралев. Тој најави дека во Конкурсот кој ќе биде објавен деновиве повторно ќе се стимулираат техничките науки, а ќе има драстично намалување или мирување на студии кои се суфицитарни на пазарот на трудот. Повеќе места се предвидени за студиите по Е-бизнис, а ќе се отворат и дисперзирани ИКТ-студии во Делчево и Куманово. Кралев најави и дисперзирани студии за градежништво.

Намалувањето на квотите кај јавната администрација не е новост и таа беше најавена уште кога се обелодени истражувањето на двете министерства, за образование и за труд и социјална политика, за потребите на пазарот и за дефицитарните и суфицитарните струки.

Вчера побаравме, но не добивме одговор од битолскиот Факултет за администрација и менаџмент на ифнормациски системи за тоа колкав е интересот и дали е вистина дека има претрупаност на кадрите од областа на администрацијата. Но, ваквата потврда ја добивме од штипскиот Правен факултет каде има отсек јавна администрација.

„Факт е дека имаме превработеност во јавната админстрација, но доколку се донесе одлука за мирување или укинување на овие студии со тоа сметам дека ќе се ускрати правото на слободен избор за студирање“ ни изјави деканот на Правниот факултет во Штип, Јован Анананиев. Според него, државата треба да има стратегија за тоа каков кадар и е потребен.

Долго време во јавноста се шпекулира колкава е бројката на вкупно вработени административци, за неодамна министерот за информатичко општество да ги потврди информациите дека станува збор за бројка од околу 120 илјади административци.


Статијата е прочитана 330 пати.

Испрати коментар



Незаконски наплатената партиципација да се врати за 8 дена
Уставен суд
Декриминализација за замајување на јавноста
Чудото во „Свети Димитрија“ било повик за покајание

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Претежно облачно

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 5°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |