Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
24.02.2012, 17:54

Ставрески: „Не се откажуваме од случајот со Владо Димов“!

Пресврт во случајот со ексминистерот за здравство. Најпрво ја повлекоа потерницата по него, а сега ќе добие и 490 илјади евра

Љубиша Станковиќ


„Ќе ги преземеме сите правни инструменти што ни стојат на располагање како држава. Не се откажуваме од случајот со Владо Димов и откако ќе ги добиеме сите документи, секако дека ќе ги искористиме сите правни инструменти за наплата на долгот“, изјави вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на вчерашната прес-конференција запрашан од новинарите дали ќе му се вратат средствата на поранешниот министер за здравство и дали државата има средства за тоа.

„Секако дека има средства државата, меѓутоа државата исто така има и инструменти за повторување на предметот во првостепена постапка. Предметот е вратен кај првостепениот орган и тој не е оспорен од суштински, туку од формален аспект, од аспект на разграничување на периодот на кој што се однесува даночната постапка. Првостепениот орган, а тоа е Управата за јавни приходи, секако има можност, ако се покаже дека тоа е потребно, да донесе соодветно решение, така да ние ќе ги преземеме сите правни инструменти што ни стојат на располагање како држава“, изјави вчера Ставрески.

Изјавата на Ставрески доаѓа по сензационалната вест дека екс министерот за здравство од СДСМ и близок соработник на Владо Бучковски повеќе не е на список на лица за кои македонската полиција има издадено потерница под сомнение дека направил криминал. Димов, кој повеќе од пет години живее надвор од државава, може да з��ивне. Тој не само што повеќе не се бара од органите на прогонот, туку (се)очекува и државата да му врати околу 490 илјади евра, колку што му беа запленети на име на неплатен данок. Меѓутоа, изјавата на Ставрески може да се протолкува и како дека работите нема да одат токму во тој правец како што најавија медиумите.

Она што е познато е дека Врховниот суд ја уважи жалбата на Димов по донесените решенија на Управниот суд и на Министерството за финансии. Токму со оваа одлука, донесена на седми ноември минатата година, е наложено да се укинат решенија со кои на Димов му е пресметан неплатен данок од 750.000 евра.

Највисокиот суд бил на став дека веќе донесените одлуки се спротивни на законот и дека такви решенија не можат да се донесуваат со тоа што законот ќе се применува ретроактивно. Целиот случај сега ќе се врати на повторно одлучување.

„Врховниот суд, донел исправна одлука. Јас решението на судот го примив кон крајот на минатиот декември, а веќе на трети овој месец го примив и решението на Министерството за финансии со кое се потврдува дека е уважена жалбата на Владо Димов“, вели правниот застапник на екс-министерот, скопскиот адвокат Панче Нефтенов.

Ако успее да одбегне нов процес, Димов ќе добие повраток на средства во висина од околу 490.000 евра, колку што на име неплатен данок му беа запленети од државата, а може да се надева и на повраток на „лавовски“ дел од оние 150.000 евра колку што Управата за јавни приходи успеа да заплени по пат на адмистративно извршување.

Дали УЈП ќе ги врати земените средства засега е непознато. „Ние немаме примено ништо од судот. Најпрво ќе треба да ја видиме одлуката која што е донесена за да видиме што понатаму ќе се преземе“, вели портпаролката на УЈП, Весна Новаковиќ.

Против Димов во моментов не се водат други судски спорови. Во меѓувреме струмичкиот суд ја повлече и потерницатата која беше распишана по него, поради наводна злоупотреба на службената положба со тоа што вработил 17 лица во Медицинскиот центар во Струмица. Со тоа се тврдеше дека го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони денари.

„До судот во Струмица доставивме адреса, а истражниот судија, преку нашето и министерството за правда на Бугарија, оствари контакт со софискиот суд каде Владо Димов дал исказ во Обвинителството. Тој исказ е примен и врз основа на него е донесено решение со кое се повлекува потерницата по него. За Владо Димов имаше потерница само поради тоа што не дал исказ во судот во Струмица“, вели за „Утрински весник“ неговиот бранител Панче Нефтенов.

И покрај тоа што целата вина на Димов се состоеше во тоа што дозволил вработување на 17 лица и на тој начин ја оштетил државата никој од 2008 година наваму, значи од денот на вработувањето на овие лица, не го оспорил нивното право и тие се' уште се на своите работни места.

Случајот на Владо Димов во изминативе години повеќе пати беше злоупотребуван и во политички цели. Неговото име се провлекуваше како синоним за човек кој со своето работење и функцијата која што ја вршел сторил злоупотреба на државни пари и затајувал данок. Димов, независно од обвинувањата, најпрво замина на времена работа во Турција, а по некое време тој се пресели во соседна Бугарија, каде како хирург работи во софиската болница „Токуда“.

Последниот „скандал“ кој се поврза со негово име се случи кон крајот на август 2009 година кога постапувајќи по потерницата, која беше активирана за него, беше приведен на аеродромот во Варшава.

„Ние не можевме да ги доставиме доказите со кои располагаме, бидејќи за Димов не беше одреден екстрадициски притвор. Доколку тој беше притворен тогаш ќе испратевме се', вака тој сега останува на слобода. Можам да кажам дека потерницата за него и натаму останува на сила“, изјави тогашниот министер за правда Михајло Маневски и најави дека Министерството за правда ќе постапува и во иднина. Тој, исто така реагираше на бугарското државјанство кое што го имал Димов, а како „лајт-мотив“ на целиот случај се надоврза и кажувањето дека како гарант за Димов бил бугарскиот конзул во Варшава.

Враќањето на Димов во земјава, ако се случи, ќе заскокотка многу врвни политички личности, а исто така може да внесе и немир во опозициските редови, со оглед дека тој во времето на владата на СДСМ на чело со Бучковски беше една од топ личностите во извршната власт и дел од кликата на тогашниот премиер.

Тодоров беше во „Токуда“, но не се сретнал со Димов

Министерот за здравство Никола Тодоров при еднодневната посета на Бугарија пред две недели, бил во приватната јапонска болница „Токуда“ во Софија, каде што веќе неколку години работи Владо Димов. Но, до средбата меѓу двајцата не дошло.

Од Министерството за здравство велат дека ни официјално, ни неформално Тодоров не се видел со Димов, бидејќи министерот имал само средба со директорот на „Токуда“, д-р Дренски. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 2071 пати.

Испрати коментар



Кој е Џејмс Бериша, „летачкиот Албанец“?
Клеветата, најпосле, декриминализирана
Прво ратификација, па екстрадиција на осомничените
Аиво Орав од четврток во Скопје
Кој е грчкиот пријател на Метју Нимиц?



Stavros666, 25.02.2012 02:26:13
E drag Stavritis vreme za tebe pomina,sega ide vremeto na drugite.Tie drugite Stavritis ne se ni tvoi ni moi tie se NIVNI,tie ke ni e*** mater ovie sto doagaat po nas se DEMOTI ovi se deca na Gavolot e tie ke ti go pokazat patot star prijatele!!!Ali tie se spasot za nas tie ke ne procistat od KRIMINALOT so go napravivme!!!
analiticar, 25.02.2012 06:28:14
ovaj dimov ima tolku pari kako da e od KATAR,dane slucajno i ovaj preminuva vo dpmne,ili kriminalci od site partii pomagajta SI.,narodot ke pokrie se sto ke ukrademe.
Agent 007, 25.02.2012 08:21:22
Ako toj covek bide osloboden od negovite davacki sto gi ima na drzavata ,togas zbogum drzavo. Samo taka prodolzite .
veles, 25.02.2012 09:01:19
Znaci vrhovniot sud odlucil deka e prav diomv i sega pak se vraka sudenjeteo na pocetok.Vo sekoja seriozna zemja odlukata na vrhovniot sud e posledna ama ocigledno vo MK se odi obratno.
Davor, 25.02.2012 09:05:29
УЈП прави се по нарачка. Знае и потрошувачки кредит земен од банка да го смета за приход и да го оданочи, ако со тоа се задоволи некој хир на некого од високата власт. Така и Димов нека не се потпира многу на верувањето дека нешто значајно се променило во судството и во УЈП. Тоа се класични дерикожи по нарачка...
od ostrijot, 25.02.2012 09:19:03
neznam zosto se tuzite koga site imate isti naviki a toa e tugeto go sakam a svojeto nego davam.
Vancho Strumica, 25.02.2012 14:15:42
Branko e kriv??????????
bezanec, 25.02.2012 21:31:21
Вие од вмро колку луѓе вработивте,како ваши гласачки војници,засрамете се. А т и Сравревски ако беше толку способен не се вракаше во Македонија да ја донесеш до работ на пропаста. Никој не бега од медот да се удави во г.......

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 32°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Среда
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (14)
Африканската турнеја - Конфликтот помеѓу Тито и Миќуновиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Бро�� - Титова совладетелка“
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |