Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
01.07.2012, 15:48

Кисела Вода го прослави 57. роденден

Со свечена седница, ��зведби на песни, доделување плакета и одржување на неколку културни и хуманитарни настани Општина Кисела Вода го одбележа својот 57. роденден. Свечениот собир на административците од најстарата, а своевремено и најголема скопска општина помина во друштво на поранешни и сегашни претседатели, советници, претставници на бизнис-заедницата и луѓе од локалните градинки и училишта.

Градоначалникот на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, потенцираше дека општината била формирана пред точно 57 години со Законот за подрачјата на околиите и општините во тогашната Народна Република Македонија.

„Работевме многу, но работевме под земја. Можеби многу не се рекламиравме, но ги решававме проблемите на граѓаните, оние основни, елементарни потреби за вода, канализација, нова улица, ново улично осветлување. Можеби не ги решивме сите проблеми, но она што е најважно е дека никогаш не ги излажавме граѓаните“, смета Ѓорчев.

Во духот на прославата во паркот „Фредерик Шопен” здружението на пензионери ја организираше хуманитарната манифестација „Коријада 2012”. Пензионерите подготвија песни, рецитали и фолклорни настапи, а Активот на жени на здружението - тестенини. Меѓувремено, во рамките на културно лето „Три Круши 2012“ се одржа концерт на Владо Јаневски, а во населбата Драчево се организираа бесплатни лекарски прегледи. (Б.Ш.)


Статијата е прочитана 161 пати.

Испрати коментар



„Сектор 909“ организира журка за помош на ЗОО
Прав и пепел крај Стара железничка станица

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 25°C

Ведро

Петок
Локални грмотевици
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 22°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...
(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |