Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Магазин Дипломатски магазин
Економија
15.04.2010, 18:18

Борба за фотелји, место за работнички права

Во ССМ не знаат каде ќе седне Живко Митревски, доколку Министерството за труд му ја озакони функцијата претседател

Маја Томиќ

Што ќе се случи доколку завчера прогласениот в.д. претседател на ССМ, Живко Митревски, деновиве ја регистрира оваа функција во Министерството за труд и социјала и со документот в рака дојде во ССМ и побара да седне во фотелјата на Ванчо Муратовски? Ако тоа биде сторено на насилен начин, како во тој случај би постапил сегашниот претседател? Во ССМ вчера немаа одговор на ова прашање, квалификувајќи го за теоретско и законски нереално и тврдејќи дека до такво нешто не може да дојде. Бидејќи регистрацијата на новиот претседател од страна на МТСП би била сосема надвор од Статутот на ССМ како и дека целосната документација за изборот на Муратовски на последниот 17. конгрес, со сите придружни документи, е валидна и одамна потврдена во ова Министерство.

Тоа, пак, е спротивно на тврдењата на Живко Митревски, кој завчера рече дека со мнозинство гласови од Советот на ССМ, тој е избран за в.д. претседател на Синдикатот, на затворената седница за новинарите. Според него, работата е завршена и Муратовски веќе не е претседател, а документите за регистрација на Митревски за прв човек на ССМ се веќе однесени во МТСП и во процедура е неговото именување.

Доколку се точни неофицијалните тврдења дека власта преку Митревски има цел да го тргне Муратовски и да постави свој човек на главната позиција во ССМ, многу веројатно дека ќе се заобиколат правните и законските процедури и целта ќе биде постигната. Муратовски во неколку наврати и самиот изјави дека не Митревски туку власта стои зад оваа последна иницијатива за негова смена. Сепак, не може да не се постави прашањето, ако и' успева на власта да го разбие ССМ, тоа значи дека тој не е доволно силен да излезе на крај со внатрешната борба и со несогласувања меѓу претседателите на гранковите синдикати, што уште повеќе ќе ја намали довербата кај работниците во ефикасноста на Синдикатот.

На вчерашната прес-конференција во ССМ претседателот на статутарната комисија Валентин Зафиров стручно го објасни делот околу постапката што мора да се спроведе во ССМ доколку се сака смена на претседателот. Тој рече дека ако постои интерес од гранските синдикати за смена на претседателот, тогаш тие треба да ги достават до статутарната комисија сите барања за поведување постапка. А, тоа не е сторено пред Митревски и другите претседатели на гранкови синдикати да ја свикаат седницата на Советот и да донесат одлука за негово именување. Бидејќи нема никакви други документи по кои комисијата би постапувала, според Зафиров, за официјален претседател останува оној што е избран на последниот конгрес.

„За појаснување, постапката за именување в.д. претседател на ССМ е следната: во периодот меѓу два конгреса, како што е сега, доколку по која било основа функцијата претседател на ССМ се испразни, со одлука на Советот, за период од два месеца, се именува вршител на должноста од членовите на претседателството. Во тој период се свикува вонреден конгрес на кој се избира претседател на ССМ. Како и да е, претседателот се избира само на конгрес, редовен или вонреден, и тоа во период што дава доволно време за негова организација. Оваа функција може да се испразни во случај на оставка, од здравствени причини или од смрт“, појасни Зафиров.

Завчера претседателите на 11 гранкови синдикати и 40 членa на Советот, од вкупно 64, донесоа одлука за смена на Муратовски затоа што дошле до фалсификувани документи од 17. конгрес што го прават неговиот избор нелегитимен. По состанокот Митревски изјави дека барањето за негова смена е и поради нетранспарентното финансиско работење во ССМ, неактивноста на Синдикатот и немањето социјален дијалог со партнерите.

И така, место да се борат за работничките права што се топат се' повеќе со секоја измена на Законот за работни односи, и тоа речиси по двапати во годината, синдикалците ја почнаа борбата за фотелја. Без оглед на незадоволството на синдикатите од тоа како Муратовски досега го води Синдикатот, како што тврди Митревски, сега најмалку е момент за такво нешто. И тоа токму две седмици пред првомајскиот празник, кога најмногу треба да се покаже единството на Синдикатот. Едно е сигурно, дека на власта особено и' одговара вриењето во ССМ што може лесно да го разедини, по вторпат, еднаш тоа се случи со истапувањето на Дојчин Цветановски. Потоа таа уште полесно ќе може да ги крои економските закони и да ги намалува до крај работничките права.


Статијата е прочитана 1336 пати.

Испрати коментар



Сиромаштијата не може да се намали за една година
Падот на кредитирањето ги преполови профитите на банките
Македонија и Албанија имаат капацитет за поголема бизнис-соработка



Mite, 16.04.2010 07:09:00
Trgnete go ednsah ovoj mafijash i onoj od FFM...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Вторник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 15°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Астронаутите од екипажот на Меѓународната вселенска станица во орбитата работеа речиси 125 деноноќија...
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Магазин | Дипломатски магазин |