Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
11.04.2012, 17:09

Сменетиот директор на „Идризово“ негира поврзаност со „Детонатор“

Пред два дена, СДСМ го обвини Тони Јакимовски дека бил поврзан со криминалот во Македонска Каменица

Горан Адамовски



По само шест месеци на директорската функција во „Идризово“, сменет е првиот човек на најголемиот затвор во земјава. Смената на Тони Јакимовски се совпадна со завчерашните сомневања на опозицискиот СДСМ дека тој е вмешан во криминал во Македонска Каменица, односно со уапсените во акцијата „Детонатор“. Тој, пак, категорично демантира поврзаност со нечист бизнис, уверувајќи дека единствена причина за неговата смена е тоа што му истекол мандатот. Од Владата не ги коментираа причините за смената. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека немало докази за евентуална вмешаност на Јакимовски во „Детонатор“. На негово место, привремено е назначен битолчанецот Живко Пејковски.

„Мандатот ми траеше половина година, истече на 4 април и тоа е единствената вистина. Мислам дека одлично ја одработив задачата. Зошто не ми е продолжен мандатот, не знам. Тоа е одлука на Владата и мора да се почитува“, ни изјави Јакимовски.

СДСМ обвини дека во акцијата „Детонатор“ биле приведени само извршителите, а не и налогодавците. Според нив, изминативе денови акцијата се свела на „апсење“ на машини, а јавноста не добива одговор за политичката одговорност на институциите, кои знаеле или морале да знаат дека овој криминал функционира подолго време.

„Дополнително, се' поизразени се информациите во јавноста дека, всушност, покер-апаратите се најдени во објекти, илегални казина на високи функционери на ДПМНЕ, за што говорат и овие фотографии од Македонска Каменица, каде што постојат индикации дека е замешан дури и директорот на затворот“, рече потпретседателот Гордан Георгиев.

Јакимовски демантира. Тврди дека нема никаква врска со нелегалниот бизнис и оти токму тој секогаш соработувал со институциите за расчистување на криминалот.

„Немам моќно семејство, ниту знам како се игра. Единствено поврзаност е што во една од обложувалниците работеа деца на мои пријатели, но каква врска имам јас со тоа? Станува збор за политички инсценирани обвинувања“, вели Јакимовски за „Утрински весник“.

Од Владата вчера не сакаа да ги коментираат причините за смената на првиот човек на затворот кај Скопје. „За в.д. директор на затворот е поставен Живко Пејковски“, кусо ни рече портпаролот Мартин Мартиновски.

По именувањето за директор на „Идризово“ пред шест месеци, Јакимовски амбициозно воведе нови мерки во затворот, што предизвика револт и бунт кај осудениците во затвореното одделение.

„Нема да попуштам, ќе работам во согласност со законот. Не може некој да биде обесправен, а друг да користи поволности на негова сметка. Сите затвореници ќе бидат ставени под ист аршин. Не може за некого да бидеме мајка, а за друг маќеа“, изјави тогаш Јакимовски.

Тој сега вели дека ќе чека матичната партија да одреди кое ќе биде неговото ново работно место. Во затворот „Идризово“ доаѓа поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Живко Пејковски (49). Во неговата автобиографија што може да се прочита на сајтот на Собранието, е наведено дека дипломирал на Ветеринарен факултет. Бил член на повеќе собраниски комисии, меѓу кои и Комисијата за надзор при спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на МВР и од Министерството за одбрана.

Од Владата вчера соопштија дека има промена и во фотелјата на кумановскиот затвор, каде што за в.д. директор е поставена Соња Цветковска.


Статијата е прочитана 462 пати.

Испрати коментар



Анкета - Име што заслужува почит
ВМРО-ДПМНЕ се' уште му врти грб на Глигоров
Фатмир Бесими на средба со Филип Рикер
Владата се премисли, го тргна Симеон Радев од зградата на МНР
Љупчо го избркал Илија?
Левот, денарот и грчката драхма се пријатели?
„Македонија пат“ на улица пред Влада



Трпе, 12.04.2012 11:24:34
Овој детонатор на крај ке излезе дека била само обична петарда за заплашување на кроткиот народ.А криминалот со благослов на владата ке продолжи во континиутет.А кого ке лекува овој ветеринарот во Идризово.Дали кај нас се е испревртено.Животните поголема заштита од човекот а во Идризово,затворениците ке бидат третирани како животните порано.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 21°C

Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Преглед на освојувачи на медали - 5.ден
По петтиот натпреварувачки ден 49 држави имаат освоено медали...
Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со невероја...
Литванка Меилутите стана олимписка шампионка
Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47...
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |