Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
29.06.2012, 17:55

Груевски: „Едно развеселено лице и еден тажен човек“

„Прегратката“ меѓу Црвенковски и Груевски беше пиштолот што го означи стартот на една жестока кампања за оцрнување на противникот.

Премиерот Никола Груевски вчера најавеното сојузништво го оцени како една слика илјада збора. „Погледнете ја сликата и не знам дали има нешто да се коментира. Јас утрово погледнав една слика во еден дневен весник каде што се сликале заедно, очигледно тоа била специјална фотосесија во која гледаме едно поразвеселено лице и еден тажен човек. Кај развеселениот има некоја надеж дека ова ќе го врати во политиката, бидејќи е исфрлен пред повеќе години. Тажниот мислам дека на некој начин е свесен оти ова нема да му помогне да не ја заврши катастрофално својата кариера иако прави очајнички обид да го спречи тоа“, изјави Груевски

Од Прилеп, пак, вицепремиерот Зоран Ставревски порача дека со средбата меѓу Црвенковски и Георгиевски почнува падот на една политика што тие ја застапувале во изминатите 20 години.

„Се случи промовирање на една природна коалиција, помеѓу двајца кои имаат исти вредности и ист морал. И не е ни чудо што никој посебно не се изненади од вчерашниот настан. Тие двајца природно си припаѓаат еден со друг. Убедени сме дека нема човек во државава на кого од оваа коалиција не му се превртува стомакот“, вели Ставревски.

На Ставревски промптно му вратија од ВМРО-Народна: „Кога сме кај превртување на цревата, благодарение на овој човек на најголемиот дел од народот му се превртуваат цревата од глад. Токму тој Ставревски во време на владеењето на СДСМ, од осамостојувањето па до 1998 година, односно два мандата, беше помошник на министерот за финансии. И по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, Зоран Ставревски остана на функцијата помошник-министер за финансии“, потсетија од ВМРО-НП.

Приказна за цревата Црвенковски ја зачини со изгорени ќесиња: „Ставревски нека го праша кумот Груевски зошто четири години седеше во неговата влада како млада невеста и зошто потпишуваше се' што ќе му кажеа и за приватизациите, и за стечаите и за отпуштените работници. Мојата препорака до нив, до кумот Груевски и до кумашинот Ставревски е ’со вас куме на власт, на граѓаните им изгоре ќесето’“, поентираше Црвенковски.

Ваквите препукувања, навистина, се' уште ја немаат силата да му ја одземат историската димензија на дуелот меѓу Црвенковски и Георгиевски спроти претседателските избори 1999 година, кој ја остави без здив јавноста и ја означи кулминацијата на затегнатите односи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. (Н.К.)


Статијата е прочитана 599 пати.

Испрати коментар



Колку можат да бидат искрени еден кон друг Црвенковски и Георгиевски
Попоски
Клеветата наскоро пред пратениците
Сите членки на ЕУ се одговорни за Македонија
Опозицијата му го расипа мирот на Вељаноски
Интервју - Опозицијата ма��ипулира со Законот за вработување
Грците ги криеле посредниците во поткупот на „Маѓар телеком“



jovan, 30.06.2012 00:22:05
Prerano e Gruevski, a i bilo koj, da dava prognozi koj e vesel, koj tazen, koj se nad na povratok, a koj na spas, bidejki mnogu lesno moze da mu se sluci na kraj da se rasplaka. Kako i da e, na nas obicnite gragani ni e zagarantirana *zabava* se do lok.izbori. Na politickava scena doprva ke gledame avanturi, trileri, komedii, tragedii. Kakov ke bide krajot, ke vidime. No za nekogo ke bide tragedija.
pile, 30.06.2012 15:20:43
Sekoj onoj koj bi oddel po rezonot na aktuelniot Premier ako pozicijata i ovlastuvanjeto gi ima svateno, na tekstot bi se nadovrzal deka na sredbata nedostasuva humoristicen lider koj bi go nadopolnil ambientot dokolku pravime teatar za gragjanite.A ako sme seriozni politicari ke se svrti zad sebe i ke pogledne deka skoro seta politicka elita koja e na vlast pa i od DUI proizleze od politickite skoli na ovie dvaica lideri koi vo odreden istoriski moment dadoa svoj doprinos, koj poveke ili pomalku pozitiven ili negativen doprinos za Republika Makedonija.Mozje sekoj na kogo mu e dovereno da ja vodi Drzjavata da kazjuva anegdoti prikaski, no nekoj treba da ja vrsi rabotata no ne bilo kako tuku ispravno i spored Ustavot i Zakonite.Nekoj neodamna preporaca,Gruevski neli ti bese dosta....
Ванчо, 01.07.2012 00:20:50
Од позиција и од опозиција сите сте биле родбина??Сакам и јас да бидам кум или кумашин. Ве молаааам....
Трпе, 01.07.2012 00:29:24
Само во РМ власта се замара со опозицијата.Власта мандатот го има добиено да работи во интерес на народот.Задачата на опозицијата е да ги бара грешките на власта за да и ја одземе власта.Но власта со недостаток на идеи за придвижување на земјата напред и подобрување на квалитетот на животот на обичниот граганин, гледа во тугиот двор и се замара со опозицијата.Груевски треба да прочита историја зошто се имат здружено Черчил и Сталин.Сигурно од лубов не.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 19°C

Вторник
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 23°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |