Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
29.06.2012, 17:47

Опозицијата му го расипа мирот на Вељаноски

Претседателот на Собранието се жали на поплава од закони поднесени од опозициските пратеници. Тие пак, тврдат дека тоа е во интерес на граѓаните

Даниела Трпчевска


Опозицијата не доаѓа на координација, но предизвика поплава од закони, со кои се троши времето, но и финасиските средства со кои кубури собранискиот Буџет, се пожали вчера шефот на парламентот Трајко Вељаноски. Собранието, тврди тој, екстензивно работи, се трошат ресурсите, но и пратениците се исцрпено со постојаните расправи и седници.

„Не доаѓаат на координација, а законите во меѓувреме поминуваат. Многу работиме, но тоа е наметнато и од страна на опозицијата, со едно стампедо на закони кои се поднесуваат. Имаме над 40 закони од опозицијата кои се поднесени и е расправано по нив. Трошиме време, ресурси, но и финасиски средства, а некои од пратениците поднесуваат исти закони по неколку пати. Повеќе ќе се истрошиме како пратеници и се трошат финансиски средства, кои во услови на криза влијаат и врз работењето на Собранието“, вели Вељаноски.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски предлагањето закони е уставно и политичко право, а најмногу е обврска кон граѓаните кога станува збор за заштита на нивните интереси. „Ние тоа го правиме и ќе го правиме и понатаму и целосно ќе ја исполнуваме нашаат должност кон граѓаните и државата“, додава тој.

Како резултат на зголемата активност на парламентот, според првиот човек на законодавниот дом, се таложат и долговите и кон надворешните служби, но и кон самите пратеници, на кои се порешко ќе им се исплаќаат патните трошоци.

Покрај долговите кон владината Служба за заеднички работи, согласно динамиката на Буџетот, Собранието создава долгови и кон пратениците. „Лани им должевме за четири месеци исплата на патните трошоци. Од почетокот на годинава се исплатени речиси сите патни трошоци. Но, со ребалансот на Буџетот, се намалени средствата за собраниските трошоци. Можно е со зголемата динамика на работа, дури и до осум месеци да доцни исплатата на трошоците за пратениците до крајот на годината“, вели Вељановски.

Но, според опозицијата вината за големите трошоци треба да се лоцира на друго место. „Што се однесува до неразумното и расипничко трошење на пари, вистинската адреса за тоа е Владата, која што покрај тоа што крати од лебот на граѓаните и парите на фирмите, скрати и од Собранието, само за да гради споменици. Бидејќи граѓаните се во голема сиромаштија, Вељаноски требаше да се откаже од градењето на куполите во Собранието или пак да ги прибере неговите 71 пратеници, кои ја поддржуваат Владата, да работат на собраниските места, бидејќи присуствуваат не повеќе од педесетмина“, коментира Игор Ивановски од СДСМ.

Првиот човек на парламентот ја критикува опозицијата дека ги бојкотира договорите за работа. Но, овој пат, според него, не станува збор за класичен бојкот, туку „додека едните ја бојкотираат координацијата, другите доаѓаат на средбите, но постојано бараат паузи, кочејќи ја работата“.

Но, пратеникот на СДСМ Игор Ивановски, пак, тврди дека опозицијата е всушност единствената која што го почитува Собранието како законодавен дом. „Неприсуството на координацијата не е бојкот на Собранието, туку само на Вељаноски, кој избра да биде само обичен партиски војник, а не претседател на најважната институција во државата“, вели Ивановски.

Покрај застојот во координацијата, во Собранието не може да помине ниту етичкиот кодекс за пратениците, кој го предложи Вељаноски, но не може да биде усвоен додека не се усогласи со сите пратенички групи.

„По две–три работни средби има шанса да се донесе“, оптимист е Вељановски. Во однос на шпекулациите дека има проблеми со исплатата на средства за фирмите подизведувачи кои работат на изградба на новите собраниски куполи, Вељаноски вели дека нема такви сознанија. Сите фактури околу изградбата на собраниските куполи се исплатени на фирмата која е задолжена за тоа, додава тој. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 1964 пати.

Испрати коментар



Груевски
Колку можат да бидат искрени еден кон друг Црвенковски и Георгиевски
Попоски
Клеветата наскоро пред пратениците
Сите членки на ЕУ се одговорни за Македонија
Интервју - Опозицијата манипулира со Законот за вработување
Грците ги криеле посредниците во поткупот на „Маѓар телеком“



Shema, 30.06.2012 12:15:53
Abe ovie ne rabotele nego spiele 24/7, pa im sega teshko padja.
пензионер, 30.06.2012 19:40:37
Најмногу ме нервира и изгледа многу невкусно кога си реплицираат меѓусебно пратеници од иста партија. Кој може да ги гледа до полноќ? За предлозите од опозицијата, мислам дека тоа го прават само за да се промовираат тие самите, додека ние граѓаните немаме ама баш никакво фајде од тоа. Навистина претеруваат со повторување на едно исто по сто пати. Само џабе ни ги трошат парите.
Трпе, 01.07.2012 00:33:51
Сигурно спикерот не е навикнат на ваква тешка работа.Човекот сака за 15 минути да се гласат по 15 закони.Е тогаш братко нема квалитет на законите и од уставниот суд ке ви бидат поништувани.Задачата на опозицијата е да се докаже пред народот и да ви ја земе власта на овие кои ви тежи седење во фотеља.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Вторник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 15°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Астронаутите од екипажот на Меѓународната вселенска станица во орбитата работеа речиси 125 деноноќија...
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |