Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Свет
06.05.2012, 18:06

Како криминалците ги добиваат прекарите?

Најинтелигентниот и најобразован член на Земунскиот клан имаше прекар Будала, бидејќи изгубил време во учење

Ранец, Будала, Аркан, Легија, Лопата, Жилет, Намрштен - се само некои од различните прекари на криминалците во Србија. Од социјално-патолошки аспект, според криминологот Златко Николиќ, прекарите се многу важна работа.

„Прекарот на криминалецот му го менува името и презимето. Најчесто тој се добива во основно училиште, се стабилизира во тинејџерството и потоа останува цел живот. Тој е сликата на неговиот карактер. Ако за некого кажете мајмун или змија, тогаш не мора да го видите, знаете каков тип на човек е. Обично тоа е уличарски жаргон и речник, па по прекарот криминалците можат да станат препознатливи низ целиот град, па дури и земјата. Ние, кои се занимаваме со криминологија, од прекарите извлекуваме многубројни заклучоци и описот го ставаме во психолошките досиеја на таа личност “, вели Златко Николиќ.

Прекарите се многу важни и за безбедносни структури кои ги бележат во кривичните фајлови.

„Се случува понекогаш, на пример, полициските инспектори да дознаат дека некој со одреден прекар ограбил одредена станица, и да го имаат само тоа како податок. Прекарот е замена за името и презимето и тоа не е така само кај српската мафија, но, исто така, кај италијанската, албанската и други“, вели Николиќ. Познато е дека Жељко Ражњатовиќ беше нарекуван Аркан, но само во полициските документи остана забележан неговиот прекар Хибрид. Милорад Улемек-Легија не сакаше да го викаат Цема, како што го нарекуваа другарите од Нов Белград бидејќи подигал тегови полни со цемент. Не го сакал ни прекарот Цуца, како што го нарекувале девојките, но ни Болид, како што го нарекуваа постарите пријатели.

„Сите мислат дека Жељко Миловановиќ прекарите Летач или Ветер ги добил кога избегал од суд. Меѓутоа, полицијата знае дека така го нарекуваат бидејќи од Нови Сад довезол моторен змај од кој мокрел на припадниците на УНПРОФОР. Најпрво сите мислеа дека се работи само за хоби, но подоцна испадна дека Миловановиќ го користел леталото за да ги надгледува украдените автомобили кои беа внесувани во Хрватска.

Душан Кнежевиќ-Буцо Ал Капоне, пак, поминуваше доста време во Мостар, околу киното „Зеленгора“, каде што продаваше млеко и се шверцуваше во салата за да гледа филмови за Ал Капоне. Жељко Ражњатовиќ-Аркан прекарот го добил по јунакот на својот омилен цртан филм волшебникот Арканус, а во детството го нарекуваа Хибрид. Миле Ѓорѓевиќ, наречен Бомбона, прекарот го добил поради ќесето со бомбони што постојано го имал со себе. Ѓорѓе Божовиќ-Дебел е нарекуван така од детството поради вишокот килограми, а Горан Вуковиќ-Мајмун бидејќи може да се искачи на надворешна страна на втор кат на зграда. Најинтересен е примерот со Владимир Милисављевиќ-Будала, кој го добил прекарот бидејќи бил единствениот што завршил факултет во кланот, па останатите го исмејувале дека бил будала, иако зборувал неколку странски јазици.

Душан Спасојевиќ-Шиптар тргувал со лекови со Албанците од Косово, а Миладин Сивајџиќ-Мутавиот го добил прекарот бидејќи никогаш не зборувал и многумина мислеле дека е нем. Дејан Миленковиќ стана Багзи според еден од најголемите американски гангстери од времето на прохибицијата, склон кон насилство и брутални убиства. (Б92)


Статијата е прочитана 5599 пати.

Испрати коментар



Господин нормален во Елисејската палата
Гневните Грци казнуваа на изборите
Цела Србија на реизбор
Што пишуваат весниците во светот



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Фотографии - Полна месечина
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 32°C

Ведро

Понеделник
Локални грмотевици со дожд
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |