СП Ракомет
Франција против Данска во финалето
29.01.2011, 11:03
Репрезентациите на Франција и на Данска ќе играат во недела во финалето на Светското првенство што се одржува во Шведска. Во првото полуфинале синоќа во Малме светскиот првак Франција ја совлада селекцијата на домаќинот Шведска со 29:26.
Во второто полуфинале во Кристијанстад, Данска забележа победа против Шпанија со 28:24 и со максимален учинок - победи на сите натпревари избори пласман во финалето.
Поразените репрезентации (Шведска и Шпанија) од полуфиналето, во недела од 14:30 часот ќе играат во натпреварот за 3.место. Последниот натпревар финалето меѓу Франција и Данска почнува во 17 часот.
Во натпреварот за 5.место синоќа Хрватска го победи Исланд со 34:33, додека во дуелот за 7.место Унгарија ја совлада Полска со 31:28.
Светскиот првак ќе обезбеди директен пласман на Олимписките игри во Лондон 2012 година, додека репрезентациите пласирани од второто до седмото место ќе играат во квалификациите за Олимписките Игри.
|