МВР
Јанкуловска на средба со Дачиќ
29.01.2011, 10:56
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска ќе го прими својот српски колега, Ивица Дачиќ, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
По полчасовната тет а тет средба меѓу двајцата министри ќе се одржи и средба во поширок состав меѓу челниците на двата ресора.Прес-конференцијата на двајцата министри Јанкулоска и Дачиќ е закажана за во 12:15 часот.
Министерот за внатрешни работи, Дачиќ беше во посета на Македонија во септември минатата година. Тогаш двајцата министри ја разгледаа иницијативата граѓаните од Македонија и Србија да можат да ја преминуваат границата со лична карта.
|