Број 3492  петок, 28 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Едиторијал

Магија за преживување

Маја Томиќ

Кога се парите во прашање, не може да се измери просечната македонска издржливост. И самите често се прашуваме како успеваме да преживееме од први до први, со оние пари, таканаречени - плата. Зборуваме за тие со просечни примања од 310 евра. Ги земаме на почеток на месецот и ги нема за неколку дена откако ќе се платат сметките, ќе се наполни колку-толку фрижидерот со храна и некои други продукти и ќе се платат некои други трошоци, далеку од луксузни, а кои го чинат секојдневниот живот. Платите, статистички, благо растат, но затоа цените на многу стоки и неколку пати месечно одат нагоре. Се' поскапи и има најави дека уште ќе поскапува, парното, бензинот, лебот, маслото, месото, зеленчукот...

Така, речиси сите се смешкаме кога ќе слушнеме дека статистиката пресметала оти ланската инфлација била 3 отсто. Ма, какви три отсто, ако не е и триесет, ќе искоментираат многумина, и оние што се без работа, но и оние што имаат плата, а редовно земаат банкарски кредити за да го закрпат месецот. Што им преостанува друго ако се знае дека над 80 отсто од платата оди за основните трошоци, храната, пијалаците, домувањето, сметките, сообраќајот...

Ако не е за верба статистиката, која прави пресметки на животните трошоци според утврдени методи, сега можеме да и' веруваме на новата математика што ја промовира Центарот за економски анализи и со која можеме самите да си пресметаме колкава ни е личната инфлација. На калкулаторот ќе си ја ставите висината на платата, ќе ги ставите сумите на месечните трошоци и кога ќе стиснете - клик, ќе видите чудо. Сте потрошиле двојно повеќе отколку што сте имале за трошење. Или, пак, тоа и нема да ве изненади. Но, овој пат ќе се прикаже и процентот на вашата лична инфлација, која, исто така, нема да ве зачуди многу. Знаете дека ја имате и отсекогаш живеете со неа. Само сега ќе го дознаете точниот износ.

Добиените податоци од лицата што го употребиле калкулаторот на Центарот за да си ја пресметаат својата лична инфлација покажале дека живеат со поголема инфлација оние луѓе што работат и имаат солидни плати од околу 40 илјади денари. Затоа што тие и повеќе трошат, па при постојан раст на цените, имаат и раст на личната инфлација. Што да кажат оние што се без работа или студираат? Кај нив е измерена најмала инфлацијата. Тие немаат средства за живот, па оттаму, малку трошат и можат да се откажат од купување некои производи како и од користење услуги.

Социолозите, економистите, аналитичарите, статистичарите често не' потсетуваат дека во државава се живее лошо, дека секој трет е сиромашен, се отвораат народни кујни, голем е бројот на невработените, младите тешко наоѓаат работа, социјални семејства има околу 50.000, а иако постојано се чистат (намалуваат) списоците, доаѓаат некои нови и нови лица што немаат од што да живеат и чекаат од државата да им даде некоја трошка пари, таканаречена социјална помош.

Бројките што го покажуваат животот на голем број Македонци изгледа дека не значат ништо за власта, освен она што се - бројки. Бидејќи таа се занимава најмногу со политичките работи. Надлежните не спомнуваат за бедата во која тонат граѓаните и не кажуваат каде е спасот од економскиот колапс во кој пропаѓаме. Со ваков игнорантски однос на власта кон социјалните состојби, тешко дека некогаш ќе имаме шанси да му се приближиме на европскиот стандард, според кој, потрошувачката кошничка зафаќа 30 отсто од просечната плата.


#
Статијата е прочитана 1030 пати.

Испрати коментар

Од: Пишувајте за криминалците во ВМРО!
Датум: 28.01.2011 13:32:40
Џабе пишувате за социјалата. ВМРО-ДПМНЕ нема да падне од сиромаштијата, туку од криминалот. Прво против ВМРО ќе се завртат нивните членови разочарани од криминалите што ги прават нивните директори, координартори и градоначалници.
Од: pepi
Датум: 28.01.2011 15:02:35
tesko deka ke uspeeme da preziveeme, samo se zalazuvame sekoj den do koga ne znam. ne donesoa na rabot na siromastijata.SRAMOTA

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Расте популарноста на весниците
„Тиквеш“ го подмлади изгледот на традиционалните вина
Нови жртви од грип
Македонците во Албанија извисија за пописот
Да се викаме Кодошистан
Пехчево и Конче се опарија од Русите
Првите пет украински автобуси стасаа во Скопје
Се краде се' што е вредно од железницата
Прво дете со Енрике Иглесијас
„Иди, иди несанице!“
Сопственикот на ТВ Пинк тврди дека е труен
Тунис - Сана - Тирана
Меркел: ќе го браниме еврото
Женска варијанта на Супермен
Дали Обама е роден на Хаваи?
Холанѓанка обесена во Иран
Ѓоковиќ го „исчисти“ Федерер
Франција против Данска во финалето
Јанкуловска на средба со Дачиќ