Број 3492  петок, 28 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Пехчево и Конче се опарија од Русите

„Солвеј“ ги честеше општините со 170.000 евра, како дел од надоместот за концесија

Иван Бојаџиски


ШТИП - Три општини се опарија од Русите. Точно 11,5 милиони денари легнаа на сметките на Пехчево, Конче и на Штип. Ова е дел од концесискиот надомест за геолошки истражување на рудни резерви, кои од февруари ги почнува „Солвеј“ преку своите две нови фирми „Кадиица метал“ и „Боров Дол“.

Руската компанија во Македонија ги поседува рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш и рудникот за олово и цинк „Саса“ кај Македонска Каменица. Пред рокот новите фирми на рускиот инвеститор уплатија 205.000 евра на посебна сметка кај Министерството за економија. Оттука, 78 проценти од парите ќе се префрлат на општинските буџети, а 22 процента остануваат во државната каса што е во согласност со Законот за минерални суровини.

„Ние сме среќни што отвораме нови полиња за истражување и експлоатација на бакарна руда. Овој процес ќе има посебно влијание на развојот на руралните општини Пехчево и Конче“, изјави Николајчо Николов, заменик генерален директор во „Бучим“ и управител на двете нови фирми на „Солвеј“.

Пехчево ќе добие најмногу од концесискиот колач. Во буџетот на оваа пасивна малешевска општина ќе се слее сума од 115.000 евра, Конче ќе инкасира над 32.000 евра, а Штип близу 23.000 евра. Градоначалникот на Пехчево, Јованче Станоевски, вели дека од „Солвеј“ ја примил најубавата новогодишна честитка.

„Овие пари се голема работа за нашата општина, чиј проектиран буџет изнeсува 200 милиони денари. Но, никогаш реално сме немале повеќе од 135 милиони денари. Со осумте милиони од концесискиот надомест ќе завршиме некоја важна работа за жителите од нашата општина. Во очекување сме рудникот во најбрз можен рок да ги заврши истражните геолошки работи и да отвори рудник во месноста Кадиица. Најавата за вработување на околу сто лица е нешто што во годините на транзицијата не сме можеле ниту да го сонуваме“, додава Станоевски.

Правото да истражуваат геолошки на „Кадиица“ кај Пехчево и „Боров Дол“ на локација, која две третини е во Општина Конче, а една третина во Општина Штип, руските фирми го добија на јавен тендер објавен во минатото лето. Обврска на инвеститорот е да ги заврши истражувањата во рок од четири години. Но, можно е целиот процес да не трае подолго од две години.

Отворањето на новиот рудник кај Пехчево значително ќе влијае врз социоекономскиот развој на општината. Рудата од „Боров Дол“ ќе се транспортира до флотацијата на рудникот „Бучим“. Конче и Штип ќе имаат финансиска корист од концесиските надоместоци, кои двете нови фирми ќе мора да ги плаќаат врз база на профитот што ќе го остваруваат рудниците во една деловна година.

„Кадиица метали“ и „Боров Дол“ веќе издвоија 450.000 евра за старт на геолошките истражни работи. Николов тврди дека почнуваат во средината на февруари. „Посветени сме на целта што побргу да завршиме со истрагите и да стартуваме со производство, процес планиран да почне најдоцна пролетта 2014 година“, вели главниот архитект во создавањето нова филозофија во експлоатацијата на бакарна руда во државава.


#
Статијата е прочитана 3548 пати.

Испрати коментар

Од: Кралот Шеба
Датум: 28.01.2011 19:51:48
Очигледно, само Русите нас не поштуваат и чесно си плаќаат, а овие "ЕВРОПЕЈЦИВЕ" нигде ги нема. До кога ќе се даваме бесплатно на Европа, наместо да си се свртиме кон Русија?
Од: devicanecot
Датум: 29.01.2011 10:25:25
А колку пари за концесии плаќаат Грците за Цементара Усје, што копаат земја за цемент, или Мермери Прилеп, за ископаниот Мермер, оти сега не ми е познато кој е газдата на мермерниот комбинат. Се вели дека е некој инвестициски фонд.. Ајде новинари во истражувачко, а не рекла- казала новинарство.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Расте популарноста на весниците
„Тиквеш“ го подмлади изгледот на традиционалните вина
Нови жртви од грип
Македонците во Албанија извисија за пописот
Да се викаме Кодошистан
Првите пет украински автобуси стасаа во Скопје
Магија за преживување
Се краде се' што е вредно од железницата
Прво дете со Енрике Иглесијас
„Иди, иди несанице!“
Сопственикот на ТВ Пинк тврди дека е труен
Тунис - Сана - Тирана
Меркел: ќе го браниме еврото
Женска варијанта на Супермен
Дали Обама е роден на Хаваи?
Холанѓанка обесена во Иран
Ѓоковиќ го „исчисти“ Федерер
Франција против Данска во финалето
Ј��нкуловска на средба со Дачиќ