|
|
|
|
|
|
Си велам
Да се викаме Кодошистан
Ерол Ризаов
Зборот „кодош“ поприми стратегиско значење за иднината
Зборот „кодош“ има две значења на турски јазик. Првото е ситен поткажувач, доушник, недостоен човек, кој прераскажува тоа што го чул, ама притоа и додава лаги онака како што сака да чуе нарачателот. Второто значење е помалку познато во јавноста, а во современиот турски јазик се употребува за човек што си ја подведува сопствената жена за пари. Во македонскиот јазик, пак, зборот „кодош“ поприми стратегиско значење за иднината на земјата. Чистењето на овој шљам, човечки плевел за период од 75 години од 1944 до 2019 година треба да значи просветлување и прочистување на троскотот, кој на оваа плодна почва толку се намножил што кодошењето станало спортска дисциплина број еден без оглед на националната и на верската припадност.
Што мислите, дали е можна примена во практиката на ваков закон во Македонија за период од 75 години? Како ли ќе изгледа ако се обелоденат само половината од сите досегашни кодоши и оние што ќе кодошат во наредните осум години? Таква лустрација може да предизвика толку силна светлина и блесок што може сите да не' оќорави, па да не видиме многу поголеми грешки и трагедии од оние што ги предизвикале поткажувачите, ситните и крупни кодоши во изминатите 67 и што ќе ги направат новите кодоши во наредните осум години. Уште кога почна да се крчка Законот за лустрација, имаше мудри луѓе што предупредија дека законот може да се претвори во моќно оружје за пресметка со политичките противници и со критичарите на власта на кои јавноста се' повеќе им верува. Сигурен сум дека мотивите на Стојан Андов да се донесе Закон за лустрација не биле Македонија да се претвори во јавна судница, во голем амфитеатар во кој ќе гледаме сеир и ќе се насладуваме на тоа како синот си го предал татка си, како сопругата го издала мажот, како кодошите му овозможиле на некого да направи кариера, кој со кого бил, кој против кого бил и многу други непредвидливи бизарности за здравиот разум. Добро е што одиме назад само до 1944 година. Замислете да отидевме до 1903 или малку порано, па да ни стигнат некои документи од архивите во Истанбул, Софија, Белград и Атина, па да мораме да уриваме споменици, кои штотуку ги изградивме или планираме да ги градиме.
Бидете без гајле, ќе нема ништо од тоа. Лустрацијата во Македонија веќе е компромитирана работа. Таа излезе од институциите на системот. А и таа што е во институциите е само еден единствен случај против поранешниот претседател на Уставен суд. Таа лустрација е крајно сомнителна, бидејќи власта јавно го соопштува од поодамна својот анимозитет кон одлуките на Уставниот суд на Македонија. Од најновите најави за промена на законот, можноста за негова растегливост оди дотаму што жртвите од кодошлакот можат да се прикажат за кодоши. Станува јасно дека оваа оваа ујдурма од закон ќе се претвори во политичка пресметка во борбата за освојување на власта.
Многу индикативна е изјавата на премиерот Никола Груевски како тоа Бранко Црвенковски знаел дека припадниците на СДСМ не биле кодоши, туку само припадниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа според алузијата на премиерот Груевски, значи дека комуњарите на Црвенковски ги гледале сите документи и се' што не им се допаѓало избришале. Потоа, според истата аналогија, тоа го направиле и вмровците на Љупчо Георгиевски додека биле на власт. Останале, божем, незаштитени само кодошите на Груевски и оние што си нашле прибежиште во сегашната актуелна власт како што го правеле тоа со сите власти. Во скутот на власта на кодошите им е најсигурно. Затоа и најгласно и најевтино ги нудат своите проверени достигнувања во кодошлакот со сите власти. Значи, во ваква пат ситуација може да се очекува нова тактика на брши-пиши. Сега ќе се бришат кодошлаците на Груевци. А, бидејќи веќе се избришани кодошлаците на Црвековци и на Љубчовци, ќе испадне дека нема кодоши, па ќе мора да се пишуваат нови за нив или да се нарачуваат оригинали од комшиите. За Албанците не треба да се бара ништо, тие сами ќе си ги извадат очите од она што им го даде Доста Димовска и уште толку од она што им го лиферува Белград.
Српските, грчките и бугарските разузнавачи испаднаа толку наивни или толку големи македонски патриоти загрижени за стабилноста на Македонија, човек да се крсти со две раце. Луѓето толку многу ја сакаат Македонија што секој ден фрлаат летки со досиеја по дворовите на заинтересираните политички странки и активисти. Поголема будалија од нашите политички омрази и пресметки за освојување на власта тешко може да се најде. Ќе си ги уништиме сами сите вредности и човечки ресурси во меѓусебната војна за власт. Всушност, сега се одвива најголемиот кодошлак по оној дали си за Тито или Сталин, дали си за Трст или Солун. Предавствата во Македонија типични за целата историја попримаат нова современа интернет-димензија, вистински „Фејсбук“ во живо кога се бришат и се пишуваат нови биографии против луѓе што можат да попречат за освојување на нов мандат. Политичките противници меѓу Македонците веќе не се убиваат по улиците на Софија, Рим, Виена, Белград..., ќе се стрелаат без судење, ќе се испраќаат на Голи Оток, тие се ликвидираат преку Интернет и медиумите што стануваат своевидни линч-казамати и катастри за политички имотни листови. Не знам каде ќе им оди душата на овие монструозни нарачатели, не помалку лоши, од некогашните кодоши и поткажувачи.
Ако во периодот на првата лустрација, која остана нереализирана од 1944 до 1991, беа законски заштитени имињата на нарачателите на кодошлаци и тие што најмногу профитирале од тоа, во вториот период од 1991 до 2019 година нарачателите на кодошењата ќе мора да се соочат со осуда. Таков закон може донекаде да повлијае Македонија повеќе да не се рекламира како земја, рај за кодоши. Дали можете да претпоставите што се' се имаат наслушано Црвнковски, Георгиевски, Груевски како премиери и лидери на опозицијата, нивните министри за внатрешни работи, шефовите за разузнавачките служби во овие 20 години на самостојна и слободна Македонија. Е, тие кодошлаци и тие нарачатели не се за лустрација. Само оние што потпишале соработка со тајните служби. Предлагам да се симне и оваа одредба од законот. Па така се' што бележеле разните агенти и кодоши за да им се додворат на своите шефови и на властите лесно ќе се претвори во фарса кога ќе ги лустрираме место кодошите, нивните жртви. Така најлесно ќе најдеме име и за државата. Да се викаме Кодошистан. |
#
|
Статијата е прочитана 2033 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ivona |
Датум: 28.01.2011 12:50:10 |
|
ideata vi e fantasticna i ptifatliva mislam i od grcija samo da dodademe geografska odrednica GOREN KODOSISTAN,a,mislam i grujo ke go prifati pa kopnecno ke se resi problemot?????? |
|
|
|
|
|
|
Од: кодошам жена, а богами и деца |
Датум: 28.01.2011 14:44:52 |
|
Извонредна идеја: Ја кодошам жена ми и се офајдувам, таа ја кодоши ќерка ни и се офајдува,
ќерката го кодоши брата си се офајдува, братот
го кодоши татка си и се офајдува.И сите среќни и
весели си живееја долго и среќно ( како што е за-
цртано во Преродбата). |
|
|
|
|
|
|
Од: violeta |
Датум: 28.01.2011 16:03:08 |
|
Зборот „кодош“ поприми стратегиско значење за иднината- kon podnaslovot i odlicniot tekst na Rizaov bi dodala samo - i sovrsena ilustracija za primitivizmot i elementarnata nepismenost na toa sto se narekuva prosek na ovoj makedonski milet i makedonskite takanareceni politicki eliti koi politikata ja dozivuvaat kako psihijatriska ordinacija i megdan za bezocen grabez kako kompenzacija za vgradenata "fabricka mana" , vo strucnata literatura klasificirana kako - problem na sopstvena insuficiencija! |
|
|
|
|
|
|
Од: SMK |
Датум: 28.01.2011 18:46:07 |
|
Problem so imeto e nastanal preku multilateralen mehanizam koj ja natera makedonija da koristi nelegalnata referenca i pregovorite, kako uslovi bez koi Makedonija nemozheshe da se zacnleni vo OON. Problemot e multilateralen i od efektite koi se idnesuvaat na fakt deka pri nametnuvanjeto na nelegalnite uslovi, e napraven Ultra-Vires akt (akti) od strana na ON, kako multilateralnata organizacija ! |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 28.01.2011 19:45:11 |
|
Не сум баш сигурен во насловот,некој предвреме истрча и ни објасни на сите да на неговата територија немало кодоши,кодошите да ти биле на територијата на политичкиот опонент.Навикнати сме од вакво нешто оти на сите ние позната прикаската за ,,капата и мувата,,. |
|
|
|
|
|
|
Од: od ostrijot |
Датум: 28.01.2011 20:06:23 |
|
akose veke krstime barem bez geografska pridafka nego samo so ime nikolov kudistan togas i vladata a i komsijit kebidat zadovolni. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mitre od dolnodupeni |
Датум: 28.01.2011 20:18:20 |
|
Ќе останат ли доволно човечки ресурси ако се обзнанат кодошите...или пак тие како мнозинство ќе им пресудат на останатите??? |
|
|
|
|
|
|
Од: kodosistanec |
Датум: 28.01.2011 20:40:39 |
|
Ajde ke gi izbrisat nasite kodosi, ama kako ke gi izbrisat kodosite na sosednite drzavi?
Zarem samo jugoslovenskite bezbednosni sluzbi imaa svoi kodosi?
Sto e so kodosite sto vo Makedonija gi regrutiraa grckata, bugarskata i albanskata UDBA?
Ili mozebi ke cekame grcite da donesat zakon za lustracija i da gi objavat iminjata na kodosite vo Makedonija koi gi sproveduvaa nivnite scenarija za nase oddalecuvanje od evro-atlantskite integracii?!?!?! |
|
|
|
|
|
|
Од: ?! |
Датум: 28.01.2011 21:16:40 |
|
Erole , me razocara. Edna od poslabite tvoi kolumni.Dali ti nedostasuvaat idei i inspiracii, ili vo prasanje e nesto drugo? |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 29.01.2011 00:21:49 |
|
Mnogu intereesno vlasta golema i mala(direktorcinja) velat ne moze da se vladee bez kodosi,i navistina site onie poltroncinja golemi i mali za da se ofajdat od vlasta napagjaat odnosno terminoloski kodosat,a posledicite se poznati. |
|
|
|
|
|
|
Од: Karokan |
Датум: 29.01.2011 02:11:36 |
|
Eve ti tema za debatiranje,g-dine Felix,ako ti dozvoli g-dinot potomok na Aleksandrovite vojvodi!!!!!!!!!!
Mi se cini deka imabme po nekoj komentar okolu toa i voglavno go iznesov moeto mislenje koe nitu za gram ne se razlikuva od iznesenite viduvanja na avtorot na tekstot.
Odnapred znam za sto ce se fatis!!! Ce se fatis za izjavata na liderot na opozicijata.
Ne sum siguren deka vo negovoto opkruzuvanje nema il "nemalo" kodosi,no epten sum siguren deka na drugata strana ima "kodosi" na stranski sluzbi ili da gi nareceme so vistinskoto ime-spioni!!!
Toa indirektno mi go potvrdi g-gjata koordinator na mnozinskata pratenicika grupa vo Parlamentot.
Kutrata,so obrazovanieto sto go ima i edinstveniot adut ,ustata da i e pobrza od pametot,go potvrdi toa.
Rabotite lesno se vrzuvaat i mozaikot elegantno se sklopuva,samo ako se saka.Makedonija e mala zemja za da moze toa da ostane vo oblanda.
Za zal kaj tebe ne e taka!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Зевзекмен |
Датум: 29.01.2011 08:48:01 |
|
кој ја има мувата на капата, самиот се издава... а Лустрацијата ја бара и ЕУ ако сакате да знаете.. еве , во Хрватска излегоа некој работи, за ликвидација на хрватски емигрант во Шведска од страна на човек на Удба ( б.т.в. тој се уште во Загреб живеел и мува не го лазе). Јасно е дека по толку години практично Лустрацијата ке значи само морална осуда наа кодошите и рехабилитација на жртвите, но и за тоа има отпори, кодошите се се уште мокни. Па уште не сака да се даде конечна званичен одговор на дамно поставени прашања, како н.пр. Кој го Уби Рацин ??, а нарачателите се уште имаат почести во Македонија - улици со нивно име ... |
|
|
|
|
|
|
Од: Jovica |
Датум: 29.01.2011 10:07:22 |
|
Jas mislam da ne se vikame NIKAKO, tuku da se pripoime na Srbija i da go resime ova prasanje ednas zasekogas. Aleksandar , Filip ... site bile makedonci, no duhot sto go nosi makednecot denes nema nikakvi slicnosti so tie luge. Dali bile makedonci? Sekako deka NE. Taka da Tito zgresil sto ne sozdal i vrz taa negova odluka se sozdala cela drzava pa sega patime i po 20 godini. Pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: ?! |
Датум: 29.01.2011 10:24:04 |
|
Сеопфатната лустрација би имала издржаност само во случај,кога нашите столбодржачи на државата не воспоставиле врска со кодоши,кои одамна веќе на привелигираните им велат,стоп со таквата лустрација.Инаку ваквата,овде и на други места е чистилиште преде стапувањето на ерата на бездржавност и немањето потреба од кодошење.Инаку замислена на ваков начин,не е ништо друго туку ослободување на духот од аладиновата лампа,кој пак тој,би ја уништил сета наша историја.Значи,одвнатре себеуништување.Кога веќе однадвор не успеало.
.Домашната работа за умните би гласела,изврши негација на негацијата.
. |
|
|
|
|
|
|
|
|