Дали Обама е роден на Хаваи?
Скептици прашуваат дали тој, всушност, е роден во Кенија, земја од каде што потекнува татко му
ХОНОЛУЛУ – Законот за заштита на личните податоци со кој се штити изводот од книгата на родените го поттикна гувернерот Нил Аберкромби да се откаже од тврдењата дека претседателот Барак Обама е роден надвор од Хаваи, соопштија од неговиот кабинет. Државниот обвинител, Дејвид Луи, му кажа на гувернерот дека Законот за заштита на личните податоци му забранува да ја обелодени документацијата за раѓањето на некое лице без нејзина согласност, изјави портпаролката на Аберкромби, Доналин Дела Круз. „Гувернерот Аберкромби повеќе нема што да стори во рамките на законот за да го презентира тој документ“, изјави Дела Круз. „За жал, има конспиратори што ќе продолжат да се сомневаат во државјанството на нашиот претседател“.
Аберкромби, кој беше пријател на родителите на Обама и го познава уште од дете, во декември ја почна истрагата за тоа дали може да обелодени повеќе информации за раѓањето на претседателот, на 4 април 1961 година. Гувернерот во тоа време изјави дека му здодеале луѓето што од политички причини се сомневале во местото на раѓање на Обама. Но, обидот на Аберкромби дојде до ќор-сокак кога Луи му кажа дека законот му ги ограничува неговите опции.
Хавајскиот Закон за заштита на личните податоци долго време забрануваше обелоденување на изводот од матичната книга на родени за секој што нема опиплив интерес за тоа. Таканаречените „загрижени граѓани“ тврдат дека Обама е неподобен бидејќи нема доказ дека е роден во САД, а голем број скептици прашуваат дали тој, всушност, е роден во Кенија, земја од каде што потекнува татко му. (АП) |