Дрога
Холанѓанка обесена во Иран
29.01.2011, 11:13
Холанѓанка со иранско потекло, која иранските власти ја уапсиле откако учествувала во антивладините протести во Иран во 2009 година, е обесена поради илегална трговија со дрога, јавија денеска иранските медиуми.
„Жената шверцер на дрога, по име Захра Бахрами денеска е обесена поради поседување и продажба на наркотици“, соопшти иранскиот суд.
Групата Меѓународна кампања за човекови права во Иран соопшти дека ќерката на 45-годишната Бахрами тврди дека обвиненијата се измислени откако нејзината мајка била уапсена поради учество во протестите.
Иранските медиуми тврдат дека Бахрами прошверцувала кокаин од Холандија во Иран и оти кај неа биле пронајдени 450 грама од овој наркотик. |