Број 3492  петок, 28 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Очи ширум отворени

Тунис - Сана - Тирана

Гордан Георгиев

Тезата дека лавината протести од Тунис, Јемен и од Албанија можат да се прелеат во Македонија е многу опасна, волунтаристичка и крајно неточна. Во Македонија власта е таа што прави протести против народот

Гледам дека деновиве новинарите се' повеќе милуваат да ја третираат темата околу можното туниско, јеменско или албанско сценарио во Македонија. Јас мислам дека тоа е исклучително опасна паралела и оти на оваа тема не смее да има простор за сензационални и површни анализи во медиумите и на насловните страници во весниците. Но, со самиот факт дека темата се отвора во македонската јавност се укажува на нешто друго: живееме во шизофрено општество, каде што сите параметри на „нормал��ост“ се девалвирани и супституирани со „ненормалност“.

Ова не е случајно, наивен е оној што бегло гледа на ваквата разврска на настаните. Ова е матрица на владеењето на Груевски и точка! Убивањето на дебатата и девалвирањето на секој аргумент е смислено сценарио на советниците на Груевски, со намера да се анестезира јавноста, да се исплаши граѓанинот, со крајна цел на денот на изборите да излезат што помалку гласачи.

А матрицата веќе се гледа од авион: Најпрво, целата работа почна со пинг-понг прес-конференциите, со кои се изгуби смислата на јавно искажаниот збор од говорница. Кога вие ја критикувате Владата со аргументи и документи, а партискиот портпарол на ДПМНЕ ви враќа со навреди од типот „ама вие сте истрошен, вие сте насилник, вие сте хомосексуалец итн.“, тогаш очигледна е намерата на власта да се убие дебатата.

Второ, ако сте забележале, во Македонија веќе шест месеци нема дебатни емисии каде што аргументите ќе ги соочуваат опозицијата и власта. Сето ова почна со феноменот на „празно столче“ кога претставниците на власта едноставно не доаѓаа на дебати и комплетно ги игнорираа апелите на новинарите, за денес воопшто да не се организираат ТВ-дебати меѓу власта и опозицијата.

Трето, кога опозицијата, конечно, сфати дека власта нема намера на цивилизиран начин да ја води политичката борба и оти името на оваа Влада е „страв“, почнавме со масовни протести, со цел да генерираме критична маса и да артикулираме позитивна енергија дека во оваа држава постојат луѓе што не се плашат, кои се подготвени јавно и пред камера да кажат што мислат за оваа насилна власт. Без претенциозност, сметам дека ефектот на опозициските протести повлече, за многумина неочекувана, енергија кај разни онеправдани, ограбени и измамени граѓани и социјални групи што еве деновиве самоиницијативно и масовно излегуваат на протести поради Владата.

И тука некаде почна досега најбизарното и најкатастрофалното сценарио на власта, водено по истата матрица. Груевски и генералниот секретар на ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, најпрво се обидоа да организираат партиски митинзи во мај 2010 година (по повод роденденот на ДПМНЕ) и мегамитинг платен со владини автобуси и владини пари на 2 Август во Крушево. И двата обида завршија катастрофално по моралот на партиската врхушка на ДПМНЕ, бидејќи на двата митинга кумулативно ДПМНЕ не собраа повеќе од 30 илјади партиски симпатизери, што е за два пати помалку од бројот на присутни граѓани само на протестниот марш на СДСМ на 5 декември. Тврдам дека за една ваква популистичка власт, која секојдневно се колне во народот, не постои поголема фрустрација од тоа истиот тој народ масовно да протестира против нив.

Во недостиг на наоѓање квалитетни политики за решавање на проблемите на граѓаните, власта веќе шест месеци се занимава исклучиво со опозицијата (СДСМ) и со протестите што не ги организира опозицијата, туку се автентичен израз на незадоволството на тутунарите, стечајците, професорите, на лекарите. Нивната социјална патологија стигна пред ѕид: деновиве сме сведоци дека на сите протести власта и ДПМНЕ организираат контрапротести, кои често се на работ на судир меѓу двете групи протестанти. Клучна разлика со секоја нормална држава е дека овие контрапротести ги организира владејачката партија и со тоа таа станува соучесник и најодговорен субјект при евентуални тензични ситуации.

Четврто... четврто нема. Контрапротестите се пароксизам на глупоста и неодговорноста. И бидејќи нема „четврта“ фаза, бидејќи и третата фаза е бесмислена, јавноста разумно и логично се прашува дали оваа власт може и има намера да копа подлабоко и од дното? Во недостиг на разумно објаснива „четврта“ фаза почнуваат да се кројат теории за разни туниско-јеменски сценарија.

Во оваа ситуација, улогата на експертите, добронамерниците, но и злонамерните можат да му направат мечкина услуга на општеството. Истите тие луѓе постојано велеа дека СДСМ не е доволно силна опозиција, дека прес- конференциите не се доволни, дека се потребни протести, социјално незадоволство итн. Сега истите тие луѓе бараат уште повеќе, демек и ова не било доволно. Сакам да им порачам дека СДСМ е одговорна партија, субјект што ја има одговорноста за настаните, а не атомизирана единка што може да си дозволи да каже и да направи што сака и да не понесе никаква одговорност за тоа. Впрочем, СДСМ на најдобар начин го докажа тоа за време на големите митинзи и протести што поминаа во исклучително мирна и достоинствена атмосфера.

Затоа премиере, пов��ечете ги своите советници и престанете да ги слушате, Ве држат во стаклено ѕвоно и не Ви кажуваат што се случува меѓу народот. Врзете ги своите загари и не хранете ги со живо месо. Вие сте најодговорен за ситуацијата во државата, а Ве уверувам дека Вашите советниците ќе одлетаат од државата со првиот авионски лет. Или можеби и Вие планирате да „абдицирате“ како тунискиот претседател Бен Али?

П.С. Во средата вечер имало „рација“ низ скопските студентски домови. Партиски војници на ДПМНЕ оделе од врата на врата, им се заканувале на студентите и ги терале да се појават на квазистудентскиот протест за поддршка на министерот Тодоров. Бедници едни, засрамете се! И покрај вашето насилие, на протестот на квазистудентите немаше повеќе од 150 луѓе (од вкупно 40 илјади студенти на УКИМ), а на мирниот собир на професорите имаше околу 300 професори (од вкупно 1.000 на целиот УКИМ). Вива академија!


#
Статијата е прочитана 1660 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 28.01.2011 12:07:04
Gordane, jasno e deka na narodot mu e smaceno od fasistickoto vladeenje na DPMNE, no edno e tocno vie ste vinovni sto oni dojdoa na vlast. Ako vladeete makar i 10% isto kako porano na Makedonija i nema spas
Од: Zoran Nikolovski
Датум: 28.01.2011 12:46:47
Luge ,dali nemate popametna rabota osve navredi i huskanje na narodot edni sproti drugi . Ve molam Branko da si odi od politikata i prv ke glasam za SDSM. Dodeka Brank ni soli pamet nisto do sdsdm i tuniski scenarija
Од: Aleksandar
Датум: 28.01.2011 14:01:12
Ah, povtorno ce broime koj kolku ludje sobral na mitinzi. Ako se toa argumentite vo ovaa kolumna togash ne snam zosto e voopsto razmisluvano da se objavi. Emotivni izlivi i gnevno, golo, nedovolno obmisleno trubenje na polu-vistini nema na nikogo da mu pomogne. DPMNE ne se idealni, daleku od toa, ama pak opozicijata e impotenta koga tie se vo Vladata i treba da nosat teski odluki. Dosega nikoj nemase hrabrost da pocne tolku procesi za korupcija sto, iako ne se site uspesno zavrseni, sepak svedocat za nekakov napredok. SDSM ima golem tovar od 90tite i kao sto mozam da vidam ne se ni trudat da se oddalecat od nivnoto breme. Za kogo togash bi glasal eden procesecn i razumen covek?
Од: partizanska ilegala
Датум: 28.01.2011 14:47:14
Gordane ne si kompetenten da zboruvas za SDSM.Na vremeto se ubivavme od partiski angazmani,se fakjavme za gusha so vmrovcite,nozovi letaa na site strani,nemozevme da dogurame do clen na IO na nekoj LK na SDMM ili do clen na pretsedatelstvo na OO Rostuse-Mavrovi Anovi.A ti direktno od Forum vo potpretsedatelska fotelja.Ne si go ziveel l vnatrepartiskiot zivot ,vo klucnite godini od tvojata mladost ne si go osetil opozicionerskiot leb pod DPMNE na Ljubco.Ne si ziveel vo studentski dom,nemas iskustvo decko.Zaludno se obiduvas.SDSM e mnogu povekje od tvoite,,intelektualni,,gimnastiki,ili od snobizmot na Shema,Mincev,Gze,Shekerinska,Bucko.SDSM e narod ,ama mnogu porazlicen od vasata politicko elitisticka matrica.Za zal voopsto ne si kompetenten.Najiskreno
Од: karposovka
Датум: 28.01.2011 14:51:02
Racii ima i niz karposovskite naselbi, vojnici na DPMNE im upagjaat vo domovite na gragjani sto gi racunaat za svoi vazali i gi teraat da izlezat na nekoj protest protiv rakovodstvoto na Opstinata i Gradonacalnikot Stevce Jakimovski.
Од: GORAN
Датум: 28.01.2011 14:55:44
Sega gledame sto pravat na narodo i na opozicijata,a Vie posle doagajne na vlast pak gi ostavete da aguvaat i da vikate deka se nesposobni,neka gi da ne gresat oti ke se posramotime.!!!
Од: Миле - Охрид
Датум: 28.01.2011 15:15:19
Доколку СДСМ продолжи да ја дестабилизира Македонија со провоцирање на немири и ширење на меѓунационална и меѓуверска омраза, а со цел прифаќање на грчките шовинистички уцени , ќе има реакции од народот. Вам нема да ви биде дозволено да дојдете на власт. Колку и да има слабости власта, се додека го брани правото на македонскиот народ да постои, ќе биде поддржана и ќе и се гледа низ прсти. Ако вие дозволите, на македонската политичка сцена, да дојде опозиција која уште посилно ќе застане во одбрана на името, ќе видите што значи критика и казнув��ње на власта за лошите потези. Сигурно дека подршката за власта ќе биде драстично помала. А вашата единствена точка во програмата - „Промена на името и самоукинување на македонскиот народ , како сеопфатно решение на сите проблеми во државава“, нема да помине. Надминете се себеси. Покажете доблест и отворете простор за вистинска патриотска, реформска и прогресивна опозиција. Не држете ја Македонија во заложништво одработувајќи ја грчката аге
Од: jovan
Датум: 28.01.2011 15:17:35
Protestite vo drzavite koj si gi spomenal se poveke kako "revolucija", bidejki se zaobikoluva Zakonot i se odi na direktna presmetka so rezimot. Nie fala bogu sme daleku od toa scenario, i kaj nas protestite se sepak "zakonski", i se sostojat od baranja za izbori, socijalni resenija...itn, so eden zbor se bara i protestira da nestata se promenat preku zakonskite normi, a ne nasilno. No toa neznaci deka nema opasnost od "pukanje film".
Од: ?!
Датум: 28.01.2011 15:37:31
Еден од можеби подобрите начини да се смири работава е шефовите да им дадат шанса на оние кои биле кодошени кај нив.Одблизу ги запознат и ги регрутираат на местото на овие,сегашниве кои им бацуваат рака "искендеровски".Така едни со други ќе си ги испеглаат "разликите".
Од: Itar Pejo
Датум: 28.01.2011 16:45:55
Senkata na Ben Ali e vo Makedonija. I on imase 98% rejting, i on nosese manifestanti so avtobusi. Gledam deka vmrovskite komentatori ne ni znaat koj e Ben Ali i sto mu se sluci. Ce doznaat koga ce bide vreme. Naskoro. Ce bide docna za niv. Ben Ali, so zlatoto, si otide vo rezervnata tatkovina. Buldozite ostanaa.
Од: baban
Датум: 28.01.2011 17:30:49
Tocno e deka opstestvoto stanalo sizofreno i po se izgleda mu nema spas. Vladetelite pak potonale vo bunilo, pz i nz iv im nema spas. Auuuuuu ....
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.01.2011 19:46:50
Вероватно од непротестирање излеговте од парламентот.
Од: Karokan
Датум: 29.01.2011 10:54:24
G-dine Felix,nekoj slucajno da ne ti go ukrade nikot i ilegalno da pisuva pod nego,a vo tvoe ime???? Ne mi se veruva deka si napisal komentar od samo edna recenica,ili mozebi vrsis detalna opservacija na avtorot za da mu zakacis opaska.Neli toj nitu dosega bil vo sobranie,nitu Premier,nitu Pretsedatel,nitu pak e povrzan so nekakva" Nadez" ili nesto slicno.Mozebi edinstveniot grev mu e sto si dozvolil da razmisluva i javno da go iznese svoeto mislenje.Neli,spored opcijata cii postapki zdusno gi branis,razmisluvanjeto e "drzaven grev",a pak javnoto iznesuvanje"strogo zabraneto"!!!!!!!!! Predlog:Vednas da se apsi,zadolzitelno so tapani i fanfari i da mu se zamrznat cevlite i kaputot,zosto smetka mozebi nema,i seto toa da go obrazlozi, onoj sto go progonuvaat duhovite od Rastanski lozja!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Расте популарноста на весниците
„Тиквеш“ го подмлади изгледот на традиционалните вина
Нови жртви од грип
Македонците во Албанија извисија за пописот
Да се викаме Кодошистан
Пехчево и Конче се опарија од Русите
Првите пет украински автобуси стасаа во Скопје
Магија за преживување
Се краде се' што е вредно од железницата
Прво дете со Енрике Иглесијас
„Иди, иди несанице!“
Сопственикот на ТВ Пинк тврди дека е труен
Меркел: ќе го браниме еврото
Женска варијанта на Супермен
Дали Обама е роден на Хаваи?
Холанѓанка обесена во Иран
Ѓоковиќ го „исчисти“ Федерер
Франција против Данска во финалето
Јанкуловска на средба со Дачиќ