Број 3492  петок, 28 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Поглед

„Иди, иди несанице!“

Жаклина Ѓорѓевиќ

Да имаа право на уште по некоја новогодишна желба министрите, најверојатно, ќе посакаа да имаат подобар сон бидејќи како што тргнале тоа ќе им остане неостварена желба и во оваа година. Цели петнаесет часа траеше завчерашната владина седница во која, барем според изјавите на владиниот портпарол, присуствувале сите министри, со исклучок на шефот на дипломатијата.

Портпаролот Мартин Мартиноски вели дека вакво темпо на работа „не е ништо невообичаено за оваа Влада“. И, можеби е оправдано да се работи прекувремено. Но, прашање е дали е можно некој цели 15 часа да размислува и да одлучува со иста доза на внимание. Нели на некој од министрите му доаѓаа да си дремне одвреме-навреме?

Се почесто седниците им завршувале по полноќ, а често дури и ги зазорувало во министерските фотелји пред да ја напуштат салата во Владата. Ги прашува ли некој дали се преморени, болни, им недостасува ли нешто? Еден од министрите, како што дознавме, се почувствувал преморен на завчерашната седница, но не ја напуштил, туку побарал да му донесат „фервекс“.

Изгледа како министрите да се тркаат, тестирајќи се колку можат најдолго да останат на владините средби, обидувајќи се да докажат дека работат 24/7. А што одлучуваат на овие маратонски седници, тие самите најдобро си знаат. Еве, на завчерашната седница, на пример, најмногу се дискутирало за вработувањата на медицинскиот персонал.

Ме насмеа еден од министрите, кој вели: „Јас немам проблем, можам со часови да седам на седница и не ми е потребно ни кафе за да ме одржи буден“. Па, се прашувам до каде се границите на човечката издржливост?


#
Статијата е прочитана 2155 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 28.01.2011 12:26:56
Колу подолго седат, толку поблиску е амбисот на Македонија!
Од: Razglavanje vo nedogled
Датум: 28.01.2011 14:51:31
Bidejci onaka se vo poludremka i poluson, donesuvaat onakvi cudni zakoni i odluki , koi nikoj trezven ne moze da gi svati.Nekade procitav deka generalniot direktor na Tojota nasekoj od direktorite za referiranje im daval po 3 minuti, slicno taka postapuval i generalniot direktor naa Merecedes.General makartur na svoite potcinete generali im daval vreme za referiranje od 4-65 minuti. Znaci treba ekpseditivna strogo nasocena i celna diskusija, a ne razglabanje bez granici,pri sto i se razvodnuva temata i problemot. No nasive sakaat da ja potvrdat onaa udarnicka parola 27/7 i eve dokade ne doteraa.
Од: Трпе
Датум: 29.01.2011 00:33:03
Нормално дека ке држат толку долги седници,кога не се способни да си ја организират работата.Колку повеке седат на работа повеќе грешк�� прават.Затоа подобро е што помалку време да минуват на работното време.А можеби на овие седници ги решават и проблемите на месните заедници(поради способноста на нивните пилиштари а можда на седниците и се картат(коцкат)
Од: sime
Датум: 29.01.2011 00:42:01
Ova vladina nesonnica mi lici na populizam,kolku vladata se trudi na narodot da mu "olesni",ama olesnuvannje nema.Ne bile budali sto izmislile osumcasovno rabotno vreme no rabotno.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Расте популарноста на весниците
„Тиквеш“ го подмлади изгледот на традиционалните вина
Нови жртви од грип
Македонците во Албанија извисија за пописот
Да се викаме Кодошистан
Пехчево и Конче се опарија од Русите
Првите пет украински автобуси стасаа во Скопје
Магија за преживување
Се краде се' што е вредно од железницата
Прво дете со Енрике Иглесијас
Сопственикот на ТВ Пинк тврди дека е труен
Тунис - Сана - Тирана
Меркел: ќе го браниме еврото
Женска варијанта на Супермен
Дали Обама е роден на Хаваи?
Холанѓанка обесена во Иран
Ѓоковиќ го „исчисти“ Федерер
Франција против Данска во финалето
Јанкуловска на средба со Дачиќ