Жељко Митровиќ
Сопственикот на ТВ Пинк тврди дека е труен
Жељко Митровиќ, сопственик на ТВ Пинк и еден од најголемите медиумски тајкуни во регионот, веќе четири недели е во Германија и се лекува од апластична анемија. Митровиќ за српскиот дневен весник „Блиц“ изјавил дека се сомнева дека се разболел зашто некој го труел!
„Се сомневам дека некој ме труел, ставајќи ми супстанци слични на цитостатици во храната и во пијалакот, кои можат да доведат до апластична анемија. Засега само се сомневам, но работата ќе им биде предадена на надлежните служби во полицијата за да се утврди дали е во прашање нешто сериозно. Анализите во Германија говорат дека некоја супстанција што сум ја консумирал ми го нарушила имунитетот и сериозно ми го загрозила здравјето“ - вели Митровиќ.
Митровиќ, и��то така, вели дека наскоро би требало сосема да закрепне од изненадната болест, а кога ќе се врати во Белград, веднаш ќе ги подели стотина докази на оние што ширеле трачеви за него и дека ќе ги награди соработниците.
„Резултатите на крвта ми се одлични и секој ден се чувствувам се' подобро“ - вели Миторвиќ и нагласува дека по доаѓањето во болница, бил во очајна состојба, но, за среќа, навреме се јавил на лекар. |