|
|
|
|
|
|
Македонците во Албанија извисија за пописот
Македонците во Албанија ќе го бојкотираат претстојниот попис во април годинава бидејќи Албанскиот институт за статистика не ги прифати барањата за посебна графа за националност Македонец во пописниот формулар, најави претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко.
Според Темелко, се покажале оправдани стравувањата дека албанските власти на секој начин ќе се обидат да прикажат колку што е можно помал број малцинства во државата.
„Повторно во овој формулар не постои графа за Македонци и за сите други малцинства во Албанија. За да бидеме делумно задоволни, тие направија варијанта каде што не постои ниту едно малцинство, туку празно место за етничко изјаснување. Ова го усложнува процесот бидејќи во формуларот има една точка во која се вели ’преферирам да не се изјаснувам‘, која им дава можност на сите граѓани во Република Албанија, кои што се под притисок, да не можат да се изјаснат на која националност и' припаѓаат. Ние категорично ја отфрламе оваа верзија, остануваме на нашиот став. Ќе учествуваме на пописот доколку постои графа Македонец. Доколку не, ќе повикаме на бојкот и не го признаваме пописот што е закажан за април“, вели Темелко.
Иако засега нема официјална најава, по последните безредија во Албанија не е исклучено и одложување на пописот што треба да се одржи во април, еден месец пред локалните избори. (MИA) |
#
|
Статијата е прочитана 1697 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: vedran |
Датум: 28.01.2011 12:18:29 |
|
Зарем е чудно ова. Што друго може да се очекува од Тирана. Во Албанија како Македонци се признаваат само жителите од деветте села во Пустец и покрај тоа што Макееонците ги има во Гора, Голо Брдо, во Корча, Тирана, Елбасан и во цела Албанија. Според извори од нашите во Албанија, во таа држава живеат околу 300 илјади Македонци. Само уште кога би имало кој да се грижи за нив, кој да ги поддржува. Албанските лидери од Македонија секојдневно се на поклонение воТирана, а ние внимаваме да не ги повредине Бериша и компанија, доколку им укажеме на геноцидот и асимилацијата што ја вршат врз Македонците, додека Европа дреме и не го гледа тоа. |
|
|
|
|
|
|
Од: k2 |
Датум: 28.01.2011 13:29:18 |
|
Ako de i nie imame popis pa da ja izostavime grafata Albanci.... |
|
|
|
|
|
|
Од: zirih |
Датум: 28.01.2011 14:23:45 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: Mudar |
Датум: 28.01.2011 14:59:07 |
|
Treba nashata diplomatija da reagira vednash t.e. trebashe ushte pred da ispadnat tia glasacki livcinja zatoa sto se znaeshe deka situacijata ce ispadne taka, da se izveste SAD, EU i NATO (posto neli e "sojuznik" de, kako e stanata ne e bitno) pod hitno da se intervenira od nivna strana ili bez pocituvanje na prvata na narodite vo taa drzava da se blokirat site EU pregovori, za da ne imat i vtora clenka posle "atinjanite" koj sto nemat 1% demokratki principi. Mesecno ednash da ima sostanoci od site makedonski partii od dijasporata na sostanok so Vladata. Bez pritisok nishto ne biduva toa e jasno! |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 28.01.2011 15:40:00 |
|
kolku interesno na ovaa vest da nema komentari od najgolemite makedonci koi sekoj den se poveke gi prepoznavam vo ovaa drzava.Ne samo sto Vladata kako institucija tuku i site partii sto gi imame poveke ili pomalku sto se makedonci a se nadevam i od albanskiot blok da se proiznesat adekvatno na nivnite postignati prava vo nasata drzava. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mite |
Датум: 28.01.2011 21:49:14 |
|
Makedoncite od Albanija neka insitiraat na dogovor kako sto Albancite imaat vo Makedonija- Ohridskiot.
Vladata mora da im dade bilo kakva pomos na ovie nasi izmaceni ljugekoi si go baraat nisto povekje tuku samo ona sto im priipagja- da si bidat ,Makedonci so gordelivost.
Neka sekoj sloboden Makedonce najde nacin da im pomogne |
|
|
|
|
|
|
Од: Moris |
Датум: 29.01.2011 08:46:02 |
|
Podobro e taka oti golem broj se pisani Bugari so pasosi i bliski do bugaska ambasada koja im ovozmozuva obrazovanie bez pari a i druzi raboti. Ako toa ne go gleda diplomatijata makedonska razuanvanjeto go gleda i go znae a so toa znaat i politicarite makedonski ne samo segasnite tuku ionie od minatot . |
|
|
|
|
|
|
|
|