Број 3492  петок, 28 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Ѓоковиќ го „исчисти“ Федерер

Српскиот тенисер го елиминира бранителот на титулата во Мелбурн парк во три сета (7:6, 7:5, 6:4)

Новак Ѓоковиќ е прв финалист на Австралија опен. Извонредните изданија на српскиот тенисер во Мелбурн кулминираа вчера претпладне кога во три сета (7:6, 7:5, 6:4) го елиминира бранителот на трофејот, Роже Федерер.

„Неверојатен е притисокот да се игра и да се победи Федерер. Го одиграв еден од најдобрите мечеви во последно време. Морав да ризикувам и да се обидам да ги искористам своите шанси. Ако го загубев вториот сет, кој знае што ќе се случеше. Можеби Федерер ќе направеше голем пресврт и затоа сум задоволен бидејќи го одиграв најдобриот тенис во најтешки моменти“, рече Ѓоковиќ.

Федерер признава дека наиде на подобар и помотивиран противник во полуфиналето на Австралија опен 2011.

„Искрено, лесно можев да одиграм уште два сета, бев подготвен за нив. Но, штета е што не успеав да се изборам за нив. Ќе беше извонредно ако победев по петти пат овде, но овојпат беше невозможно тоа“, изјави Федерер.

„Мислам дека не играв лошо, но Ѓоковиќ беше одличен. Тоа мора да го признам и да продолжам понатаму. Ова не е крај на ништо, ова е само почеток на мноштвото предизвици кои претстојат“, дополни швајцарскиот ас.

Тој се осврна и коментарите дека тука некаде можеби е крајот на неговата ера и ерата на Надал од причина што ова ќе биде прв случај по Австралија опен 2008, а во финалето да ги нема двајцата најдобрите светски тенисери.

„Малку е рано да се носи таков заклучок, ајде да разговараме за тоа по шест месеци. Се чувствувам добро, голем оптимист сум пред претстојните 15 турнири или колку и да бидат во текот на сезоната. Задоволен сум што играм и тоа ми е најважно“, заврши Федерер.

За водечките швајцарски медиуми поразот на Федерер од Ѓоковиќ е голем неуспех.

Циришки „20 минути“ излезе со наслов „Ѓоковиќ го симна Федерер од тронот“, а настапот на својот сонародник во извештајот е опишан со еден збор „Неуспех“. И не чуди бидејќи за успех се сметаше само одбрана на титулата.

„Ѓоковиќ заврши работа со Федерер во три сета!“ е насловот во швајцарската верзија на „24 часа“ чии новинари нагласуваат дека годината не почна како треба за Федерер затоа што уште на стартот остана без еден од трофеите во 2010 година.

„Базел Цајтунг“ приказната од Мелбурн ја наслови како „Супериорниот Ѓоковиќ го победи Федерер“, а „Базеландшафтлиш“ наведува дека „Роже по овој пораз и значајното губење на бодови тешко дека повторно ќе стигне до првото место на светската ранг листа“.


#
Статијата е прочитана 757 пати.

Испрати коментар

Од: Stojko
Датум: 28.01.2011 17:26:21
Toooo, Djole!!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Расте популарноста на весниците
„Тиквеш“ го подмлади изгледот на традиционалните вина
Нови жртви од грип
Македонците во Албанија извисија за пописот
Да се викаме Кодошистан
Пехчево и Конче се опарија од Русите
Првите пет украински автобуси стасаа во Скопје
Магија за преживување
Се краде се' што е вредно од железницата
Прво дете со Енрике Иглесијас
„Иди, иди несанице!“
Сопственикот на ТВ Пинк тврди дека е труен
Тунис - Сана - Тирана
Меркел: ќе го браниме еврото
Женска варијанта на Супермен
Дали Обама е роден на Хаваи?
Холанѓанка обесена во Иран
Франција против Данска во финалето
Јанкуловска на средба со Дачиќ