|
|
|
|
|
|
Се краде се' што е вредно од железницата
Крадците не се плашат да посегнат и по делови од системите што се под висок напон
Сања Наумовска
Делови од пруга, кабли, техничка опрема на рампите и на железничките станици...Од железницата се краде се' и сешто. Речиси е невозможно да се фатат крадците на дело, особено оние што крадат во непристапните предели каде што поминува железничката пруга. Најмногу на цена се деловите што можат лесно да се препродадат на отпадите или на дивите пазари. Кражби по пругите и во возовите имало секогаш, велат во „Македонски железници“, но крадците во последниот период се посебно активни. Најмногу на удар се каблите поради бакарот, кој достигнува добра откупна цена на отпадите, како и акумулаторите со кои се напојуваат делови од уредите за сигнализација покрај пругите. Во некои делови од земјата, каде што нема голема фреквенција во железничкиот сообраќај, во последно време се крадат и металните шрафови со кои се прицврстуваат пругите. Бидејќи станува збор за специфична опрема што се користи само во железницата, некои од украдените материјали ги пронаоѓа полицијата на отпадите, но на огромен дел им се губи трагата. Штетите што ги трпат „Македонски железници“ се големи. Сепак, велат во ова јавното претпријатие, опасноста од загрозување на безбедноста на луѓето што секојдневно ги користат услугите на железницата е уште поголема.
Како резултат на кражбите во последниот период, во МЖ - „Инфраструктура“ се соочуваат со зачестени испади во системите. Оштетените делови од технолошко-техничката опрема тешко се надоместуваат, а додека се надвор од функција, на многу опасност се изложени и вработените и патниците. Во МЖ нагласуваат дека се работи за системи под висок напон, па секој што ќе посегне по нив ги изложува на голем ризик за животот и себе и другите.
„Ако не работат системите за осигурување на патните премини преку пругите што сигнализираат наидување на воз, се соочуваме со ситуации на небезбедно преминување што многу често можат да имаат фатален крај“, вели Петар Спасовски, помошник-директор за комуникации во МЖ. Нагласува дека со засилени контроли ќе се обидат да обезбедат доследно да се спроведува законската забрана за неовластено движење и задржување на пругите и на пружниот појас.
„Граѓаните се должни да го почитуваат и да го штитат имотот на железницата како добро од општ интерес. Оние што ќе се фатат на дело како крадат на пругите и на постојките ќе бидат најстрого санкционирани согласно со Кривичниот законик и Законот за сигурност во железничкиот систем“, соопштуваат од МЖ „Инфраструктура“. |
#
|
Статијата е прочитана 1313 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: patnik |
Датум: 28.01.2011 12:11:40 |
|
a sto e so voyot koj sobraka na relacija Skopje - Kicevo, koj nikogas nema parno greenje i site patnici smrznale. Sekoj den kasni vo dvata pravca i sekogas e eden ist voz NAJLOSIOT sto go ima MZ
Ajde ve molam bar ednas da go cistat bidejki vagonite se kao da se zemeni vo otpad mozda bile gradeni i prodadeni vo otpad pa najdeni i vrateni. Kolku ima krazbi vnatre vo pretpriajtieto |
|
|
|
|
|
|
Од: Mitre od dolnodupeni |
Датум: 28.01.2011 20:15:09 |
|
Во социјализмот вакви работи не се случуваа...Е сега погодете зошто??? |
|
|
|
|
|
|
Од: nevraboten |
Датум: 28.01.2011 21:07:17 |
|
i tek ima da se krade sto mislite ako vlada ukinuva sini kartoni so sto mislite jas zenami i decata ce se lecime? |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 28.01.2011 21:43:53 |
|
Страшно!!! Срамота!!! А се сетил ли некој да ги казни, па дури и да ги затвори тие кои откупуваат, ако е вдиливо дека се работи за делови од железница. Ако се плашат да откупуваат такви работи, нема никој ни да помисли да краде, оти нема да им вреди.
А што се однесува до возовите, дека се ладни, нечисти и дека доцнат. Такви се на сите релации, за жал. Потребно е се да се обнови од корен. Но, за жал, таа работа е се уште чиста утопија на нашиве простори. |
|
|
|
|
|
|
Од: steta |
Датум: 29.01.2011 02:54:42 |
|
Minatoto leto posetiv otpad vo tetovsko, i sto ke vidam: gradski corpi-onie golemite,celi ulicni svetla, zelezni nosaci od mostovi,celi zelznicki linii i delovi itn. Kade e vlasta da gi proveri otpadite ida gi kazni i zatvori. Luge otpadot treba da ja izvesti vlasta koge ke dojde nekoj so vakov otpad, se znae od kade dosol !!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Ice |
Датум: 29.01.2011 08:17:09 |
|
Jas ,islam deka policijata e povrzana so aramiite i si go delat profitot od ukranenoto.Vo Kavadarci nema nitu eden soobracaen znak.I.po.prijavata deka e ukraden i se naodja vo zapreznoto vozilo, policijata voopsto ne reagirase i gi pusti aramiite pred nea da pominat so natovarenoto vozilo polno so ukradeni predmeti.Sramota! |
|
|
|
|
|
|
|
|