Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Има ли спас од ѓубрето?

Гојко Ефтоски

Под превезот на претоварна станица за прибирање на дневниот отпад, низ Тетово кај железничката станица повторно се создава вистинска депонија.

Веќе пет години во неколку наврати овде се акумулираа огромни количини ѓубре, кои се искажуваат со илјадници тони. Најлоша беше состојбата во изминатата година кога огромните транспортери со месеци пренесуваа смет во депонијата „Русино“ кај Гостивар.

Со зафатите што заеднички ги договорија и ги извршија општините од Полошкиот регион и населбите, а пред се', градовите Тетово и Гостивар се сметаше дека го решиле проблемот со депонирање на сметот. Така уверуваа комуналците, но и градоначалниците. Се постигна спогодба сметот да се пренесува под одредени услови. Ова требаше да биде крај на маките и на опасностите што ги предизвикува дивото депонирање на комуналниот отпад.

Сепак, не е така. Во Тетово кај железничката станица повторно се создаваат брда од смет. Тоа веќе не е само претоварна станица од која сметот што се собира преку ден во текот на ноќта ќе се транспортира.

Напротив, повторно и постојано се акумулираат нови количини ѓубре. Тетовци се сведоци на создадени вистински брда од смет со сите опасности што демнат за здравјето на луѓето.

Во технологијата на собирање и депонирање на сметот сигурно е неминовна претоварна станица. Меѓутоа, во никој случај не може да стане збор за нејзино лоцирање во градска населба како што е примерот со Тетово.

Навистина, поднесено е барање за земјиште надвор од урбаниот градежен реон. Постапката започнува од првата наредна седница на Советот закажана за утре. Прашање е што ако постапката се завлече, ако потрае со месеци, а во тоа време се продолжи со таложење на отпадот на сегашната дива депонија.


#
Статијата е прочитана 836 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 07.07.2010 00:30:56
Gojko, kazuva i se prasuva;Ima li spas od gjubreto vo Tetovo. Koj veli deka nema? Prvo Gojko veli ,,Diva Deponija". Diva Deponija nee vo Vozduh, tuku na Zemja ,Ciaa e taa Zemja sto dozvolil bezpravno da ,mu se stava gjubre,.Prvo]Vlasnikot treba da bide suden za neovlasteno i nenamensko koristene na zemjiste,pa makar toa bil i Gradot Tetovo.2] A kako mi se cini, Gjubreto ne moze, da pobegne od Tetovo,zatoa im preporacuvam na Tetovcite ,da pobegnat od Gjubreto ,zosto imaat malku vreme,da nebide kako i so Pasata na Tetovskoto Kalje!
Од: Natasha, Melbourne
Датум: 07.07.2010 08:15:50
Mnogu ubav napis koj kazuva deka vo Makedonija seuste nema sistem za sobiranje na smetot i negovo deponiranje na odredeno mesto. Taka bese i pred 20 godini koga jas seuste ziveev vo Makedonija i koga toni gubre stoese po ulicite so denovi. Koga dojdov vo Avstralija, prvo sto me fascinira, bese higienata i nacinot odnosno sistemot na sobiranje na smetot. Sekoja familija bilo da zivee vo kuka ili zgrada ima dve golemi plasticnai kanti/binovo vo koi se sobira odnosno resajklira smetot. Vo mojata ulica se znae tocno denot i saatot koga pominuva kamionot za gubre i vo kolku ne go iznesam na vreme, ke mora da cekam do istiot den i minuta idnata nedela. Kantite otkako ke se ispraznat se vrakaat na mesto, ne smeat da ostanat na ulica. Zatoa prvo treba da se odbere po koj sistem Makedonija ke odi za resavanje na ovoj problem a potoa dresiranje na graganite da go pocituvaat toj sistem bidejki vo sprotivno i narodot i turistite ke se cudat i ke mislat deka komun. rabotnici strajkuvaat.Pozdrav.
Од: od nadvor
Датум: 07.07.2010 10:16:57
Se nadovrzuvam na konkreten komentar od Nataša, Melbourne. Otpad e eden od najgolemi problemi vo segašen svet. Ne samo, što treba da ima dobra organizacija na sobiranje otpad i sovesni gragani (imam videno vo Skopje golemi korpi za sobiranje plastični šišinja - ni edno nebeše zgmečeno - možda sega situacija e meneta - vo tie korpi znači se skladiraše 90% vozduh!), treba da ima i soodvetni deponii. Tie metodiki vo svet se odamna izrabotani i upotrebuvani, ima propisi za izgradba na deponii - za da nebide životna sredina od nimi zagrozena. Najdobro e, da ne se proizveduvaat raboti štetni za čovekova sredina, no toa denes e iluzija. Problem so gjubreto bi trebalo da se reši što pobrzo i popažlivo, inaku pretstoi opasnost za široka okolija (bilo kade, ne samo vo Tetovo). Pozdrav.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Со шарени маички во Собранието
Судир на два победнички стила
Коj jа поткопува Антикорупциска
Градската куќа ќе се проектира на слепо
Приватна забава со 100 избрани девојки
Потребен е вистински дијалог
Ја меркаме арената „Филип Втори“
Лев не се одделува од синиот пуловер
Invested in Prilep! Invested in Macedonia
Бандеролите ја заглавија јулската пратка на лекови
Белгија сака да посредува за името
Гордата Гана ги поздрави „црните ѕвезди“
Шаванел го почестија со етапна победа
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Карикатура
Октоподот Пол типува на Шпанија
Првин пари за отштета, па свидетелство
Стил
Се трага по спасоносната формула за анкетна комисија