Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Шаванел го почестија со етапна победа

Фаворитите на Тур де Франс забавија во финишот од втората етапа во знак на протест за условите

Шансите на Тур де Франс за Силван Шаванел беа речиси урнисани од падот пред два месеца, но уште поголемата драма на истите патишта во Белгија му ја донесе жолтата маичка по втората етапа во најпрестижната велосипедска трка во светот. Етапната победа и водството во вкупниот поредок на Французинот по долгото бегство од групата се сосем заслужени, но 201-километарската делница од Брисел навистина ги разниша учесниците. Спа е позната по својата вода, но неа ја имаше отповеќе на патиштата и серијата судири, во кои беа вовлечени и главните фаворити, придонесоа натпреварувачите во знак на протест да одбијат да спринтуваат до целната линија.

Швајцарецот Фабијан Канчелара, победник на прологот и севкупен лидер, отиде до автомобилот на техничкиот директор на трката Жан-Франсоа Пешо за да го предупреди дека велосипедистите ќе забават во завршницата од етапата за да се избегнат дополнителни инциденти. Како резултат на тоа, Шаванел победи со разлика од речиси четири минути и сега води пред Канчелара со предност од две минути и 57 секунди, предност за која Французинот изгледа способен да ја зачува барем одредено време.

„Ова покажува дека работите можат брзо да се изменат во велосипедизмот“, изјави Шаванел, кој беше сериозно повреден пред два месеца на истите патишта во трката Лиеж-Бастоњ-Лиеж.

Одлуката на Канчелара да побара од учесниците да олабават најмногу се должи на фактот дека неговиот тимски колега Енди Шлек беше на работ да се откаже од трката откако настрада во масовната мешаница при спуштањето од ридот кај Штокеу, 30 км пред целната линија. Шлек, кој лани на Тур де Франс заврши веднаш по победникот Алберто Контадор, ја заврза својата крвава десна рака покрај патот и продолжи со велосипедот на тимски колега.

Ниту еден од другите претенденти за највисок пласман не беше поштеден на лизгавите патишта поради дождот и поради маслените дамки на коловозот. Седумкратниот победник Ленс Армстронг и Контадор исто така ја „бакнаа“ земјата.

„Паднав и јас. Мислам дека на повеќето од нас им се случи тоа. Тоа е лоша среќа. Површината на патот беше толку лизгава така што немаше начин да се остане на велосипедот“, се пожали Армстронг. „Имам голема гребаница на колкот, но в ред е. Кога повторно се качив на велосипедот се случуваа судири еден по друг. Беше како на бојно поле“.

Кратко по инцидентот возачите беа расфрлани наоколу по патеката, но повеќето од фаворитите успеаја да се регрупираат и решија да подзапрат.

Само едно звучно име отпадна од конкуренцијата. Американецот Кристијан Вандевелде влезе во целта со заостанување од 9:49 мин. и веднаш замина в болница на преглед.

Сред целата таа збрка Шаванел беше оставен сам за да победи.

„Мислам дека мојата победа нема ништо со инцидентите. Ако колоната решила да олабави, супер за мене“, изјави тој. „Верувам дека големите возачи на Тур би требало да бидат добри на секаков терен, а јас ќе се борам да ја задржам жолтата маичка колку што можам подолго“.

И вчерашната трета етапа, долга 213 км, која вклучува седум делници во вид на калдрма, беше „печена“ за контроверзии.

Резултати од втората етапа: Силван Шаванел (Франција/Квик степ) 4:40,48 ч., Максим Буе (Франција/АГ2Р) исто време, Фабијан Вегман (Германија/Милрам) исто време итн.

Вкупен поредок: Шаванел 10:01,25 ч., Фабијан Канчелара (Швајцарија/Саксо банк) +2,57 мин., Тони Мартин (Германија/ХТЦ-Колумбија) +3,07 мин. итн.


#
Статијата е прочитана 245 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Има ли спас од ѓубрето?
Со шарени маички во Собранието
Судир на два победнички стила
Коj jа поткопува Антикорупциска
Градската куќа ќе се проектира на слепо
Приватна забава со 100 избрани девојки
Потребен е вистински дијалог
Ја меркаме арената „Филип Втори“
Лев не се одделува од синиот пуловер
Invested in Prilep! Invested in Macedonia
Бандеролите ја заглавија јулската пратка на лекови
Белгија сака да посредува за името
Гордата Гана ги поздрави „црните ѕвезди“
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Карикатура
Октоподот Пол типува на Шпанија
Првин пари за отштета, па свидетелство
Стил
Се трага по спасоносната формула за анкетна комисија