Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Вести од СП

Лев не се одделува од синиот пуловер




Покрај задоволството што неговата репрезентација игра добро на Светското првенство германскиот селектор Јоаким Лев најде и дополнителен фактор за среќа. Станува збор за синиот пуловер во В-израз што е константа на него на мундијалот во Јужна Африка. Досега му носеше среќа, па со него ќе ја води Германија и во денешното полуфинале против Шпанија.

„Не сум празноверен човек, но колегите од стручниот штаб ми предложија да не го менувам пуловерот. Дури не ми дозволија да го исперам и мислам дека повторно ќе го облечам“, рече Лев.

Додуша Лев нема стоотстотен ефект во синиот пуловер бидејќи во фазата по групи загуби од Србија, Но, затоа подоцна паднаа Англија и Аргентина и тоа со импозантна гол-разлика од 8:1.

„Не знам колку понесе со себе меѓутоа се надевам дека му остана уште некој во куферот“, нагласи играчот за врска во германската селекција и Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер.

Лев не е единствениот што носи среќни работи. Жозе Мурињо не се одделуваше од убавиот костум, Ќиро Блажевиќ, пак, носеше капа од претепан француски жандарм.

Марадона: Моето поглавје заврши

Иако официјално се' уште нема поднесено оставка на местото селектор на фудбалската репрезентација на Аргентина, сепак, легендарниот фудбалер Диего Марадона (49), во разговор за аргентинскиот весник „Кроника“ изјави дека неговото поглавје заврши.

„Готово е, моето поглавје заврши. Дадов се што можев“ рече Марадона.

Портпаролот на Аргентинската фудбалска федерација (АФА) изјави дека Марадона, официјално, нема поднесено оставка, но за деновиве најави состанок со Хулио Грондоно, прв човек на АФА.

Под водство на Марадона „гаучосите“, својот настап на СП во Јужна Африка го завршија во четврт-финалето со пораз од селекцијата на Германија со 4:0.

Инаку, Диего Марадона и членовите на аргентинската фудбалска репрезентација ја одбија поканата за прием кај претседателката на Аргентина, Кристине Киршне��. „Гаучосите“ се вратија во нивната татковина по крах од Германија (0:4) во четврт-финалето на СП. Претседателката на државата реши да ги покани во нејзината палата, но тие ја отфрлија приликата да бидат нејзини гости со образложение дека не се вредни за тоа.

„Знаете дека секогаш им давам поддршката на луѓето во тешки моменти, а не само во добри. Затоа ја повикав репрезентацијата да дојде на прием. Но, фудбалерите го одбија тоа бидејќи чувствуваат дека не заслужија таква чест. Јас мислам дека не се право, го заслужија тоа и јас ќе ги чекам.Да живее Аргентина“, порача 57 годишната претседателка на земјата која на функцијата во декември во 2007 година го наследи нејзиниот сопруг Нестор.


Мартино го напушта кормилото на Парагвај

Аргентинскиот фудбалски стручњак, Герардо Мартино, се повлекува од функцијата селектор на парагвајската репрезентација. Под негово водство Парагвај стигна до четврт-финалето на СП 2010 што е најголем успех во фудбалската историја на таа јужноамериканска земја.

Мартино рече дека неговиот четиригодишен договор со Фудбалската федерација на Парагвај истече и дека има понуди од родната Аргентина, но и од Мексико и од Саудиска Арабија меѓутоа не сакаше да прецизира за какви понуди станува збор.



Нигерија ја избегна суспензијата од ФИФА

Нигерискиот претседател, Гудлак Џонатан, ја повлече својата одлука со која ги суспендира сите тамошни национални фудбалски репрезентации од учество во меѓународните натпреварувања на две години поради лошите резултати на Светското првенство во Јужна Африка.

„Владата на Нигерија великодушно ја повлече суспензијата за доброто на нигерискиот фудбал“, истакна новиот претседател на Нигериската фудбалска федерација (НФФ), Амину Маигари.

Одлуката на нигерискиот претседател дојде само неколку часа пред истекот на ултиматумот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) што б��ше упатен поради мешање на политиката во работата на НФФ. Доколку претседателот на Нигерија не го стореше тоа, ФИФА можеше да ги исклучи сите нигериски репрезентации и клубови од сите натпреварувања под нејзина капа.


Форлан: Никогаш повеќе во Англија

Уругвајскиот напаѓач, Диего Форлан, нема намера да се врати во Англија. Вели дека тоа е негова одлука со која ги отфрла сите можности да се врати во било кој клуб во премиерлигата.

„Чувствувам дека немам што повеќе да им се докажувам на другите. Моите игри во репрезентацијата и во клубот доволно говорат. Играм во најтешката лига во светот, а Шпанија стана мој дом“, вели Форлан.

Одличните партии во дресот на Уругвај на ова СП го свртеа вниманието на многу англиски клубови, но 31 годишниот напаѓач нема намера да ја менува дестинацијата. Во две сезони во Манчестер Јунајтед тој постигна 17 гола, ги пофали напорите на Тотенхем чие раководство сега се обидува да го врати на Островот меѓутоа играчот на Атлетико Мадрид одбива секаква можност да го напушти Пиринејскиот Полуостров.

„Станува збор за коректна понуда од клуб кој се движи по добар пат, но јас не сум заинтересиран за враќање во Премиерлигата. Впрочем играм во одличен клуб и наредната сезона ќе атакуваме на место меѓу првите четири екипи во Примера. Имаме неколку интересни фудбалери и очекувам големи работи во сезоната што е пред нас. Никогаш повеќе нема да играм во Премиерлигата, меѓутоа знам да се фатам во стапица како размислувам за тие денови“, вели Форлан и за деновите минати во Манчестер додаде:

„Бев млад кога играв за Јунајтед. И токму кога почувствував дека почнувам да се адаптирам бев продаден за да дојде Руни. Да не се откажеа од мене денеска можевме да бидеме најубиствен напаѓачки тандем во Европа“.



Веа: Африканските селекции неподготвени

Поранешната звезда на африканскиот фудбал, Жорж Веа, вели дека лошата подготвеност е причина за неуспехот на репрезентациите од Африка на ова Светско првенство. Очекувањата од националните состави на Јужна Африка, Алжир, Камерун, Брегот на Слоновата Коска и Гана беа големи, предноста на домашниот терен и климата беа оценети како плус за нив. Освен Гана, ниту една друга селекција не ги оправда надежите и очекувањата.

„Гана даде се од себе, но останатите тимови не се подготвуваа. Едноставно не беа подготвени. Нивните игри беа слаби и бледи. Африканскиот континент има таленти и желби, меѓутоа ако фудбалерите не се поттикнуваат на вистински начин, вакви чекори наназад ќе ни се случуваат и во иднина“, коментира Веа.

Дополнителен проблем, според него, е малата доверба што им се укажува на домашните фудбалски стручњаци. Странците, вели Веа, не можат да го разберат менталитетот на своите играчи и затоа не можат добро да ги насочат.

„Нашите тренери не добија доверба. Се охрабрува странскиот тренерски кадар, но и домашниот. Покрај тоа, голем проблем претставува и тоа што многу наши земји не се обидуваат да му веруваат на некој од младите и талентирани стручњаци туку само на оние искусните и проверените“, заврши Веа.


#
Статијата е прочитана 784 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Има ли спас од ѓубрето?
Со шарени маички во Собранието
Судир на два победнички стила
Коj jа поткопува Антикорупциска
Градската куќа ќе се проектира на слепо
Приватна забава со 100 избрани девојки
Потребен е вистински дијалог
Ја меркаме арената „Филип Втори“
Invested in Prilep! Invested in Macedonia
Бандеролите ја заглавија јулската пратка на лекови
Белгија сака да посредува за името
Гордата Гана ги поздрави „црните ѕвезди“
Шаванел го почестија со етапна победа
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Карикатура
Октоподот Пол типува на Шпанија
Првин пари за отштета, па свидетелство
Стил
Се трага по спасоносната формула за анкетна комисија