Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Црвенковски во Стразбур

Потребен е вистински дијалог

Црвенковски на средба со Штефан Филе и со европски парламентарци во Стразбур

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски


Стразбур – Од македонските политички партии се бара вистински политички дијалог, без разлика дали партиите доаѓаат од опозицијата или од власта, е пораката што му беше пренесена на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на средбата со Европскиот парламент во Стразбур.

Црвенковски вчера претпладне имаше средба со комесарот за проширување, Штефан Филе.

Веднаш по разговорите, Црвенковски во изјавата за медиумите нагласи дека не се зборувало околу датум за почеток на преговори, бидејќи, според него, Македонија е „многу далеку од тоа“. „Претпоставувам дека има многу други работи за да можеме да говориме за следниот чекор, а тоа е датум за почеток на преговорите. Не е само решавањето на спорот со Грција, туку и задоволувањето на критериумите пропишани од страна на Европската комисија во различни области“, рече тој.

Според лидерот на СДСМ, на разговорите со еврокомесарот било речено дека во некои областите „не само што не е забележан некој значителен напредок, туку има и одредени чекори што може да се толкуваат како враќање назад“. Во врска со политичкиот дијалог опозиција-власт, тој информирал дека СДСМ има два основни предуслова. Првиот предуслов е во Деловникот на Собранието да се вгради амандман со кој ќе се овозможи опозицијата, не само СДСМ, на секоја парламентарна седница да може да предлага една точка на дневен ред, околу која ќе дискутира парламентот. Вториот предуслов е дека парламентот мора да ја задржи можноста за контрола на извештаите од ревизорот во врска со трошењето државни пари.

Во однос на последниот инцидент во Собранието, Црвенковски им соопштил на своите соговорници во Стразбур дека во Законот за Собрание, во член 43, е наведено дека освен собраниското обезбедување, никој друг, ниту полицијата.

За лидерот на Црвенковски при последните инциденти во парламентот бил прекршен Законот за Собранието од страна на министерката за внатрешни работи. Нејзиното барање за казнување на пратениците е нонсенс, вели Црвенковски. „Тоа што министерката за внатрешни најавува казни за пратеници, тоа нема врска со парламентарна демократија, тоа може да се наслови како ’полициска држава’“.

Тој се сретна и со известувачот за Македонија при ЕП, Зоран Талер, со Ханес Свобода и со Едуард Кукан .

Од кабинетот на комесарот за проширување Штефан Филе дојде писмената реакција на средбата која тој ја имаше со Бранко Црвенковски во Стразбур. Во реакцијата се вели дека „се' што може да се каже во моментов е дека двајцата направија заедничка процена на ситуацијата во земјата во клучните области и реформите кои и' се потребни“.

Комесарот Филе, според неговиот кабинет, ја подвлекол важноста за широка политичка поддршка на агендата на реформи кои се однесуваат на европската интеграција на Македонија.

На средбите со европратениците станало збор и за внатрешната ситуација во земјата и за нејзините евроинтеграции

„Јас му go објаснив она што е став на Европската унија и Европскиот парламент дека за идната евроинтеграција на земјата изнаоѓањето решение за името на земјата е апсолутен предуслов за идниот чекор на Македонија во Европската унија“, изјави Едуард Кукан, известувач на пратеничката група на народните партии за Македонија.

Јоханес Свобода, првиот известувач во ЕП за Македонија, веднаш по разговорот со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, беше уште подиректен во однос на европската интеграција на земјата.

„Потребно е да се најде решение за името на Македонија, сега постои можност за договор меѓу Грција и Македонија, потребно е владите на двете земји да работат на изнаоѓање решение“.

Свобода признава дека е загрижен малку за ситуацијата во Македонија. „Загрижен сум поради то�� што владата е многу слаба во однос на реформите.“, нагласи Свобода.


#
Статијата е прочитана 1380 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 07.07.2010 00:17:30
„Владата е многу слаба во однос на реформите“ - но затоа е се’ посилна во однос на мускулите. Може не случајно, и премиерот бил боксер. И затоа што во Брисел почнаа повеќе да го есапат Црвенковски отколку Груевски, на вториот не му се арно пишува (во извештајот). ( http://otpor.log.ph )
Од: Миле - Охрид
Датум: 07.07.2010 00:26:54
За да ја одмори малку грчката дипломатија, во процесот на блокирање на пристапот на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА кон ЕУ, БЦ ја превзеде „штафетната палка“ за да одложи давање датум за преговори заради неисполнетаи критериуми. Тој треба да ги убеди Европската Комисија и Европскиот парламент дека згрешиле кога констатирале дека Македонија ги исполнила бараните критериуми. Тие треба да ги рвидираат нивните одлуки. Треба да и се даде време на Грција да се соземе од економскиот шок и да продолжи со блокадите, таму каде што застана. БЦ знае дека сеопфатно решение за сите проблеми во Македонија е тој да дојде на власт (по можност без избори) и да го промени името со што ќе се елиминира потребата од сите понатамошни реформи и ние автоматски ќе преминеме во комунизам (или овој пат ветувањето беше поинакво!?). Со тоа на Македонија ќе и се одземе и последниот „нишан“ заради кој има потреба за нејзино опстојување како држава. Државата ќе и се понуди на тацна на соседите за распарчување.
Од: Ambasador
Датум: 07.07.2010 01:34:58
Treba ocigledno da primenime veke videno srpskoto scenario (vo slucaj so Kosovo): 1. akcija vo Generalnoto sobranie na OON za dobivanje Sovetodavnoto mislenje od Megunarodniot sud za pravda za legalitet na dopolnnitelnite uslovi nadvor od Povelbata na OON; 2. pravno deluvanje vo Megunarodniot sud za pravda za dobivanje Sovetodavnoto mislenje za zakonitosta na ovie uslovi (1.referencata i 2. pregovorite). Preispituvanje, pravno, treba da sodrzi prashanje za procenka na legalitet na specificni dopolnitelni uslovi za RM pri priemot vo OON i clenstvoto: 1. Referncata (BJRM); 2. pregovorite za sopstvenoto ustavno ime (praven identitet). Po dobivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota i vo rabotata na drugite tela i organi vo OON. So ovaa postapka proces se zavrsuva.
Од: Некој
Датум: 07.07.2010 02:06:39
Не знам колку е објективен текстот само сум сигурен дека Б.Ц оваа посета ја прави за да се увери самиот каде грешел и колку напредува оваа Влада и секако да искористи прилика за направи некои сплеткарења и да ги пласира во јавноста како вина на владата. Пуста желба за власт.
Од: pameten
Датум: 07.07.2010 05:55:26
Potreben e dialog bez tabua. Do Jas: mnogu komentari bea zabraneti vo Makedonija za deceni, so tragichen rezultat - 20 godini bezizlez. Tvrdam deka NE moite, toku tvoite stavovi odat vo prilog na Bugarskite nacionalisti, koi shto odlichno ja znaat starata istorija, no ne sfakjat (ili namerno negirat) site kulturni vrednosti (jazik, literatura, filmovi...) koi shto Makedonskiot narod izgradil za 3-4 generacii. Velepredavstvo e da se povrzuva opstanokot na Makedonskiot identitet so prikazni, kako: "Bugarite se Tatari, nie Bibliski narod' (Arno ama nitu nie lichime na heleneziranite antichki Makedonci, nitu deneshnite Bugari lichat na Bugarite dojdeni vo 6 vek, a 1000... dokazi kazhuvat deka nie i tie poteknuvame od zaednichki (sloveno)Bugarski narod koj shto postoel barem od Sv. Kliment do Mara Buneva) Prashanjeto denes e kako da go zashtitime Makedonskiot identite i po krajot na prikaznite! Inako kako za vremeto na Mihajlov i Venko Markovski pak tragichno kje se podelime....
Од: Мила од Преспса
Датум: 07.07.2010 07:19:47
Очигледно се работи за голем авторитет на Бранко,штом може да ги убеди ебропските дипломати,му се слуша гласот,нели Миленце? Зошто твојот Пастир не го примаат никаде и не му веруваат ништо?
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 07.07.2010 07:33:25
А што би правеле со боксер, тие не боксуваат.Тие размислуваат.
Од: Vodno
Датум: 07.07.2010 07:43:10
Mile crni Mile, koi kriteriumi Makedonija gi ispolnila???? Kriminalot-sicilijanski, sudstvo-tursko, zdravsdtvo u Skolstvo-Burundi??? A sto se odnesuva do imeto, logicno e da bide Severna, sto ce bide so Egejskiot del??? I toj li e del od nekogasnata Makedonska drzava koja nikogas ne postoela 1913? Teritorijalni pretenzii kon Grcija ima DPMNE i Firerot a ne Grcija kon nas, Evropa setio toa go znae.
Од: Od-SKM -za Mile od Ohrid
Датум: 07.07.2010 07:44:58
Gospodin Mile-Ohrid-Ti mora da si tajniot sovetnik na BC sto e komentiras pravata vistina.Nejasno e koj na ova IZLITENO stvorenie mu dozvoli ponovo da ne zakopva vo problemi. Nema kurtulvacka od nego i narodot i drzavata ke ja do prodade.
Од: Leto 2010
Датум: 07.07.2010 08:30:42
Kako mozeteda tvrdite deka branko ja prevzemal stafetnata palka - Mile STAFETATA jadrzi premierot na DRZAVATA i toa cvrsto a toa sto Branko e tamu e poradi toa sto toj e povikan od File za da ja slusne i drugata strana od ovaa drama . Od ovde se gleda deka i tebe ne ti e bas dobro od situacijata vo zemjata koga si izlegol na uterinski i da komentiras . Da ti bese arno ke bese na odmor so familijata ili ke se prskase vo Oxrid ili ke brkase nekoj biznis.
Од: ??
Датум: 07.07.2010 09:35:34
СДСМ заедно со Утрински како да се радува на “неуспесите“ на Македонија?! Тоа затоа што на тој начин мислат дека најповеќе губи Владата?! Јадно и жално! И по стоти пат кажувам: ако мислите дека на тој начин ќе го добиете мојот глас - ГРЕШКА СТЕ! Сакам да видам проекти и понудени решенија. Се друго е мачка во вреќа, тоа продавајте му го на некој друг!
Од: Чегране
Датум: 07.07.2010 09:37:11
Од настапот на опозициониот лидер кај Филе се гледа декс тој отишол таму за да ја кодоши својата земја,што не е прв пат.ЕК констатира дека Македоноја ги исполни условите за преговори со ЕУ,а тој вели вие не сте во право,ние назадуваме!?!?!?!?!?!Наместо да ја нападне Грција за својот уценувачки став тој си ја блати сопствената татковина!
Од: do nekoj
Датум: 07.07.2010 10:28:22
Колку напредува оваа влада, се знае. Колку сонца не греат! Пофалби од сите страни, инвеститорите неможеме да ги обслужиме, работа на сите страни, пари кипат, судството најобјективно во светот, здравството-бесплатно цвета, како и школството, институциите на системот никој не ги рецка-убајни невидени! Сите срекни! Нормално срекни, незнаат ни кој се ни каде се ни зошто се. Си живеет во својот свет, си го сакаат својот водач.
Од: sirma vojvoda
Датум: 07.07.2010 10:51:54
ABE site kolnete site plukate po BC abe kako ne vi e jasno 4 godini ste na vlast ja razoravte cela zemjina polutopka za da najdete nesto za BC ama kako sto gledame nemate nisto vi ostana plukanjeto samo i toa sega pocnuvate nagore da plukate taka da plukanicite se znae kaj zavrsuvaat,ke odgovarate za ovoj 4 godisen grabez za sekoj denar za sekoja udrena tupanica za sekoja zakana vi vetuvame ke ODGOVARATE
Од: Aaron
Датум: 07.07.2010 11:10:07
Ne mozeme kompromisno da go reshime so grcite problemot so imeto. No i da dobieme datum za pregovori trebe da se reshat problemite po 35 pregovorni glavi, sredi niv i za kulturno-istoristkoto nasledstvo shto znachi novi uchebnici, nov stil na prepodavane vo shkolata itn. Ne veruvam ovo da stane do 20 god.
Од: Професорка
Датум: 07.07.2010 11:11:27
Само наивни, заведени, потплатени, но и малку ретардирани можат да мислат дека некој отишол да ја кодоши својата држава во ЕУ. Па тие имаат амбасадори, претставници овде и знаат повеќе од нас самите. Тие не бараат од Бранко промена на името, оти тој тоа не може да им го даде, туку од Грујо. А може го викнале бидејќи знае да склопи нормални реченици и да го гледа соговорникот рамноправно, во очи, наместо искомплексирано под око? А кој и да отиде во Брисел кутриот што да каже, што да излаже. Се е овде прекрасно, Сите работат, се смеат и фрлаат цвеќиња (понекогаш се фрлаат и од балкони).
Од: Goran
Датум: 07.07.2010 13:36:14
Očigledno e deka BC otide da plače tamu i da obeća deka se če napravi samo da go vratat na vlast ovie od EU i SAD nego i negoviot SDSM oti veče im se potroši gotovinata.BC ne zaglavi vo ovaa kal odamna ama da ne izvleče od nea e mislena imenka i za nego.A šo se odnesue do Grujo e tuka e druga pesma,on si ima toa pilištarite od manekeni koi glumat nekoi promotori a go lažat i Koljo a i sebe ama zatoa napraija kilometraža dobra od šetanje.Kako i da e ne ni se pišue arno od ovie ajduci i edni i drugi za niv treba samo da se izradi novo Idrizovo i tamo na edno mesto site od 1991 do 2010 g. koi bile na nekoja funkcija a se da im se odzeme kako vo Srbija i pa da bidat goltari kako pred toa.
Од: Goran
Датум: 07.07.2010 14:55:14
Do Sergej: Epten go esapat Branko. Tolku go esapat sto go viknaa duri do Strazbur za da mu kazat da prestane so glupostite. Sega ke se vrati soopasot pomegu noze.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Има ли спас од ѓубрето?
Со шарени маички во Собранието
Судир на два победнички стила
Коj jа поткопува Антикорупциска
Градската куќа ќе се проектира на слепо
Приватна забава со 100 избрани девојки
Ја меркаме арената „Филип Втори“
Лев не се одделува од синиот пуловер
Invested in Prilep! Invested in Macedonia
Бандеролите ја заглавија јулската пратка на лекови
Белгија сака да посредува за името
Гордата Гана ги поздрави „црните ѕвезди“
Шаванел го почестија со етапна победа
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Карикатура
Октоподот Пол типува на Шпанија
Првин пари за отштета, па свидетелство
Стил
Се трага по спасоносната формула за анкетна комисија