Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Судир на два победнички стила

„Мечот со Германија е најважен во историјата на репрезентацијата. Поважен е дури и од победата во финалето на европското првенство 2008 година“, викна голманот на европскиот првак Шпанија, Икер Касиљес и додаде: „Нашите луѓе не зборуваат за тоа како сме биле добри на ЕП и како тогаш сме ја победиле Германија. Тие зборуваат само за конечна победа на Мундијалот. Според, тоа најважниот натпревар во историјата е овој пред нас. Не дојдовме тука да бидеме четврти. Од нас се бара титула“.

Голманот на Реал е бездруго во право. Шпанија дојде на ова светско првенство како најголем фаворит, а во подмладениот состав на Германија сите се сомневаа. Дури и самите Германци не се осудуваа да предвидат такви брилијантни партии на тимот на Јоаким Лев, кој ги посрамоти и фаворизираните Англија и Аргентина давајќи им по четири гола.

Сепак, колку Германија да изгледа импресивно мечот со Шпанија е различен од оној со Англија и Аргентина. Шпанија за разлика од Англија има индивидуална клас на сите позиции, а во однос на Аргентина е тим во вистинската смисла на зборот.

Тоа го знаат и Германците, кои како и на секој меч ќе влезат со голема самодоверба, бидејќи едноставно таква им е природата, а од неа не се бега, но и со скромност.

„Шпанија нема само еден Меси. Тие имаат повеќе такви играчи. Во средниот ред и нападот има многу фудбалери што можат да решат натпревар. Шпанија не е како Аргентина и Англија, тимови кои прават многу грешки. Шпанците прават многу малку грешки на секој дел од теренот. Во средината ги имаат Чави и Иниеста, а ние ги имаме Кедира и Швајнштајгер. Тоа ќе бидат страшни дуели“, вели селекторот Јоаким Лев, кој вечерва нема да може да смета на суспендираниот поради картони Томас Милер. Негова замена ќе биде или Какау или Пјотр Троховски.

Многу интерес во јавноста предизвика и сината блуза што Лев ја носи под костумот и која, наводно, му носи среќа на германскиот тим.

„Не сум празноверен, ве уверувам, но моите соработници во стручниот штаб ме замолија да ја носам, па тоа ќе го направам и сега против Шпанија. На секој натпревар кога ја носев постигнавме четири гола“, вели Лев, кој не сакаше да ја откри тактиката со која ќе им се спротивстави на Шпанците.

Можеби ќе се одлучи за некоја слична на онаа на Парагвајците, кои го затворија средниот ред на Шпанците и им дозволија повеќе слобода на крилата, откривајќи ја токму таа слаба страна на европскиот првак. Особено во ваков состав со Вилја и Иниеста, кои се одлични играчи, ама секако не се крилни квалитети како Педро и Силва. Впрочем и голот против Парагвај Шпанците го постигнаа кога двајцата беа на своите природни позиции - во средината и нападот. Тоа се фактите, како што е факт дека Шпанија игра подобро кога од игра ќе излезе Фернандо Торес. Останува да се види дали Дел Боске ќе му даде шанса и вечерва со Германија. „Премногу му верува за да го остави на клупа“, коментираат шпанските новинари.

А, и самиот Торес ес надева дека ќе игра: „Тоа ќе биде како финале. Ние сме о��анзивен тим, а Германија игра најдобро досега на шампионатот. Се надевам дека токму сега ќе ја пружиме нашата најдобра партија. Не е битно кој ќе забие, битно е да победиме. Добро би било јас да дадам некој гол, но факт е дека Вилја во моментов е клучот за Шпанија. Дава битни погодоци и ни дава шанса да го освоиме трофејот. Ова е негов шампионат“, го пофали својот соиграч Торес.

Германија досега играше со тројца напаѓачи (веројатно така ќе биде и вечерва), а на Шпанија и беше доволен еден. Тој стил на игра на Германците треба повеќе да им одговара на Шпанците, кои тешко играат против позатворени екипи. Но и во тие натпревари „не умреа во убавината“, за разлика, да речеме, од Барселона која падна пред Интер на Мурињо.

Не случајно Шпанците досега се мачеа. Швајцарија на светските првенства не примила гол повеќе од 500 минути. Португалија до мечот со Шпанија не дозволи да и се затресе мрежата, а играше и со Бразил и со Брегот Слонова Коска. Парагвај во четири меча само еднаш киксна. Против такви организирани одбрани не е чудно што топката врти до здодевност во средниот ред. Но, Германија е поразлична и поотворена и затоа сега се очекува од „црвената фурија“ поголема ефективност. Иако, во право се оние се оние кои велат дека, барем засега, квартетот од Барса Чави - Иниеста и Пујол - Пике не е на своето ниво.

Како и да е Шпанците се пред испишување на својата историја, која Германците веќе одамна ја испишаа со своите три титули. Во 1950 година Шпанците беа четврти, ама тогаш на таа позиција дојдоа со освојувањето на натпреварувањето во група. Во класично полуфинале никогаш не биле, што е повеќе од чудно за земја со таква фудбалска традиција.

Шпанија не е драстично променета од Европско првенство 2008, ама Германија драстично се подмлади и унапреди. Општ е впечатокот дека Германците покажа најмногу на ова СП. Најмногу ново, најмногу воиграно.

Бездруго ова ќе биде дуел на тимот кој веќе подолг период игра најмодерен фудбал и тимот кој во тој поглед направи најголем исчекор на Мундијалот. И секако дуел на два репрезентативни гиганта со идентитет и победнички менталитет, со победнички стилови на игра...Немојте сега да не излажете! (Н.К.)


#
Статијата е прочитана 801 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Има ли спас од ѓубрето?
Со шарени маички во Собранието
Коj jа поткопува Антикорупциска
Градската куќа ќе се проектира на слепо
Приватна забава со 100 избрани девојки
Потребен е вистински дијалог
Ја меркаме арената „Филип Втори“
Лев не се одделува од синиот пуловер
Invested in Prilep! Invested in Macedonia
Бандеролите ја заглавија јулската пратка на лекови
Белгија сака да посредува за името
Гордата Гана ги поздрави „црните ѕвезди“
Шаванел го почестија со етапна победа
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Карикатура
Октоподот Пол типува на Шпанија
Првин пари за отштета, па свидетелство
Стил
Се трага по спасоносната формула за анкетна комисија