Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Со шарени маички во Собранието

Даниела Трпчевска

Мускулести момчиња во тесни бели маички и фармерки покрај првите луѓе во државата, обезбедување што шета во шарени блузи по собраниските холови, бодигарди облечени во лежерна варијанта, кои на влезната врата ги пречекуваат посетителите на резиденциите на државниот врв...

Ваквите сцени не се невообичаена практика, туку полека стануваат обичај во обезбедувањето на важните луѓе во државава. Се воведува некој нов дрес-код, кој не се совпаѓа со нивните работни задачи и одговорноста. Неунифицираната облека, на која нема никакви обележја дека станува збор за припадници на полицијата, често доведува до забуни и до несакани ситуации и инциденти. Пример за тоа е последниот случај во Собранието кога вооружени лица биле забележани како снимаат без да носат некакви ознаки на облеката дека се дел од тимот за обезбедување.

Овој крупен инцидент можеше да има уште пострашни последици, но и покрај силниот притисок на јавноста, надлежните се' уште не дадоа објаснување кој издал наредба припадници на полицијата во цивил да се ангажираат дополнително во Собранието и да ги снимаат пратениците за време на протестот на стечајците.

Надлежно за обезбедувањето на Собранието, Владата, министерствата, како и за политичарите од државниот врв е Министерството за внатрешни работи, односно Одделот за обезбедување лица и објекти, популарно познат како Шестта управа.

Одделот е составен од три сектори (за обезбедување личности, за превентивно обезбедување и за внатрешно обезбедување објекти), како и едно полициско одделение за сообраќајно и ескортно обезбедување. Лицата задолжени за обезбедување на парламентот и на другите витални објекти во државата, согласно со законот, одговараат пред министерот за внатрешни работи.

Но, според одредбите од Законот за Собрание, во однос на одржувањето на редот, се наведува дека лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакнато место на облеката треба да носат обележје. Натаму се наведува дека носење оружје во собраниската зграда не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот.

По инцидентот пред три години кога вооружени партиски лица беа забележани во парламентарните ходници, при што физички беше нападнат новинарот Лирим Дулови, се отвори прашањето дали е доволно обезбеден законодавниот дом, кој се грижи за безбедноста на народните избраници и како е можно вооружени лица да поминат незабележано и да предизвикуваат инциденти.

По тепачката, дел од обезбедувањето беше казнето, дел прераспределени на нови работни места, а Собранието ги зајакна безбедносните проверки на врата. Лицата, пак, ангажирани за обезбедување на внатрешноста на Собранието почнаа да носат слични униформи во темносина или црна боја и лесно да се препознаваат.

Во последниот инцидент што изби пред неколку дена во Собранието, според снимките од камерите и направените фотографии, учествувале лица во цивилна облека, со светли или шарени маици, без никакви обележја дека се припадници на обезбедувањето.

„Припадниците на Шестата управа не се обврзани да носат ознаки на облеката, иако во одредени ситуации може да им биде испишано нивното име и презиме. Но, за сите нив постои задолжителен дрес-код што мора да го почитуваат. Тоа подразбира дека не смеат да носат шарена облека, туку кошула и темен костум за внатрешно обезбедување на објектите”, коментираат поранешни министри за внатрешни работи. Ваквите одредби од Законот не се совпаѓаат со член 43 од Законот за Собранието, согласно со кој обезбедувањето на својата облека мора да носи обележје на парламентот.

Според заменикот-министер за информирање во МВР, Иво Котевски, ирелевантно е тоа дали обезбедувањето носело ознаки или не на облеката. Според него, поважно е тоа што никој нема право да ги легитимира нивните припадници ниту, пак, да ги влече и да ги турка.

„Ако пратениците не го препознале припадникот на обезбедувањето, тоа не им дава право физички да се пресметуваат со него. Доколку забележале нешто сомнително, дека станува збор за лица што не се овластени или е направен пропуст, пратениците се должни да го пријават тоа. Но, не смеат да ги попречуваат службените лица во извршувањето на своите обврски“, вели Котевски.

Според Уредбата на МВР, донесена во септември 2007 година, сако, пантолони, елек, кошула и вратоврска е задолжителниот дрес-код за обезбедувањето на Собранието, Владата, министерствата, како и за бодигардите што се грижат за безбедноста на политичкиот врв. Во Уредбата е наведено дека цивилната облека на внатрешното обезбедување на личности и објекти се состои и од мантил, шал, ремен и слично во зависност од временските услови.

Иако законски не е предвидено, варијации во облеката се дозволени во зависност од ситуацијата, објаснуваат првите луѓе на обезбедувањето. Па така, кога ВИП-от одат на трки, садење дрвца, на лов или, пак, во посета на региони зафатени од природни непогоди, дрес-кодот на обезбедувањето се менува во зависност од пригодата и стилот на облекување на претседателот или премиерот. Сепак, препорачливи се темни нијанси на облека, па се преферираат маички во црна, тегет или сива варијанта.

„Првиот и вториот прстен, оние кои што се директно ангажирани околу безбедноста на ВИП-от секогаш треба да изгледаат спастрено и угледно. Останатите, кои, исто така, се ангажирани околу безбедноста, но се инфилтрирани меѓу народот при масовни собири или манифестации, се облекуваат што понеупадливо за да се стопат со масата”, објаснуваат извори од Шестата управа. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 3699 пати.

Испрати коментар

Од: ја
Датум: 07.07.2010 00:25:46
Со еден збор кажано „РАШОМОНИЈАДА“. Раштиманиот оркестар без доволно стручен диригент на чело на МВР ги прави овие збрки. Не би не зачудило ако еден ден низ Собранието се прошета и некој криминалец кој користејќи го познанството со припадници на МВР ќе изигрува дека и тој е во обезбедувањето на законодавниот дом.А верувам дека и такви ги има.Со оваа власт се е можно.Доста им е ај СИКТЕР.
Од: БЛАМАЖА
Датум: 07.07.2010 01:46:07
Препознатлив стил на дпмне-овците,од партија со препознатливи однесувања на насилство (плукање на Претседателот на РМ Киро глигоров,газење на државното знаме,симнување на истото од јарболот пред Собранието,тропање по клупите во Собранието,демолирање на просториите на нивните опоненти и многу многу други истапи карактеристични и за поголем број од нивното членство)неможејќи на друг начин да избегат од одговорноста ,секогаш го вртат прстот кон другата страна. Прекршувањето на одредбите од Законот на Собранието-највисоката законодавна институција во една демокрактска држава е голем инцидент на Министерката Јанкуловска која остава црна дамка на Македонија која што може да се исчисти единствено со нејзино поднесување на оставка.Меѓутоа тоа би било црна дамка за партијата која е на власт и секако властодржсците ќе морат да ја одбранат насочувајки гопрстот кон другите. Смешен беше и настапот наЃорчев кој никако не одговори на прашањата за прекршување на членот од Законот за Собранието туку
Од: Zoran
Датум: 07.07.2010 02:02:54
Obleceni kako ulicni barabi i reketari se setaat po sobranieto na RM, bez apsolutno nikakvi oznaki i snimaat "privatno" ? Epa ajde koj saka neka vleguva vo sobranieto vo kratki gaki i papuci so kamera vo raka i da si snima privatno ! Ako navistina nekoj takov i vleze vo sobranieto, ke ima li vreme regularnoto obezbeduvanje da reagira, dokolku nekoj od pratenicite ne gi zeme rabotite vo svoi race ? MVR ne e vo pravo i treba da se izvini javno na site parlamentarci. Isto taka vo idnina da povede malku smetka za toa kako im se oblekuvaat sluzbenite lica.
Од: Штипјанче
Датум: 07.07.2010 02:13:39
"Силата е знаење силата е моќ" e паролата на СДСМ, очигледно не се току страшни овие т.н. мускулести момчиња со шарени маички кога исфрустрираните пратеници од опозицијата се осмелуваат да ги нападнат а со тоа и да паднат под нивно ниво ако е заради нивниот политички неуспех ќе ги разберам сепак ова е срамота за еден пратеник.
Од: gogo
Датум: 07.07.2010 07:27:31
добро што уште нр почнале да одат по 3/4 панталони,боксерки или шорцеви и рамбо маички ама се уште не е толку топло времето така да има време летото е пред нас се е можно. напред обезбедување ,гледај си го здравјето остај другите што гледаат и што зборуваат. ај после работа на градска плажа на малку валкање во морски песок.
Од: Облеката на обезбедувањето не го оправдува дивеењето на народните избраници
Датум: 07.07.2010 07:31:09
Едно е да си облечен во маичка, а сосема друго е да те туркаат и влечат збеснати пратеници од СДС.
Од: flying-monaco
Датум: 07.07.2010 07:54:22
Vo vremeto na komunizmot beja uniformirani momchinja i so kalasnikovi i togas imase red i disciplina. Sega socijal demokratski so tesni maichinja, i ako muskulesti, uspeavte da gi pretepate i pak ne vi se dopagja.pa kakvi ke bidat obleceni momcinata ako vie bi dosle na vlast? Gospot ne cuval, sto se spasime od vas.
Од: ...
Датум: 07.07.2010 08:03:53
Кога ќе размислиме, пак пристојни се. Меѓутоа, знаејќи им го капацитетот, не би не изненадило и да се појават онака како за во вежбална.
Од: N.
Датум: 07.07.2010 08:05:57
SRAMOTA!!! Instituciite na drzavata se na mnogu nisko nivo, ako ne pod dnoto ama tuka se nekade, do dnoto...
Од: Rade.Hollandia
Датум: 07.07.2010 08:20:29
Golema glupost tie sto se tepat vo sobranie se tepat za votelja trebe narodo da se digne masovno za da ja srusi vlasta ako ne im je dobra a narodo si sedi nastrana podelen partiski i uziva vo siromastijata ako na takov narod taka im trebe koj i da dojde na vlast isti vilm ke gledat vo makedonija narodo je podelen partiski za leb ke umre ma ke glasa za partija sto nema vrska ili glava ke izgubi isto taka zasto ovde po zapado neje taka znaese ako ima protesti od strana na na narodo protiv vlasta site se pridruzuvat i vladata mora da si dade ostavka narod ja bira narod ja rusi i tie pratenici narod gi je biral vazno guposti i sram za makedonskiot narod.
Од: Трпе
Датум: 07.07.2010 08:34:12
Кога власта осети дека ја губи подлогата под нозе им се јави голем страв.Затоа освен регуларното обезбедување мора да ангажира се живо и диво за обезбедување со вграден дпмнеовски чип.Заклучокот ке биде дека тоа не е власт,тоа се една група страшливци.А секое животно кога е уплашено напаѓа,без разлика колкава му е силата.Кога народните избраници не се сигурни на нивните работни места,како треба да се осека обичниот граганин,сигурно како животно за отстрел.Честитки за демократијата што ни ја воведува ова блада.Полициска држава,нема што.Дојде време секој од секого да се плаши.Ако не на мирен начин со сила народот се држи под контрола.Ова што се случи во собранието е препорака до целиот македонски народ.Седи мадро да не носиш модро.
Од: FALANGA
Датум: 07.07.2010 08:46:20
Od kogo se plasi DIKTATOROT od pratenicite i od stecajcite, sramota nevidena, treba da se plasi od narodot i od gospod, tie gledaat i kaznuvaat, narodotot, i taka i taka za sto evra mozebi nema da go kazni, ama Gospod ne zaborava, gospod gleda do kade stigna ovaa diktatura i ovoj kriminal.
Од: НИКОЛА
Датум: 07.07.2010 09:13:01
Вакви случаи ке ги има се повеке се додека пратеници стануваат луге можеби со некаво завршено школо но со многу малку човечка интелегенција. Се додека пратеникот има имунитет што значи кривично не одговара т.с не важат законите во државата за него ке има уште повеке тепачки поготово што се работи за многу пари што ги добиваат на разни начини. Спремни се на се да направат само да дојдат до поголем статуст.
Од: vodno
Датум: 07.07.2010 09:39:00
Do stipjanceto Spored zakonot nepoznati lica ne smeat da se setaat vo parlamentot i da gi snimaat.Sto ima ponatamu da zboruvame na taa tema koga znaeme koj e kriv.Vaseto odnesuvanje e veke poznato i sto kazuva starata izreka napadot e najdobra odbrana.E bukvalno vie dpmn-ovcite taka se odnesuvate,velite panika neznam kogo go fatila panika od poslednite slucuvanja.Toa e zatoa sto i sami znaete deka krajot vi se blizi i pakuvajte si gi kuferite i toa vo Idrizovo
Од: ??
Датум: 07.07.2010 09:39:36
Значи признаваме дека момциве биле од МВР? Сега проблемот е во кодот за облекување? Мислам тоа е најмал проблем за Министерката - ќе ги казни оние што не ги почитувале нормите и готово. Дали пратениците на СДСМ се подготвени да ја “платат“ својата казна?
Од: Реган
Датум: 07.07.2010 09:42:45
“Овој крупен инцидент“ е намерно предизвикан од опзициони пратеници за да се оцрни Македонскиот парламент.Демек,нема дијалог.Инаку за нив “непознатиот“ требаше да го пријават до службите за безбедност на Собранието,а не да се бијат со него како најдолни уличари.
Од: Komentator
Датум: 07.07.2010 10:33:35
Ovaa.."tepacka" pa luge vo Japan ednas mesecno se tepaat vo parlament..ama Japoncite se gospoda ,se tepaat vo elegantni kostumi kako mu dolikuva na parlamentarecot..vo sobraenie a da podsetuvame nasite "dami" vo parlement vo leto odat i so nalani...e ako tie se stepaat e togas ke vidime ..tepacka...???
Од: sirma vojvoda
Датум: 07.07.2010 10:38:30
za kakva profesionalnost zboruvaat ovie pa zaren mislite deka narodot nafta pie zarem mislite deka mozete da gi sokriete kriminalnite raboti sto gi pravea vasite puleni a sega kako nagrada se vo obezbeduvanje i od tie ljuge treba da ocekuvame profesionalnost??????????
Од: Ljube
Датум: 07.07.2010 10:49:23
Dobro e sto se poveke gragjanite svakaat kakva e sostojbata vo drzavava.Na sto lici "gardot" na Gruevski?Dali toj Urko misli deka e na nekakva obuka so svoite puleni na obuka na nekoja livada onaka oblecen vo pridruzba na premierot.Na sto licat drugite "obezbeduvaci" vo vladata?.No toa e taka koga od ulica se stanuva del na policiskite edinici.Kakva vlada takva i pridruzba.
Од: bobi
Датум: 07.07.2010 11:04:47
Zarem za ovie dpmneovcinja ima nesto vredno.Demokratijata im e ednakva na fasizam .
Од: ivo
Датум: 07.07.2010 11:42:25
Odgovornosta za prisustvoto na ovie lica ,pretpostavuvam policajci od nekakov vid , ja prezema Ministerot za vnatresni.Toa znaci deka ne e vo prasanje puc! Puc bi bil koga vo Sobranieto nekoi drugi policiski ili voeni strukturi od ponizok rang bi vnele "neidentifikuvani " lica ! Toa e dobrata vest! Losoto e vo toa sto se napraveni serija losi procenki i propusti vo procedurata.(I od pretsedatelot na sobranieto koj dozvolil "opasni gosti" i od policijata koja "zgolemenata opasnost" "morala" da ja snima niz hodnicite! Dali e dozvoleno snimanje , prislusuvanje i slicni dejstvija i na koj nacin vo nejavniot prostor na Parlamentot, neznam , ama tie gi znaat site zakoni?! Vazno ne bile tupamarosi," nasi" bile!
Од: вераг
Датум: 07.07.2010 12:53:14
Претениците не смрат да попречуваат службено лице- а од каде да знаат дека е службено лице ако нем униформа или ознаки/ А како тоа е нормално пратениците да бидат снимани во својхот дом- парламентот? И од кога стечајците се закана за јавната безбедност? Нрема сомнение,полициска држава,а на лело на полицијата е роднина и пријателка на Груевски.
Од: mare
Датум: 07.07.2010 13:01:37
Pa ne treba niv da gi kazni, samata treba da se kazni sto dozvolila da se sluci toa. Zar negleda ona kakvo obezbeduvanje i seta niz Sobranie. Ustvari za niv i nivniot stil toa e sosema normalno. Ne znaat oni za kodeks na oblekuvanje. Od kaj dosle i kolkavo obrazovanie imaat (najcesto vo Bugarija) i ova e super. Moze da e uste potragicno.
Од: redovna citatelka
Датум: 07.07.2010 13:45:25
MVR odi so isprobana taktika koja odlicno pominuva kaj nasiot narod, a isprobana e sto pati, duri i na izbori: NAPADOT E NAJDOBRA ODBRANA!
Од: vvv
Датум: 07.07.2010 14:36:36
Do Regan: Abe prijatel, tie "nadlezni sluzbi" nego go pustile legalno da si vleze i da se seta so oruzje. I trebalo da go prijavat,a? Kaj kogo ziti se? Kaj toj sto go pustil da vleze? Ne zboruvaj smeski!
Од: ja
Датум: 07.07.2010 15:45:05
Што е битно кој што носи кога тие во костуми се тепаат.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Има ли спас од ѓубрето?
Судир на два победнички стила
Коj jа поткопува Антикорупциска
Градската куќа ќе се проектира на слепо
Приватна забава со 100 избрани девојки
Потребен е вистински дијалог
Ја меркаме арената „Филип Вто��и“
Лев не се одделува од синиот пуловер
Invested in Prilep! Invested in Macedonia
Бандеролите ја заглавија јулската пратка на лекови
Белгија сака да посредува за името
Гордата Гана ги поздрави „црните ѕвезди“
Шаванел го почестија со етапна победа
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Карикатура
Октоподот Пол типува на Шпанија
Првин пари за отштета, па свидетелство
Стил
Се трага по спасоносната формула за анкетна комисија