Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми

Со новата Уредба, дневниците се сведуваат на 35 отсто, а досега беа 50 проценти

Нина Нинеска-Фиданоска

Во желбата да заштеди и да ги скрати трошоците на административците, односно вработените во државната управа за дневници и за патувања, власта, веројатно, не сакајќи ги скрати и дневниците во приватните фирми.

Познато е дека Владата, со ребалансот на буџетот, кој сега чека одобрување од законодавниот дом, предвиде намалување на трошоците за патувања и за дневници за вработените во министерствата и во другите државни институции.

Тоа е предвидено со Уредбата за измена на Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци, која веќе е објавена во „Службен весник“, и тоа број 82/10. Уредбата веќе важи од 21 јуни оваа година, а ќе трае до 31 декември 2011 година.

Со овој документ, за вработените во државната управа се предвидува намалување на дневниците од 50 проценти, колку што изнесуваа досега, на 35 отсто, а досегашните дневници од 20 отсто кога патувањето не беше на товар на органот на државната управа, сега се укинуваат и воопшто нема да се исплатуваат.

Но, проблемот е во тоа што иако оваа Уредба се однесува на вработените во државните органи, односно во министерствата, државните фондови и агенции, кон неа ќе мора да се придржуваат и приватните компании!

Тоа, практично, значи дека сега и сите вработени во приватните фирми од земјава кога ќе заминат на пат, нема да добијат дневница од 50 проценти, туку само 35 отсто.

На прашањето зошто е тоа така, сметководителите во приватните фирми ни објаснија дека, едноставно, мора и тие да ги применуваат новите правила, бидејќи во земјава постои единствена Уредба за дневници при патувања, па неа мора да ја почитуваат и државните органи, но и компаниите од приватниот сектор. Доколку, на пример, приватната фирма му исплати на вработениот дневница од 50 отсто, а не 35 како што предвидува новата Уредба, тогаш на разликата од 15 проценти ќе морал да и' плати персонален данок на државата. Тоа, објаснуваат во компаниите, ќе биде дополнителен трошок за оние фирми што имаат повеќе вработени, кои често патуваат и користат дневници.

Сметководителите во компаниите добиле вакво објаснување од консултантски фирми од кои побарале совет како да се однесуваат со новата Уредба, по што им било укажано дека за нив е најдобро и тие да ги прифатат новите правила на игра во државната управа.

Објаснувањето од консултантите е дека одредбите од Уредбата се однесуваат на сите субјекти, односно за субјектите од стопанството, за субјектите од нестопанството и за органите на државната управа, бидејќи согласно со колективните договори и даночните прописи, утврдувањето на дневниците и нивната висина, вклучително и неоданочивата висина, се врши според прописите за органите на државната управа.

А прецизно, со новата Уредба дневницата сега ќе изнесува 35 отсто, наместо досегашните 50 проценти, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаите кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управување. Доколку, пак, издатоците за сместување и исхрана не паѓаат на товар на органот, не се исплатува дневница, наспроти досегашните 20 отсто. И трето, ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена, не се исплатува дневница, а досега таа беше 5 отсто.

Вчера се обидовме да добиеме толкување на оваа Уредба и од Министерството за финансии, но не успеавме да воспоставиме контакт со овој ресор.

Досега многу држави применија мерки на штедење во државната управа, но тие никаде не го зафатија и приватниот сектор.


#
Статијата е прочитана 2497 пати.

Испрати коментар

Од: Nato-Jato
Датум: 07.07.2010 05:54:16
A, za ukinuvanje na dnevnicite doma??? Sminka!!!
Од: viki
Датум: 07.07.2010 07:13:16
bravo,vaka se vodi ekonomija ,koga treba da kratat od sekade,dali znaat deka vo privatniot sektor ne ni davaat pristojna plata,a koj pak odi na pat za da zema dnevnica,gazdite i onaka nikoj ne gi kontrolira.kje si napise kolku saka sluzbeni nalozi kolku saka kje prikaze na smetka na patni trosoci
Од: мене
Датум: 07.07.2010 10:57:38
за да ги плаќаат 30.000 партиски војници што ништо не работат, на тие 300 луѓе што се отепуваат од работа во државната администрација, ќе им ги скусат дневниците. Сега никој нема ништо да работи. А зошто да работи, за тие 30.000 лежачи?
Од: JB
Датум: 07.07.2010 11:06:56
Dnevnicite za stranstvo i bez toa bea niski i dvirani povekje godini, a sega e kako kazna da te pratat nadvor na sluzben pat
Од: Privaten Sektor
Датум: 07.07.2010 12:30:44
Zosto lazete? Koja privatna firma isplaka dnevnici za stranstvo??? Dnevnicite za stranstvo si gi zimaat gazdite a vrabotenite gi prakaat so sredstva dovolni samo za prenokuvanje i jadenje nekogas i toa ne im stiga pa treba da vadime od sopstvenite sredstva pa posle ni vrakaat od smetkovodstvo. Koga mu kazav na gazdata da mi isplati dnevnici za stranstvo mi kaza oti ne sum idel ja po rabota tuku da se setam i taka da bidam sreken so ke prosetam malku!!! alooooo ... da ne veruvas
Од: pero
Датум: 07.07.2010 13:03:02
a da gi ukinat dnevnicite na sobranieto za patuvanje do skopje i nazad za tie od vnatresnosta na drzavata ?A?A?A?A?A?A?A
Од: GOKO
Датум: 07.07.2010 13:20:53
Samo taka na ovoj narod si glasaa si dobija....
Од: Aerodrom
Датум: 07.07.2010 16:41:26
Rabotam vo AD, i dosega bev vo zijan koga odev na pat, tek sega ke bide mizerno. Ebate drzavata!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Има ли спас од ѓубрето?
Со шарени маички во Собранието
Судир на два победнички стила
Коj jа поткопува Антикорупциска
Градската куќа ќе се проектира на слепо
Приватна забава со 100 избрани девојки
Потребен е вистински дијалог
Ја меркаме арената „Филип Втори“
Лев не се одделува од синиот пуловер
Invested in Prilep! Invested in Macedonia
Бандеролите ја заглавија јулската пратка на лекови
Белгија сака да посредува за името
Гордата Гана ги поздрави „црните ѕвезди“
Шаванел го почестија со етапна победа
Карикатура
Октоподот Пол типува на Шпанија
Првин пари за отштета, па свидетелство
Стил
Се трага по спасоносната формула за анкетна комисија