|
Првин пари за отштета, па свидетелство
Моника Талеска
ПРИЛЕП - Петте средни училишта во Прилеп не ги даваат свидетелствата за завршена година на средношколците доколку првин не платат пари за отштета, чија висина ја утврдило училиштето. Во некои училишта, како што обвини вчера на прес-конференција општинската организација на СДСМ, се наплаќа по 100 денари, а во други и по 700 денари. Минатата година министерот за образование, Никола Тодоров, беше дециден дека свидетелствата мора да им се дадат на учениците, а училиштата не смеат да ги условуваат учениците.
Незадоволни родители реагираат и бараат примена на препораките на надлежното Министерство. „Ќерка ми заврши втора година во средното економско училиште ‘Кузман Јосифоски-Питу‘, но не доби свидетелство. И годинава како лани бараат 500 денари. Немам намера да плаќам, не го земаме свидетелството. Нека дојде септември, па тие нека ја запишат. На децата им бараат пари за книги што не ги добија и за компјутери што не ги користат“, изјави Михајло Тошески, родител.
Дека парите не им се вратени ниту лани потврдуваат многу ученици што сега се запишале на факултет. Една од нив е Бојана Митреска. „Бараа да платиме по 1.000 денари, а плативме 500 како прва рата. Потоа министерот кажа да ги вратат парите. Прашувавме во училиште, а од класната добивме одговор дека не знае каде да ги бараме парите. Тоа беше се', парите не се вратени“, вели Митреска.
Од општинската организација на СДСМ го повикуваат советникот за образование и надлежните да преземат соодветни мерки за да го решат овој проблем во прилепските средни училишта.
„Некои ученици им ги даваат парите на рака на класните раководители, некои плаќаат на сметка. Каде завршуваат парите?
Само лани во гимназијата „Мирче Ацев“ беа собрани околу 200.000 денари за отштета, а парите не им се вратени на учениците. На седницата одржана на 12 ноември минатата година претседателот на Советот, Димитар Стевананџија, кој е и професор во гимназијата, вети дека парите ќе им бидат вратени на учениците“, изјави Слободан Ристески од ОО на СДСМ.
Советникот за образование во прилепската локална самоуправа, Марјан Матракоски, нема информации ниту дека парите за отштета за лани не се вратени ниту дека годинава се повторува истата приказна.
„На директорите им е кажано дека учениците мора да ги добијат свидетелствата, а наплатата на отштета можат да ја реализираат во друга постапка“, вели Матракоски.
Од Министерството за образование информираат дека условувањето на свидетелствата со исплата на отштета е незаконско и оваа постапка мора итно да се стопира. Доколку учениците предизвикале соодветна штета, наплатата се реализира во друга постапка и не на крајот, туку во текот на учебната година кога е предизвикана.
|
#
|
Статијата е прочитана 615 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: marjan.pp |
Датум: 07.07.2010 00:53:11 |
|
gospodine ministre,vo prilep vladee totalen haos vo obrazovanieto,a kako naj golemi vinovnici se koordinatorot na vmro ingilizov i podracniot sekretar za obrazovanie marjan matrakoski cie samovolie od vrabotuvajne samo na partiski kadri i drugi biznis interesi mu stetat na celiot obrazoven sistem,d o k o g a ova g-ne ministre? |
|
|
|
|
|
|
Од: seit |
Датум: 07.07.2010 07:28:36 |
|
Marjane !! pocekaj malce ke te cue ministerot, mnogu mue gajle na nego sto se pravi vo skoliite po drzavata na nego i VMRO mu e najvazno samo da zbiraat pari od siromasniot Makedonski narod posto toj i taka e siromaf i poslednoto da mu se zeme . ete toa e vaseto sakano VMRO mozebi nekogas ke se razbudite od vo son i ke svatite na koe derege ve nosi VMRO |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 07.07.2010 08:49:24 |
|
Како што го имам разбрано,министерството за образование,оштетените учебници ако не ги плати родителот на ученикот ги плака наставникот.А наставникот ке плати и казна ако секој час не троши по 15 минути за преглед на учебниците во каква состојба се.Ова можеби не е за плакање ,колку што е за заплашување и држење под контрола на наставниците.И волкот сит и овците на број.Уште фали непослушните наставници,министерството да ги тегне и за уши или по испружени раце да ги тепа по стапче.Кој авторитет ке го има наставникот, да ги воспитува учениците ,кога целосно е соголен со послушноста, ако сака редовно да зема плата и да не плака казни. |
|
|
|
|
|
|
Од: sirma vojvoda |
Датум: 07.07.2010 10:42:01 |
|
klasicen GRABEZ ne se raboti za tatkovinata za kesh se raboti |
|
|
|
|
|
|
Од: Bili |
Датум: 07.07.2010 15:18:46 |
|
Znaci kako prilepcanec , i decko koj sto ucese vo Mirce Acev gimnazijata mozam slobodno da kazam deka toa e praksa koja sto se primenuva od 1990 pa navamu.4 godini plakav po 500 denari , nikogas ne gi vidov nazad, i bas SDSM bese na vlast.Taka da glupavo mi e sto citam komentari , VMRO vaka , VMRO taka , od luge koi sto ne ni capnale vo taa gimnazija , ama ocigledno, toa e so nasiov narod. Nemaat druga rabota, tropaat gluposti. |
|
|
|
|
|