Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Се трага по спасоносната формула за анкетна комисија

Трајко Вељаноски треба да биде доволно умешен да ги реши проблемите

Оливера Војновска



Власта и опозицијата имаат 24 часа за да се договорат околу содржината на одлуката за формирање анкетна комисија за собранискиот инцидент, за да може ова специјално парламентарно тело да добие верификација на седницата закажана за утре. СДСМ предлага прецизна формулација и бара „основање анкетна комисија за расчистување на инцидентот и утврдување политичка одговорност за учесниците во инцидентот, за грубо прекршување на член 43 од Законот за Собрание и испитување на сите околности поврзани со инцидентот“. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ инсистираат на тоа комисијата да има поширок мандат, да биде целосно автономна и со називот априори да не се сугерира вина и прекршување на законите. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, сепак, е оптимист дека пратеничките групи денеска ќе ја најдат спасоносната формула за именувањето на самата одлука за анкетната комисија. Како компромисно решение спикерот предлага анкетната комисија да биде формирана по пример на онаа за тепачките во парламентот во 2007 година. Односно, текстот на одлуката да биде насловен како „утврдување на околностите за настанот во Собранието случен на 1 јули и на одговорноста на учесниците“. Меѓутоа, ова не било прифатливо за опозицијата.

„Убеден сум дека доколку и' мислиме добро на Република Македонија координаторите на политичките партии до утре, сепак, ќе размислат и ќе прифатат решение со кое ќе се овозможи да се формира анкетна комисија, која ќе даде свои резултати, а ние како Собрание да продолжиме со редовно работење“, изјави Вељаноски по вчерашната тричасовна координација, која не резултираше со договор. И покрај тоа, парламентарниот спикер оцени „средбата е добар сигнал, бидејќи на неа по подолго време учествувале и координаторите од опозицијата“.

На координацијата кај Вељаноски присуствуваа потпретседателите на Собранието, Светлана Јакимовска, Рафиз Алити и Јани Макрадули, како и пратениците Цветанка Иванова од СДСМ, Горан Мисовски од НСДП, Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ и Сафет Незири од ДУИ.

Макрадули по средбата изјави дека заложбите на ВМРО-ДПМНЕ и на Вељаноски за расчистување на инцидентот биле само декларативни. Според него, тие ги ставиле партиските интереси над државните со тоа што не се оградиле од „недоличното писмо од Јанкуловска до Вељаноски, ниту го заштитиле Собранието од партиско-владиниот пуч“.

„Денеска мнозинството донесе одлука да се прикрие вистината. ВМРО-ДПМНЕ не успеа да стави камче во градењето политички дијалог, од едноставна причина да се скрие вистината и да не се дебатира кој го прекршил член 43 од Законот за Собрание“, рече Макрадули. Тој ги повика ВМРО-ДПМНЕ и Вељаноски „во следните 24 часа да размислат и да направат чекор што ќе ја поправи сликата за Македонија во ЕУ“.

Пратеникот од НСДП, Мисовски, изјави дека со „одбивањето на предлогот за формирање анкетна комисија предложен од опозицијата, Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ испратиле јасна порака дека целиот инцидент бил режиран во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, а реализиран од страна на полицијата.

Заменик-координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Китановски, смета дека СДСМ и' наложува на комисијата да дејствува по конкретен член од конкретен Закон.

„Со предлогот на СДСМ се ограничуваат дејствувањето и самостојноста на анкетната комисија. ВМРО-ДПМНЕ останува отворена за формирање комисија, која ќе го испита целиот случај и ќе ја лоцира политичката одговорност на оние што го предизвикале“, рече тој. За него е бесмисле��о барањето на опозицијата Вељаноски да се огради од писмото на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, испратено до парламентот.

„Не може да се оградите од нечиј допис или став. Тоа може да го направи само оној што го издал. Тоа е бесмислено и е класична замена на тези. Не е работа на Собранието да се оградува од придружни писма што ги добива секојдневно неговиот претседател“, додаде Китановски.

Пратеникот Незири од ДУИ нагласи дека неговата партијата смета оти анкетната комисија не треба да има ограничувања во своето работење во врска со инцидентот што се случи во парламентот. „ДУИ бара поголема автономија на анкетната комисија, а не да се задржи работењето на комисијата во согласност со член 43 од Законот за Собрание“, изјави Незири.

Учесниците на вчерашната средба воопшто не успеале да разговараат за персоналниот состав на комисијата и за тоа кој ќе раководи со неа. Инаку, СДСМ за оваа позиција го предлага либералот Стојан Андов, додека ВМРО-ДПМНЕ е за Павле Трајанов од Демократски сојуз.


#
Статијата е прочитана 470 пати.

Испрати коментар

Од: ivo
Датум: 07.07.2010 11:56:02
Sto ima da se diskutira? Deka pred Sobranieto imalo nekoja "rizicna grupa stecajci"? Deka od taa rizicna grupa dvaesetina se pusteni kako "gosti od osoben rizik"? Deka toa dovelo do potreba " neidentifikuvani tajni policajci" da go kontroliraat nivnoto povedenie niz Sobranieto? Deka "tie rizicni grupi" dosle vo kontakt so "rizicni parlamentarci"? Deka taa sredba trebala da se registrira so tajno snimanje? Deka "rizicnite parlamentarci" i javno , na govornica predupreduvaa deka se inscenira nekoja situacija?! Ustvari, neka diskutiraat, neka debatiraat, neka se anketiraat, a za "vaznite" prasanja neka se podzaboravi dodeka liderite , sekoj za sebe ne sobere po nekoj poen niz EU hodnicite!
Од: вераг
Датум: 07.07.2010 12:56:48
Па Вељановски,ако твојата партија и мисли добро на Македонија,зашто не се сложи да се расправа за членот 43 ?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Има ли спас од ѓубрето?
Со шарени маички во Собранието
Судир на два победнички стила
Коj jа поткопува Антикорупциска
Градската куќа ќе се проектира на слепо
Приватна забава со 100 избрани девојки
Потребен е вистински дијалог
Ја меркаме арената „Филип Втори“
Лев не се одделува од синиот пуловер
Invested in Prilep! Invested in Macedonia
Бандеролите ја заглавија јулската пратка на лекови
Белгија сака да посредува за името
Гордата Гана ги поздрави „црните ѕвезди“
Шаванел го почестија со етапна победа
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Карикатура
Октоподот Пол типува на Шпанија
Првин пари за отштета, па свидетелство
Стил