Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Гордата Гана ги поздрави „црните ѕвезди“

Капитенот Апија најави пласман и битка за шампионскиот пехар на СП 2014 во Бразил

Илјадници жители на главниот град Акра излегоа за да ја поздрават фудбалската репрезентација на Гана, која пристигна дома во понеделникот навечер, прскајќи го нивниот авион со вода и простирајќи црвен тепих за изненадувачкиот четврт-финалист на Светското првенство. „Црните ѕвезди“ се израмнија со Камерун (1990) и со Сенегал (2002) со пласманот меѓу најдобрите осум селекции во светот, но пропуштија огромна можност да станат прв полуфиналист од Африка, не реализирајќи пенал во последната минута од продолженијата против Уругвај. Напаѓачот Асамоа Гјан ја погоди пречката со топовски удар од белата точка откако играјќи со рака на гол-линијата Суарез ја спречи топката да влезе во уругвајскиот гол. Натпреварот по 120 минути игра заврши нерешено 1:1, а пенал-рулетот го добија Уругвајците со 4:2.

Имаше мала горчина меѓу славениците на аеродромот, иако многумина од нив носеа наметки во националните бои - зелена, златна и црвена.

„Ѕвездите се бореа со срце, не правејќи ја горда само Гана, туку целиот африкански континент“, рече Фелисија Ачеампонг, 53-годишна учителка, која беше дел од прославата.

Голема толпа го опседна аеродромот часови пред да слета тимот, свирејќи со вувузели, пеејќи и удирајќи во тапани во карневалската атмосфера.

Тони Бака, 42-годишен маж што дуваше во црвено-златно-зелена вувузела, му даде прекар на своето новородено бебе „Олеле“, како што неговите сонародници му се обраќаат на голманот Ричард Кингсон.

„Тоа е начин да се запомни настапот на ’увездите‘“, објаснува тој.

Гана, чии игри на првиот фудбалски Мундијал на црниот континент ги освоија симпатиите на многумина, беше единствената надеж на Африка откако Брегот на Слонова Коска, Камерун, Нигерија, Алжир и домаќинот Јужна Африка беа нокаутирани уште во групната фаза.

„Го дадовме најдоброто од себе за Гана и за Африка, но среќата не беше на наша страна“, му се обрати капитенот Стивен Апија на одборот за пречек на аеродромот. „Не сум пророк, но сакам да кажам дека ќе се квалификуваме за следното Светско првенство во 2014 година. Ќе бидеме подготвени за битка како претенденти за титулата“.


#
Статијата е прочитана 700 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Има ли спас од ѓубрето?
Со шарени маички во Собранието
Судир на два победнички стила
Коj jа поткопува Антикорупциска
Градската куќа ќе се проектира на слепо
Приватна забава со 100 избрани девојки
Потребен е вистински дијалог
Ја меркаме арената „Филип Втори“
Лев не се одделува од синиот пуловер
Invested in Prilep! Invested in Macedonia
Бандеролите ја заглавија јулската пратка на лекови
Белгија сака да посредува за името
Шаванел го почестија со етапна победа
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Карикатура
Октоподот Пол типува на Шпанија
Првин пари за отштета, па свидетелство
Стил
Се трага по спасоносната формула за анкетна комисија