Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Влатко Илиевски

Ја меркаме арената „Филип Втори“

По концертот во полната сала „Борис Трајковски“, поп-пејачот Влатко Илиевски крои планови за нов рекорд - настап пред 50.000 луѓе

Катерина Шекеровска


Миленикот на женските срца и ексклузивец на „План Б-продукција“, Влатко Илиевски, штотуку го заврши снимањето на својот најнов видеозапис за песната „Пред да те знам“ (Владимир Дојчиновски - Дојчин, музика и аранжман и текст - Весна Малинова), сместена на актуелниот албум што се појави на музичкиот пазар пред еден месец „Најбогат на свет“.

Записот кој е во кантри стил се снимаше два дена на повеќе локации во околината на Битола и Мариовско, а во него, пред камерите на режисерот Дарио Јанковиќ, покрај Влатко, главната улога ја има и неговата девојка Теа.



На кого ја посветивте песната „Пред да те знам“ и како помина снимањето на спотот?

„Песната ’Пред да те знам‘ е последната што ја снимив за албумот ’Најбогат на свет‘. Не беше планирана да влезе на албумот, но излезе многу спонтано, лесно, ја снимивме од прва. Песна која нема да ја посветам на никого, ова е песна за мене. За неа Весна Малинова го напиша текстот не повеќе од 20 минути, а Дојчин ја сними музиката од прва. Многу едноставна, а од друга стана многу тешка, комплицирана, песна за која времето допрва доаѓа. Нема да ја форсираме, ќе ја оставиме публиката сама да си ја сфати и избере за своја. Уште една песна што мислам дека ќе стане мој препознатлив знак. Снимањето на спотот помина одлично, на неколку пати бевме на граница да го откажеме поради облаците, но како да беше се' договорено, па точно кога бевме подготвени за снимање - облаците ги снемуваше. Режисерот Дарио Јанковиќ имаше одбрано прекрасни локации...“



Какви се другите планови за летово? Покрај настапите, ќе имате ли време и за одмор?

„Во тек на летото ќе следуваат многу настапи, снимања, може уште некој голем концерт во поголемите градови низ републиката. Време за одмор немам и не сакам да имам. Се одморам кога работам и кога успешно ги завршувам работите“.



Задоволни ли сте од снимањето на новата ТВ-серија „Од денес за утре“, која се очекува да почне да се емитува наесен?

„Презадоволен сум од снимањето и од целата екипа што работеше на серијата. Тоа е мој прв телевизиски проект како актер, кој се случува во почетокот на мојата актерска кариера. Работев со големи професионалци од кои научив многу. Лично од серијата очекувам да направи огромен успех како кај нас, така и во другите балкански земји. Се надевам дека наесен серијата ќе продолжи да се снима и дека ќе биде најпопуларниот проект во последниве 20 години во Македонија“.



По солистичкиот концерт и полна сала „Борис Трајковски“, што е нареден предизвик?

„Имам многу предизвици, салата ’Борис Трајковски‘ е само еден проект што го имавме зацртано одамна и го остваривме со огромен успех. Можеби в година повторно ќе се вратиме во салата да направиме ��ште поголем спектакл од овогодинешниот, а секако дека кога ќе биде готов Градскиот стадион, веќе правиме планови и имаме идеи за концерт во Скопје пред повеќе од 50.000 луѓе. Треба многу работа, добри квалитетни песни, да помине време и на крајот се' ќе биде во ред“.

„СУНЧАНЕ СКАЛЕ“

Денеска заминувате во Херцег Нови каде што со песната „Среќа“ ќе настапите на финалната вечер (9 јули) на фестивалот „Сунчане скале“. Какви се Вашите очекувања?

„Да, заминувам за Херцег Нови, на фестивалот ’Сунчане скале‘, настап што го добив како второпласиран на Скопскиот фестивал. Кој ќе оди и како ќе излезе на крајот ќе видиме во петок вечер благодарение на феноменалната организација на луѓето кои ми ја дадоа наградата за учество на фестивалот. Немам некои големи очекувања, исто како што немаат ни луѓето од МТВ кои веќе еднаш ја оштетија оваа песна, а и сега за вториот интернационален настап на песната не ги интересира... Јас ќе дадам се' од себе колку што можам, па ќе оставам повторно публиката да одлучи.“


#
Статијата е прочитана 1314 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Има ли спас од ѓубрето?
Со шарени маички во Собранието
Судир на два победнички стила
Коj jа поткопува Антикорупциска
Градската куќа ќе се проектира на слепо
Приватна забава со 100 избрани девојки
Потребен е вистински дијалог
Лев не се одделува од синиот пуловер
Invested in Prilep! Invested in Macedonia
Бандеролите ја ��аглавија јулската пратка на лекови
Белгија сака да посредува за името
Гордата Гана ги поздрави „црните ѕвезди“
Шаванел го почестија со етапна победа
Власта ги скрати дневниците и во приватните фирми
Карикатура
Октоподот Пол типува на Шпанија
Првин пари за отштета, па свидетелство
Стил
Се трага по спасоносната формула за анкетна комисија