Никол Кидман
Се плаши од сонцето
Актерката Никол Кидман, иако со кармин на усните и руменило на образите, сепак, изгледа безживотно. Таа е побледа од кога и да било порано, што и не е чудно зашто на секој можен начин се обидува да го избегне сонцето.
Имено, извор близок на актерката неодамна откри дека таа се плаши од сонцето и дека по никаква цена не сака да поцрни. За време на снимањето на комедијата„Just Go With It“, на сончевите Хаваи, Никол седела во сенка, прекриена со долги туники, шапки и очила за сонце. „Снимањето на Хаваи беше вистински предизвик за неа. Го молеше режисерот да ја држи подалеку од сонцето“, изјави неименуван извор, кој додаде дека Кидман користи крем за сонце со заштитен фактор 100! |