Број 3346  петок, 30 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Брачен пар во Франција си уби осум новороденчиња

Мајката ќе одговара за смислени убиства, а таткото за криење на злосторството

Од нашиот дописник Тони Гламчевски

Стразбур - Остатоци од тела на осум новороденчиња беа пронајдени во градината на една селска куќа во Виле-о-Тертр, на северот од Франција, при испитувањата направени од страна на истражните органи на 27 и 28 јули. Ова е сигурно едно од најгрозоморните случаи на убиства на деца во Франција.

Остатоците од бебињата беа пронајдени од страна на новите сопственици на куќата, која им припаѓаше на родителите на уапсената жена. Тие копајќи во градината за да изградат базен ги најдоа коските од првите две тела на бебињата закопани во градината, по што веднаш ја известија локалната жандармерија. Истражните органи, помогнати од пет специјално дресирани кучиња, детаљно ја претресоа куќата при што најдоа уште шест тела на бебиња. Пребарувањата, како што јавуваат француските медиуми, завршиле во средата вечер.

Истражните органи ги уапсија мажот и жената за кои постои сомневање дека се родители на пронајдените мртви бебиња. Тие од соседите се опишани како луѓе без некои посебни приказни, услужни и љубезни. Мажот за кој се сомнева дека бил татко на бебињата е член и на општинскиот совет на Виле-о-Тертр. Градоначалникот на Виле-о-Тертр, Патрик Мерсие, за првоосомничениот вели дека тој веќе трет мандат е во општинскиот совет, секогаш доброволец за акции и многу почитуван од соселаните. За жената, за која се верува дека е мајка на осумте бебиња, во селото се вели дека излегувала ретко и малку била вклучена во животот на селото. Некои велат дека таа имала „проблем со дебелината“, што може да се објасни што никој не забележал дека таа осум пати била трудна. Првиот човек на општината за француските медиуми објаснува дека никој не забележал ништо. Уапсената двојка истовремено има две девојки на возраст од дваесетина години, кои, исто така, имаат деца.

Истражните органи од Дуе веќе потврдија дека пронајдените коски во градината се детски коски на новороденчиња. Тие, исто така, ги пронајдоа поранешните жители на куќата, две лица за кои се сомнева дека се родители на осумте бебиња, кои се на возраст од 45 години. Тие не се преселиле многу далеку од поранешниот свој дом и живееле во близина. Според француското приватно радио РТЛ, жената, наводно, признала дека убила десетина новороденчиња, родени по бременоста која систематски ја криела од својот сопруг. Но, судските истражни органи не ја потврдуваат оваа верзија на радиото.

Најновиот грозоморен настан личи многу на оној на брачната двојка Куржо, при што сопругата во 2009 година беше осудена на осум ��одини затвор за убиството на трите нејзини новородени деца, починати во 1999 година во Франција и во 2002 и 2003 година во Јужна Кореја, без знаење на нејзиниот сопруг.

Според некои процени, во Франција годишно има меѓу 800 и 2.000 бремености, кои се игнорирани, намерно или ненамерно, од бремените жени поради различни психолошки проблеми, но многу малку се оние што одат до убиство на своите новородени бебиња. А, оние што го починуваат тој страшен акт, најчесто ги чуваат мртвите бебиња блиску до себе. Сопругата на Куржо ги чуваше во сандак за длабоко замрзнување, каде што беа случајно откриени од сопругот. Инаку госпоѓата Куржо, во длабока анонимност, неодамна беше ослободена од издржувањето затворска казна и се врати во семејството каде што и натаму се грижи за своите поголеми деца.


#
Статијата е прочитана 1099 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Гробари на новинарството
Надворешната политика без компас
Се плаши од сонцето
Власта не прифаќа одговорност
Грција во заложништво
Распеаниот доктор
Македонија праќа антинато амбасадор во Алијансата
Потценување за Скопје
Отказите во Канал 5 стигнаа до Брисел
Забава до бесвест
Јанкулоска во говорнички занес
Летни молотови коктели
Обожавам свежи салати со лукче и кромитче
Море и љубов - нема поубава приказна
Ѕвездена рехабилитација
Стил
Убавица со благородно срце
Пусто турско
Неделен хороскоп