Број 3346  петок, 30 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

ТВ-фотелја

Пусто турско

Роберт Д. Крстевски

Во предвечерјето на 107-годишнината од Илинденското востание во Македонија нема ни ронка анимозитет кон тогашниот непријател. Напротив. Според принципот „кој се тепа(л), тој и се сака“, на македонските телевизии никнуваат турски серии како печурки по дожд. Мразот го скрши „1001 ноќ“, по нејзините стапки тргна „Ѓумуш“, за тие, полека но сигурно, да им го препуштат местото на сериите „Горка љубов“, „Долина на волците“, „Кога лисјата паѓаат“ и „Гласови во ноќта“.

Македонките и Турчинките повторно плачат како пред еден век, но сега над тажните судбини на главните ликови во турските сапуници. Дел од овдешната женска популација, пак, веќе ги обиколи објектите во Истанбул каде што се снимани сцените од наведените ТВ-серии. Група прилепчанки ги зафатила вистинска еуфорија кога во близина на дуќанот со кожена облека на господин Бурхан од „1001 ноќ“ налетале на Али Кемал. Кутриот, фатен во небрано, не знаел дали да се смее или да плаче над сопствената лоша среќа што се нашол во погрешно време на погрешно место, велат очевидците.

Тие што не се по солзите, а се при пари, веќе ги имаат окупирано плажите во Анталија, Аланија, Кемер, Бодрум, Кушадаси, Белек, Фетије, Мармарис. „Одмазда“ со сите нишани - тие кај нас пет и пол века, ние кај нив секое лето, а често и в зима. На шопинг. И за 8 март, секако.

Кој нема двесте и кусур евра за десет дена со авионски превоз од аеродромот што, каква ли коинциденција, од пред неколку месеци го стопанисува турски ТАВ, ете му го - Крушево. Во највисокиот град на Балканот не се стигнува со авион, но може со коњ, како што тоа секоја година пред Илинден го прават коњаниците од скопско Лисиче. Атмосферата од времето на првата република во Југоисточна Европа ја доловуваат и ентузијастите од манифестацијата „Крушево етноград“, престорени во комити, заптии, турски великодостоинственици и раја. Уште кога ќе се проба од прочуените крушевски „целувки“, локум и колбаси...

Какво чудесно крешчендо на македонско-турските историски испреплетувања и релации, кои од силни турбуленции во подалечното минато постепено преминаа во мирни води, со тенденција да инклинираат во другата крајност. Целосно во духот на Гоцевата максима „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Колку вонвременски, но и актуелно, звучи тоа и по повеќе од еден век од погибијата на најголемиот македонски револуционер, сардисан токму од турскиот аскер во Баница.


#
Статијата е прочитана 812 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Гробари на новинарството
Надворешната политика без компас
Се плаши од сонцето
Власта не прифаќа одговорност
Грција во заложништво
Распеаниот доктор
Македонија праќа антинато амбасадор во Алијансата
Потценување за Скопје
Отказите во Канал 5 стигнаа до Брисел
Забава до бесвест
Јанкулоска во говорнички занес
Летни молотови коктели
Обожавам свежи салати со лукче и кромитче
Море и љубов - нема поубава приказна
Брачен пар во Франција си уби осум новороденчиња
Ѕвездена рехабилитација
Стил
Убавица со благородно срце
Неделен хороскоп