Број 3346  петок, 30 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Антинато амбасадор ќе оди во Алијансата

Според Мартин Треневски, Алијансата во А��ганистан трпи сериозни загуби, па Македонија треба да го варолизира тоа во своја полза

Тамара Грнчароска

Скандалозната платформа на новоименуваниот амбасадор на Македонија во НАТО, Мартин Треневски, вчера беше презентирана пред собраниската Комисија за надворешна политика.

Поблиску до антинатовска агенда отколку до план како земјата да се приближи и да го надмине проблемот кој не' спречува да станеме членка - спорот со името - Треневски вчера рече оти Алијансата со поддршката што и' ја дава на Грција врши „политичка и економска агресија врз нашата земја“. Но, Треневски во своето експозе не се задржа само на неправдата што се врши од страна на НАТО врз Македонија во контекст на блокираниот прием, туку дополни „НАТО е во сериозна криза и на Алијансата не и' цветаат рози ни на геостратегиски ни на воен план“.

Платформата на Треневски се базирала врз, како што наведува, очигледното, а тоа е „Алијансата во Авганистан трпи сериозни загуби, што не би било лошо Македонија да ги варолизира во своја полза: Кога веќе на Алијансата не и' цветаат рози да се инсистира на продолжување на процесот на проширување со земји, кои ги исполнуваат стандардите и условите за членство, во прв план Македонија, па и со Црна Гора и со БиХ“.

Дури и последната донаторска конференција за Авганистан тој ја нарече „повеќе пи-ар отколку реaлна можност работите да се променат“. Треневски презентираше и неостварливи цели, како, на пример, менување на заклучоците од Самитот на НАТО во Букурешт! „Ќе барам да се коригира заклучокот од Букурешт и да се промени односот кон нас“, рече Треневски.

Политичкиот услов кој Македонија го доби во Букурешт за членство, решавање на спорот за името, Треневски го оцени како „бирократско-чиновнички пристап кон проблемот издигнат на ниво на политички став на Алијансата“.

Презентирајќи ја платформата со која треба да ги застапува интерес��те на државата во НАТО, Треневски изнесуваше и лични чувства. Притоа тој оцени дека таму има група пријателски земји преку кои треба да се лобира, а со кои тој контактирал додека бил во Канада, со што неговите ставови веќе, условно, се стигнати во НАТО. Во групата пријателски земји Треневски ги вброи Словенија, Турција, Чешка, Словачка, балтичките земји и посебно Полска, за која рече дека е во срдечни односи со САД и со Франција, а Германија настојува да не и' се забележува поради нејзините гревови кон Полска во Втората светска војна“.

Треневски во платформата како иден амбасадор на Македонија во НАТО ја вклучи и македонската дијаспора, па смета дека со нејзина помош може да обезбеди американскиот претседател Барак Обама да го прими македонскиот претседател Ѓорге Иванов пред самитот во Лисабон, во ноември. Тој изрази и загриженост дека прифаќањето на грчките барања од наша страна во поглед на името „дефинитивно ќе значи капитулација пред агресијата што се врши врз нашата земја над две децении“. „Предупредувам дека евентуална промена на името на нашата држава ќе доведе до нагло ’ладење’ и дистанцирање на најголемиот дел од македонската дијаспора, особено на Македонците по потекло од егејскиот дел кон Македонија, што веќе еднаш се случи при откажувањето на симболот - шеснаесеткракото сонце во 1995 година. Негативните последици по интересите на земјава ќе бидат непроценливи“, заклучува Треневски.

Идниот амбасадор во НАТО, освен што презентираше политички ставови што се многу дискутабилни дали навистина ги промовираат интересите на Македонија за членство во НАТО, се осврна и на економската соработка со Алијансата. Во тој контекст во Брисел на нашите партнери во НАТО ќе им ги понудел прехранбените, текстилните потенцијали, а „особено потенцијалите на воената индустрија на Македонија, кои се огромни“.

Иако членството во НАТО го презентираше како апсолутен приоритет на земјава, сепак, тој истакна дека фактичката состојба за членството на Македонија не е многу поволна. Негово лично чувство е дека поканата ни е на дофат и оти НАТО ќе сфати какви се состојбите на терен и ќе го смени ставот кон нашата земја.

На експозето на Треневски забелешки имаше членот на Комисијата, Павле Трајанов. Според него, не треба да бидеме оптимисти дека спорот за името може да се надмине со други ставови на влијателните членки и оти тоа прашање може да се реши без компромис т.е. со промена на принципот на консензус и на солидарност во НАТО.

Игор Ивановски од СДСМ најостро ја нападна „визијата“ на Треневски, нарекувајќи ја агресивна и конфронтирачка, која ја отсликува внатрешната политика на власта, па е и порадикална. Според Ивановски, амбасадор со ваква платформа, во која бара редефинирање на принципите на НАТО, искажува спротивставување кон политиката и стандардите на Алијансата, каде што ние сами сакаме да станеме членка и, пред се', укажува дека оваа организација е во криза и врши агресија врз нашата земја, уште повеќе ќе ги влоши и така разнишаните позициите на земјата во Алијансата. Ивановски, повикувајќи го господ напомош со ваков амбасадор во НАТО, му порача на Треневски дека ако вака има намера да биде амбасадор, подобро и да не оди.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во своите обраќања ја бранеа биографијата на Треневски како дипломат. Христина Рунчева во тој контекст рече дека тој е „извонреден политичар, кој го испраќаме во НАТО“. Влатко Ѓорчев преку одбраната на политиката на Владата кон Грција и со напад врз грчката политика ја бранеше тезата на Треневски како иден амбасадор во НАТО. (T.Г.)


#
Статијата е прочитана 3187 пати.

Испрати коментар

Од: Realen
Датум: 30.07.2010 00:12:13
Samo edno prasanje. Dali slucajno do vladata ima nekoj psihijatar za da oceni kolku se ovie vmroOVCI normalni
Од: Сергеј
Датум: 30.07.2010 00:14:26
Во интерес на изолационистичката политика на Груевски, наш амбасадор во НАТО ќе е антинато тип; за претставник на Македонија во ЕУ - евроскептик; амбасадор во Грција - гркофоб. Верува ли некој уште дека на Груевски му „лежат“ евроитеграциите?! http://otpor.log.ph/
Од: Центар
Датум: 30.07.2010 00:17:39
Зошто го пратија Мартин Тренески за амбасадор? Прво, тој целосно влегува во агендата на Грујо за останување надвор од НАТО по секоја цена. Второ, неговата сопруга Василка е ќерка на интелектуалниот гуру на Пастирот, “славниот“ и во Прилеп и пошироко добро познатиот Глишо кому Грујо најмногу треба да му заблагодари за дипломата од Економскиот факултет во Прилеп. Требаат ли уште аргументи?
Од: georgi
Датум: 30.07.2010 00:19:25
Vladava go dopre dnoto, nema kadri pa naoga vakvi karakteri. Covekov e nesposoben za nisto. On e osnovac na Fondacijata za Edinsvo i Razvoj na Makedonija. Mnogu dobro se znae civi pari pominava niz ovaa Fondacija. Vane Cvetanov mnogu raboti napomna, klopceto topravo ke se odmotuva.
Од: nick hill
Датум: 30.07.2010 00:32:26
jas mislam deka g.trenevski ima pravo za toa shto go rekol.
Од: Трпе
Датум: 30.07.2010 00:35:37
Тоа е Македонијаааа....Имаме блада од партија која дели на мои и твои,наши и ваши,пријатели и непријатели...........способни и неспособни,учени недоучени.........грагани и селани,културни,некултурни,антички македонци и словенски македонци и најважното богати и сиромави.....апаши и глупи...
Од: Вевчани
Датум: 30.07.2010 00:36:44
Има ли некој нормален во државава.
Од: Jasmina
Датум: 30.07.2010 00:39:35
Martin Trenevski bese Generalen konzul vo Toronto, Kanada i NISTO ne napravi, rezil na makedonskiot narod, pravnik bez znaenje na zakonite, sekogas oblecen vo zolt dzemper na ceremonii koi baraat da bide doteran vo odelo, covek so ogranicen um i bez recnik...Ne znam so koj pamet go prakaat da bide Ambasador vo Nato, zarem nema drugi popametni od nego....Sramota
Од: koleshka
Датум: 30.07.2010 00:54:56
A be chovekot na vremeto se srameshe shto se vika Mitko, pa si go smeni imeto vo Martin. Inaku mnogu ubavo peeshe, alal da mu e.
Од: Brian, Canada
Датум: 30.07.2010 01:09:54
Zosto ne vi se dopagja izlaganjeto na Trenevski? Cii interesi branite, na Grcija ili Makedonija. Dali ste svesni deka ste kompletno na stranata na Grcija voodnos na nadvoresnata politika na Makedonija.
Од: ја
Датум: 30.07.2010 01:42:25
Конечно на својот професор Глишо од Прилепскиот факултет пастирот му се заблагодари за својата диплома.Зетот на професорот е поставен за амбасадор во НАТО.А Амбасадорот е толку моќен што ќе ги убедел сите членки и државава ќе ја внел во НАТО.Она што не му успеа на Буш нему ќе му успеело.Прикаски за мали деца. Срамна дипломатија ако воопшто може да се нарече дипломатија во старт ГАФ.
Од: Crn pojas
Датум: 30.07.2010 02:09:21
Evo i ova vi smeta a nie ne sakame da bideme del od nato so promena na imeto a za vas samo da vlezime vo NATO I EU imeto ni najmalku e vazno,kako ne se stramite.
Од: Gjorgji
Датум: 30.07.2010 02:10:15
Trenevski za ambasador vo NATO? Ama nejse, zivotot e takov, nekoi luge ednostavno imat sreka. Moite zabeleski se sledni: 1. Politicka i ekonomska agresija na RM vrsime samite od vnatre, a ne Grcija ili NATO. Nas e problemot sto demokratskiot proces e kompletno unisten i sto imame nazadna ekonomija kompletno diktirana od drzavata. 2. NATO G-ine Trenevski ne e vo nikakva kriza; kriza vo institucja kako NATO se vika DEBATA. Steta sto nemaat nekoj kako nasiot premier da im go dotera pametot. Za vas sekoja debata e refleksija na kriza. 3. NATO trpi "seriozni zagubi vo Avganistan"?! Me interesira kako ova ke go objasnite. Zagubi- da, sekoj zivot e bescenet, ama seriozni-bi sakal toa da go objasnite analiticki. 4. Znaci sega sme vo grupa so CG i BiH? 5. Promena na zaklucocite od Bukurest?! Ova poscuva kolku vi se limitirano poznavnjata za NATO 6. Jas sum covek od "dijasporata" i odbivam da bidam faktor kako MKD ke si gi regulira rabotite vnatre. Ne se vadate na nas!
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 30.07.2010 04:35:14
Diasporata,i den deneska e istata,kako i predi 20 god. Vancovisti i Titici! Pogledajte ja samo; Najgolemata,,Makedonska" Diaspora : Detroit? Crkvata ,Ragjane na Sv.Bogorodica;Granka od Srpskata Crkva Sv.Lazar i Crkvata Sv.Gjorgi Kratovski; Granka od Bugarskata crkva Sv. Kliment Ohridski!
Од: stole
Датум: 30.07.2010 06:11:35
Vo Brisel vladata praka covek koj go ima smeneto svoeto licno ime od Milorad vo Martin razmislete sto ke napravi so imeto na Makedonija koga mozel svoeto da go smeni, ete vo koj pravec odi i se zalaga nasava "patriotska" vlada. Toj samonareceniot novinar ke na predstavuva Makedonija vo Brisel i ke nas bide ambasador vo NATO, tesko nas gospod neka ni e na pomos.
Од: Strana Gledano
Датум: 30.07.2010 06:59:37
A shto ne e toa tocno shto go kazal!? Pa zar ne se borime za sloboda na govor i slobodno izrazuvanje na svojata misla, toa e nashata politika neka se znae jasno i glasno deka ne go menuvame svoeto ime za da vlezime vo NATO i EU, shto treba da pravime, da im kazime vo oci deka toa shto go pravat e vo red!? Do koga na kolena ce se moliime, godo so krenata glava i samo napred!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 30.07.2010 07:13:00
Ovie i vakvite, oceneti kako neuspesni vo minatoto pak se na scena...Neli se diskutirase na vremeto za probugarstinata na istiot...Koj ke ja rastura drzavata se postavuva prasanjeto..?.
Од: viki
Датум: 30.07.2010 07:13:56
ova lici kako sluga da kazuva na gazdata
Од: Dijaspora
Датум: 30.07.2010 07:58:06
Gospodinot Trenevski e mnogu dobar politicar, a pred se covek. Jas veruvam vo nego i sum sigurna deka ke ne prestavuva vo najdobro svetlo. Bravo gopodine Trenevski, samo taka.... malce se tie luge sto i sakaat dobro na nasata zemja!!!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 30.07.2010 08:28:36
Ех,ах,ухххх...!Овој „извонреден политичар“ како да учел занает кај Хорхе I Минорниот!?Не знаев дека давал часови за еколошки бисери!Или можеби е обратно-Хорхе,учел кај Треневски!Сеедно,од вакви Зелени,ситуацијата ни станува сè Порозева!Пресреќен сум!Откако ќе пропаднат НАТО,ЕУ и (пред сè,најрадосната вест:) Грција,ние среќно ќе си живееме уште илјадници години...Се очекува да испарат и олошот-од-соседи: Бугарија,Србија,братска Албанија и република Косово,и потоа-Ќе немаме никакви проблеми!Ќе може убаво да си седиме и владееме од златните фотелји!Сами на Светот!Ех,Сите 6 милјарди:саде Македонци-дијадроси,Потомци на Амебите!Колку прекрасно!Уште,ако ни се вмеша црквата (главната причина за досегашното наше постоење;)во 80илјадното опстојување,каде ќе ни биде крајот!Се очекува и најблиските од фирмата „партнери на господ“ да го изнесат своето советодавно мислење!
Од: Љубчо Вељанов
Датум: 30.07.2010 08:38:18
По ваше и мајката, која го кара детето затоа што направило нешто лошо - треба да биде осудена за малтретирање на малолетник! Ако членките на НАТО не се доблесни да не подржуваат непринципиелни, антинато политики, тоа теба некој, за да ги предупреди, треба да им го каже отворено. Таква политика, која ги истакнува баш заложбите на НАТО, во никој слушај, неможе да биде антинато политика. Можам да кажам дека вие, а не Мартин Треневски, промовирате натинато политика. Се ужаснувам од помислата дека тоа го правите поради голото критизерство на сопствената држава, од омраза што ја имате кон сопствената влада. Вашата лична омраза е ве заслепепила и ви го одзела разумот. Разбудете се и сакајте си го сопствениот народ, зашто и вие му припагате нему.
Од: atanasija
Датум: 30.07.2010 08:42:29
Veece e jaqsno razmisluvanjeto na g.Gruevski:nikoj pred nego,no i ne ostava prazni mesta.Gi popolnuva dupkite sto se otvoraat na odredeni zahtevni rabotni mesta,a toj tie gi popolnuva so lica-ne so licnosti,kolku da ne se prazni.Zar toj film narodot ne go vide-i go gleda-so izborot na g.Ivanov za pretsedatel na Drzavata.Komu mu e gajle za narod,za Drzava:ima falinka vo razmisluvanjeto na g.Gruevski,no nikogas na negova licna steta.Toj e prviot,site drugi se samo lica od zadninata.Zalno.
Од: ivan
Датум: 30.07.2010 08:45:20
Chudam se dali ima druga drzava,kojato sama da se unishuva...?! Pazi,tova e sramota... Kolko ushte ke traat site makedonci?! Balkanot odi napred,a RM chekori nanazad... Kolko ushte moze da se izdarzi vo takov trend?!
Од: Морнар без море
Датум: 30.07.2010 08:48:35
Според теркот на вмро. Прав човек, за задачата: оддалечување од НАТО. „Грујо & Со“ на домашен план ги рушат патиштата кон Европа, а чоеков, таму, во срцето на Европа, во Брисел, ќе оневозможува случајно некакво подобрување да не се случи во релациите со НАТО. Се е тоа во идеата на вмро да не` направи „остров“. Но, нема да бидеме остров во светското море, во комуникација со Светот, туку копнен остров. А, тоа може да биде само дупка, без било каква врска, со било кого.
Од: Aaron
Датум: 30.07.2010 08:49:06
Golemoto prashane e koj komu e potreben: NATO na Makedonija ili BJuRM na NATO!
Од: Kire Krsteski
Датум: 30.07.2010 08:49:56
Vo Makedonija prepolno e zanesenjaci koi nerealno gi gledaat rabotite , osobeno vo medjunarodnite odnosi. Se dodeka mislat deka Makedonija prestavuva nekakov vazen faktor vo odnoisite, nemoze da se izgradi realen pristap kon rabotite. Videte ovoj nas apoliticar sto veli: toj ke go koregiral NATO pri donesuvanjeto na po nego pogresnite odluki. Toj otvoreno ja kritikuva EU, SAD, NATO ne vodejki smetka deka vo politikata onoj koj se luti gubi. Sto sakaat tie lugje poveke od Medjunarodnata zaednica. Bus so site sili kako nikoj do sega ne podrzuvase za clenstvo, EU isto taka, Solana, Ren, Fuere, pa i Grcija ako sakate, go prifaka imeto Makedonija(Rep.Sev.Mak). Odrednica so koja ke se odvoi anticka Makedonija od denesnava nasa Slovenska odnosno multinacionalna drzava koja nema vrska so Antikata. Nie si imame tradicija slovenska stara 12-13 veka kako niedna nacija vo svetot. Dovolno sosema.
Од: Миле - Охрид
Датум: 30.07.2010 08:56:52
Говор како овој на Игор Шема, полн со толку омразан навреди, омаловажување и закани на македонците кои сакаат да си го сочуваат името немам сретнато од времето на Демостен и неговите „филипики“. Само сега тој се одвиваше во македонскиот парламент, а не во Атина. Разликата, овој пат, е и во тоа што е загрозено опстојувањето на македонците и се работи за 21-ви век. Колку понижувачки и срамно. Начинот на кој шема говореше неодоливо ме потсетува на времето кога вака беа напаѓани сите оние кои се обидуваа да си го сочуваат имотот во времето на „колективите“ или кои не мислеа дека „плурализмот на интереси“ и „самоуправниот работнички социјализам“ се вистинскиот пат за влез во комунизам. Овој пат шема настапува со тезата дека само прифаќањето на грчките шовинистички барања за промена на нашето име се сеопфатно решение за сите проблеми во државава и се заканува - „ако не сакате да бидете силувани, легнете и уживајте“.
Од: Kalimero
Датум: 30.07.2010 09:01:28
Pa do koga vakvi mastodoni i bastioni ke bidat vo politkata?Site mozni vladi gi izdrza i pak e nezamenliv.Dobra e taa logika...da ne se menuvaat kvaltetni pretstavnici na drzavata,no ne vakvi kako Trenevski.Kolku sto me drzi memorija ova ne mu se prvi "biseri"??
Од: bobi
Датум: 30.07.2010 09:32:42
Se e isto kako od 98-2002 godina ,samo dejstvuvanjeto e vo uste polos pravec.Istite luge se stavat na odgovorni mesta.Znaci prerodbata bese maska za lugeto da glasat za unistuvacite na drzavata koj bea na vlast od 98-2002.
Од: Нате
Датум: 30.07.2010 10:02:08
Се комплетираа. Имаме евроскептик задолжен за евро интеграции а сега НАТО скептик за НАТО интеграции. Тоа се јасни сигнали дека оваа власт не сака Македонија да стане рамноправен член ниту на ЕУ ниту на НАТО
Од: lile
Датум: 30.07.2010 10:14:24
"izvonreden politicar" koj kako minister izjavi deka naseto zname e"ventilator" i deka ne treba da go pocituvame.I sega toj ke raboti za Makedonija?Premiere,osvesti se kogo prakas vo Brisel.Popravi ja greskata,ima uste vreme
Од: dejan
Датум: 30.07.2010 10:14:35
za toa deka alijansata trpi zagubi vo avganistan ne e tajna i zapadnite mediumi toa najmalce ednas vo nedelata go pisuvaat toa istoto a i mnogu drugi po krasni raboti za toa so grcija ministerot isto ima pravo pa ponekogas e podobro da si realen i da go kazis toa sto go mislis otkolku da se pridrzuvas do nekoj diplomatski recnik i da raskazuvas kolku e se rozovo kako toa sto go pravea site vo poslednite godini pa dosta e veke 20 godini lizime gazovi i eden se najde maz sega i rece ne negopravam toa oti ne e ubavo a vie odma se nafrlivte na nego pa demek i mnogu steta ni napravil pa na koj mu smeta neka pojdi sam vo brisel i da lizi ponatamu mozi ce ni prostat
Од: Olivera
Датум: 30.07.2010 10:36:27
Одлични тези, кои требаа да се промовираат уште пред десетина-петнаесет години, а особено во 2008 година пред Самитот во Букурешт, зашто услов за промена на име не е и не може да биде услов за прием во ниту една алијанса, па ниту во НАТО. Само, со Еленовски како минисгтер и со Ружин како амбасадор во НАТО, таков исправен став, како овој на г. Треневски, кон нашата земја сигурно не сме можеле да постигнеме, за жал.
Од: do brian canada
Датум: 30.07.2010 10:57:26
brian, od koe selo si od Makedonija i kade vo Kanada cistic kenefi?
Од: Словенија
Датум: 30.07.2010 11:04:16
Уште еден од плејадата национални анти-глобалисти, директен потомок на Аце античкиот. Очајниците од Брисел нестрпливо ги очекуваат ваквите шушумиги да ги спасат и просветлат. Ајде Митре, пардон Мартинчо, оди исплескај ги и конечно да ја завршиме таа работа.
Од: realen
Датум: 30.07.2010 11:11:24
Ovoj bivs novinar na Tanjug navistina ima diplomatski recnik i e "odlicen" izbor za nevlez vo NATO. Cestito!
Од: Do Brajan -nepromeneto ime?
Датум: 30.07.2010 11:16:24
Za kakvi sovinisticki Grcki baranja zboruvas coveku? Teritorijalni pretenzii kon Grcija imame nie a ne Grcija, Cento sakase n Solun da ide, Ljubco vtor kongres na NACI-VMRO da ja drzi vo Solun, Firerot se slika pred karta na Teritorija na Makedonija a ne drzava??? Grcija mora da si gi brani svoite prava, so ovie deca od vladata zradi pari ce ja prokockat drzavata. Tito ni pokloni SRM, a ako ne rifatime Severna MKD otide sve/
Од: ГРКОФОБИ
Датум: 30.07.2010 11:33:33
Не се некои ГРКОФОБИ туку вие сте ГРКОМАНИ. Штом подржувате промена на име врз основа на грчки фашизам и лага. Е несмее да помине неправда и лага како што прави Грција па за што било да се работи. Грчката лага за Македонија треба да се разобличува.
Од: ?!
Датум: 30.07.2010 12:05:23
Замислата е добра,нозакаснета.Сега кога финишира авганистанската приказна,незнам колку е издржано да се испраќаат за курбан,при разврската.Виетнам изгледа за сите е наравоучение а за нас само филм.Филмот во реалноста е страшна работа,а одењето по испразнетата торба е ептен наивна работа.Но одсекогаш не не бивало за џамбазлок,а и празната торба некако полесно се носи низ високите авганистански планини.А за невлакнестоста во јазикот не треба многу секирации.Подобро за двете страни да се начисто,одколку да кохабитираат преку фатаморганската илузија.
Од: karokan "gambit"
Датум: 30.07.2010 12:48:02
Crn pojas,sto se razbiras ziti se od ime i prezime!!! Sto se razbiras od identitet i jazik!!! Pa zarem mislis deka imalku obrazovan covek ce gi procita tvoite intelektualni moznosti.A tie se mali, veruvaj. So takvo intelektualno nivo i ne mozes povece da vidis Ednostavno se ti e kako vo magla!!!! Zatoa potpisuvaj se so "crn prevez", namesto pojas!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Goce
Датум: 30.07.2010 13:53:12
Dali vo pesnava od Rambo Amadeus NEKOJ ke se PREPOZNAE? http://www.svastara.com/muzika/?tekst=11494 samo eden stih: "Ako je zemlja čamac, znamo ko je kapetan, Što smo bliže brodolomu on je više sretan. Duboko uveren kormilari u mnogosedu, Dok on sere, veslači govna jedu!"
Од: Makedonija
Датум: 30.07.2010 13:54:30
Честито за Мартин Тренески.Што не одговара сега на комуњарите .Таткому Злате беше добар комунист,првоборец.Јас лично го познавам.Г.динот Мартин Тренески е добар ВМРО-вец...што е работава кому не одговара.Мислам дека сите си го лажете народот.Кавгата во парламентот дали е ВИСТИНИТА.Сепак се радувам што ако е син од првоборец,значи се борел за Македонија,така и неговиот син ке се бори за Македонија.Нормално треба на НАТО да му рече НЕ.На Македонија сепак повеке од НАТО и е важна ЕУ.Ако се работи за целосно бришење на името МАКЕДОНИЈА,тогаш не е важна ни ЕУ.Слобода или смрт за Македонија.Македонија ке ги победи сите душмани.
Од: observer
Датум: 30.07.2010 14:59:23
Нисто чудно од него Сетете се само на неговото дејствување во времето на владата на благонадежниот, бугарофил со тапија Комплетно во спротивна насока од интересите на државата Само мислев дека ова раководство на ВМРО е различно од она на чело со благонадежниот Љубчо, ама ете сум грешелова именување е само еден од показателите кои укажуваат на пробугарската политика на плагијаторов за кого сум гласал ................
Од: Numb
Датум: 30.07.2010 14:59:35
gospod da ne cuva.... uste sto se ke mora da trpime

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Гробари на новинарството
Надворешната политика без компас
Се плаши од сонцето
Власта не прифаќа одговорност
Грција во заложништво
Распеаниот доктор
Потценување за Скопје
Отказите во Канал 5 стигнаа до Брисел
Забава до бесвест
Јанкулоска во говорнички занес
Летни молотови коктели
Обожавам свежи салати со лукче и кромитче
Море и љубов - нема поубава приказна
Брачен пар во Франција си уби осум новороденчиња
Ѕвездена рехабилитација
Стил
Убавица со благородно срце
Пусто турско
Неделен хороскоп