Недолично, дури мизерно и потценувачки. Само вака може да се протолкува односот на Општина Центар кон своите жители ако се имаат предвид условите во кои ја организираше јавната презентација за урбанистичкиот лик на срцето на Скопје. Правлива просторија од само осум квадратни метри со едвај неколку функционални столчиња ни оддалеку не прилегаат за настан што би требало да се најавува подолг период и организира на ниво на претстава.
Згора на се', голем е пропустот што Општината ја организираше презентацијата токму во екот на летните одмори. Скопје е полупразно, па оттаму неговите жители немаат можност да се запознаат со урбанистичките визии за центарот, а уште помалку да остават своја забелешка или препорака. Така, јавната презентација како да помина тајно.
Сево ова уште толку ги подгреа сомнежите оти станува збор за чисто формална процедура. Факт е дека општинарите постапија согласно со законот, организираа презентација за чие одржување ја информираа јавноста, но, од друга страна, воопшто како да не сакаа да им излезат во пресрет на оние за кои треба да работат. Во случајов, го потценија граѓанинот, а истовремено и Градот Скопје. Наместо да обезбедеа соодветен простор во очекување на оправданиот интерес на јавноста, Општината го направи спротивното. Од старт постави рампа оти само најуопрните можеа да истраат во условите на презентацијата. И не само тоа. Планерите од кои оправдано се очекува да имаат одговори на сите прашања, за подетални одговори ја посочуваа адресата на Општината (или Владата).
Се потврдија сомнежите оти поправниот испит за „Мал ринг“ нема ништо да смени. Општината и Владата ќе ги реализираат своите идеи независно од потребите и од желбите на граѓаните за кои треба да работат додека истовремено од нив и живеат.
Nikoj ne go podcenuva Centar,ama Centar,neka poubavo razmisli.Neznam ,kogaj nauciv ,il procitav; Sekoj ,Narod,Grad, il Selo ima, takva Vlast,kako ,sto i zasluzuva, Naravoucenie e: Centarot ja izbral taa Vlast ,a ne Vlasta Centarot!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 30.07.2010 07:18:18
Оваа гарнитура на власт не е научена на декократски дијалог, затоа она што законски мора да го стори го чини само фиктивно, како и дијалогот со опозицијата.Се е фиктивно и продолжува да се гради виртуелниот свет за оние со розеви наочари...оние другите кои мошне убаво гледаат што ни се случува, се предавници,изроди,непријатели на народот и државата...Да имаат моќ би ги иселиле од државата...а за ќотек...та нели им дадоа на плоштадот...Далиќе има уште и кога ќе се возврати на ќотекот...ШТО ЌЕ И СЕ СЛУЧИ НА МАКЕДОНИЈА...Затоа што веќе не се издржува...
Од: Одличен
Датум: 30.07.2010 08:11:59
Проекто е одличен Колку е убаво. Доста политики.
Од: Центар - вмровска општина
Датум: 30.07.2010 08:53:57
Тоа ти е транспарентност на вмровски начин. Само да не заборавиме, жителите на Центар се тие кои на избори се определија за вмровштина. Оние, кои се покајале, допрва ќе имаат за што да се каат. „Си го тражевте-сега гледајте!“ - така се вели.
Од: Natasa
Датум: 30.07.2010 11:00:26
Dobro e sto avtorot na tekstot konecno resi da progovori za uslovite vo koi se vrsi prezentacijata na detalnite urbanisticki planovi. Za ovie problemi bese govoreno i govoreno , reagirano uste vo vremeto koga gradonacalnik bese Violeta Alarova. Avtorkata na tekstot kako sega i togas bese svedok na nastanite oklu vakvite problemi. Site dosegasni prezentacii, nesomneno i vo idnina ke ja imaat istata sudbina: ke se izlozuvaat planovite vo nesoodvetno vreme i uslovi i toa ne smo za centarot na Skopje no i posiroko. Prasanje od i za graganite : dli e dovolna samo graficka prezentacija na planovite? Ne site gragjani se strucni za citanje na planovite! Potrebno e kako sto se raboti vo civiliziraniot svet, planerite zadolzitelno da izgotvuvaat i maketi vo soodveten razmer. Vaka kako sto se nosat planovite se pocituvaat samo minimum od uslovite i poradi toa reakciite od zasegnatite gragani se zadocneti . Ova sepak ne treba da e opravduvanje i za strucnata javnost koja do skoro nemo gi sledese
Од: ivana
Датум: 30.07.2010 11:16:40
se ova mi lici na detska igra sega sakam i odma sakam,pa dobro sto i mislat ovie vmro-ovcive deka tie se dojdeni na vlast vo cetiri godini da go natrupaat centaro na Skopje da ne recam da go unakazat so se i sesto, pa koj grad vo svetot se igradil za vaka kratko vreme ,sto ke ostane za drugite sto ke dojdat na vlast da ne mislat deka ke bidat vecni so ovie nivni gluposti koi sekojden ni gi prireduvaat nepocituvajki ni proceduri ni rokovi ,so toa potvrduvaat kolku se nepismeni i inaetlivi DECISTA BOZE PROSTOI IM.
Од: antibiotik
Датум: 30.07.2010 12:03:47
Skopje-grad bez gragjani!Odamna Skopje prestana da bide grad,toa e teritorija kade ziveeat 80% od primitivizmot od cela Makedonija,tie 20% se nemocni i maltretirani od vmrovskoto mnozinstvo,Skopje-vmrovski grad.Namesto da se prilagodat na gradsi nacin na ziveenja,tie ni gi nametnuvaat nivnite primitivi stanardi.Kolku od pratenicite na vmro i nivnite dojdenci demek za po sluzba vo Skopje se vratle doma,nazad,nieden,tuku tuka si kupuvat stanovi i so cela familija si ostanuvaat.,zdradite ruinirani,vlezovite smrdat na zaprski,liftovite iskrseni,soobrakajot haos,......primitivizmot go sovlada Skopje,cestitam pobedivte.....