Број 3346  петок, 30 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Мислења

Летни молотови коктели

Гордан Горгиев

Битола стана симбол на борба за праведност. Како што и отсекогаш и' прилегало, без разлика која партија била на власт во државата

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Има ли поубава работа од тоа во лето да се мисли на слободата. Сонце, мирис на убави билки, сите се надвор - и луѓето и животните и „инсектите“. И додека целиот цивилизиран свет оди на одмор, нашиве Грегор Самс постојано мислат како да се трансформираат од грда во погрда слика на самите себе. Навистина неуморно работат и се обидуваат да ги остварат своите подземни сценарија, и тоа на две полиња: тераат тајна дипломатија бегајќи од сопствената сенка, а во меѓувреме апсат политички неистомисленици. За тајната дипломатија друг пат ќе пишуваме, таму не им се мешаме, нека се варат сами во сопствената чорба. Но, за упадите што несмасно ги прават во слободата на граѓаните на Република Македонија, секако ќе пишуваме, ако треба уште илјада пати, се' дури оваа тема не им стане здодевна на сите. И токму така, слободата е „здодевна“ тема во развиените демократии. Таа е како воздухот, не ја гледаш, ама секојдневно ја дишеш. За неа мораме да се избориме, никој нема да ни ја даде на тацна.

И така, додека, веројатно, седите на плажа, не заборавајте да помислите дека некој некаде постојано се бори за сопствената слобода и за слободата на другите. Пишувам позитивна, убава колумна, која зборува за уште една победа на слободата. Впрочем, и целата историја на човештвото може да се сведе на постојана борба на слободата против неслободата. Кај нас, во Македонија, се чини дека слободата неуверливо си го пробива патот. Најстрашно е кога натрапниците на слободата ќе зачукаат на вашата врата. Џони Штулиќ пееше „датуми, сеќавања, контрола чука на вашата врата, регуларна претстава, кој не памти, отпочеток го преживува истото“. Апсењето на семејството Илиевски и (привремената) победата на слободата покажа дека таа одеднаш и за многумина неочекувано зачука на вратата на битолчани. Тие достојно и' одговорија и храбро ја поздравија.

Додека траеше целава двонеделна агонија и поигрувањето со судбината на семејството Илиевски, непрестано мислев токму на слободата. Во едно нормално општество не постои поважна тема од слободата. Не знам дали на сите во оваа држава тоа им е јасно, а ако не им е, тогаш нека им стане што побрзо. Бидејќи не постои помоќен општествен агенс од слободата. Слободата ослободува, е една од познатите пароли на Просветителството и, кој би рекол, на Преродбата. Ете во таков контекст се потсетив на мојата колумна од 23 април 2010 година, насловена „Хероите на нашето време“. Ја прочитав уште неколку пати и веднаш се почувствував како да сум директен соучесник на минатонеделните собитија поврзани со семејството Илиевски. За среќа, и огромен број битолчани, и воопшто граѓани низ цела Македонија, го препознаа последниот браник на демократијата: слободата. И поитаа да се најдат на тој браник, небаре тоа им е света обврска. Па, света обврска им е - токму тоа.

На 23 април 2010, во таа колумна напишав: „Не постои архетип, не постои матрица, не се познаваат меѓусебно, веројатно никогаш и нема да се сретнат. Но, се препознаваат. Една и единствена работа што ги обединува тие луѓе е мизеријата во која се нашле и која дополнително им се загорчува преку неодговорноста на власта. Ги обединува и поривот својот бес и огорченост да го искажат јавно, без да размислуваат за последиците од таквиот јавно искажан став. Затоа се херои.

Херои на нашето време се Душко и Гоце, храбрите млекари што се дрзнаа јавно да проговорат за криминалот во ’Сведмилк‘, а кои откако проговорија, добија казни по 500 евра за нивните нерегистрирани трактори и пријава затоа што го навредиле премиерот. Ги дотолчија луѓето. Ама еве ги пак се борат...“

Се уплашив дека сум направил злокобно претскажување, иако таквото претскажување, сепак, ни го оствари подземната инспирација на груевци. Се потсетив и на едни славни реченици на Монтескје: „Принципот на дејствување на деспотската власт е стравот, а нејзината цел е тишина, ама тоа никако не значи тишина како мир, туку како молк... на оние градови што непријателот тукушто не ги зазел“. Ех, Битола не падна под налетот на оваа власт. Битола им ги помати сметките. Битола стана симбол на борбата за праведност. Како што и отсекогаш и' прилегало, без разлика која партија била на власт во државата.

Во Битола и цела Пелагонија, и СДСМ ја покажа својата сила и волја за праведност во најделикатните моменти. Тоа е она што го заговарам цело време - дека со слободата и праведноста нема играње. Секое поигрување со нив редовно завршува со играчка-плачка. Но, битката продолжува, далеку е од завршена. Ќе се уверите и сами.

Се разбира, сега целата работа со семејството Илиевски треба и мора да се истурка правно до крај. Дали имало мачење, дали процедурата е истерана до крај, дали има повреди во постапката и, конечно, дали луѓето се виновни или не. Тука се на тест и институциите на системот. Има ли и таму херои на нашето време?

Во меѓувреме, оваа Влада веќе не може да не' изненади. Си тера по својот Прирачник за заплашување и замолчување на се' и секој што е критичен спрема неа. Сега влегува во петта брзина: сите што не се со нас се тотални непријатели и врвен приоритет е таквите да бидат замолчени. Тоа е фазата наречена Диносаурус. Имено, за да можел да опстане во живот, праисторискиот диносаурус постојано го зголемувал своето тело и го зацврстувал својот оклоп. Најпосле, изумрел токму благодарение на својата неподвижност. Што би се рекло: премногу оклоп, премалку мозок. Така ќе завршат и нашиве палеоконзервативни диносауруси. Премногу грабаат од народот и премногу го пумпаат полициско-медиумскиот апарат.

П.С. За поздравување е последниот настан на кој премиерот поставуваше камен-темелник по повод изградбата на тениски терени во Орешани. Очекувам следната недела премиерот повторно да се појави во Орешани и да им донира една кутија тениски топчиња на мештаните. Рекети нема, тие се во Владата на РМ.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)


#
Статијата е прочитана 1416 пати.

Испрати коментар

Од: bitolaman
Датум: 30.07.2010 01:10:53
Pocituvan Gordan Ke ti se obrakam bez persiranje zosto i jas sum tvoj sopartiec.Me inicira edna recenica za da ti se obratam onaa-Bitola e grad -simbol na pravednosta.toa e apsolutno tocno.no.....ubavo znaete deka vo Bitola ,sdsm gi izgubi izborite i da znaete deka gi izgubi a narodot ja zadovoli pravdata.dali pocituvan Goradn ste se zaprasale zosto toa se sluci? Jas ke vi kazam. Vo Bitolskoto sdsm veke dolgo vreme preovladuva edna struktura na luge koi ednostavno go potrosija svojot kredibilitet vo korist na stetata na partijata.Dokolku uspeete taa klapa naluge da ja smenete bidete sigurni deka vo bitola sdsm ke gi dobie izborite.pokazete interes vo samoto clenstvo da vi gi kaze tie luge ke vidite deka se raboti za licnosti koi isklucivo rabotat vo svoi interes.Jas ke vi gi nabrojam.Pocnuvajki od klapata zalev-nedanovski-damcevski,potoa ex rakovodstvoto na rek bitola,lutovskki so satelitite pavlovski i sitnite dushi.ako uspeete da gi marginalizirate sdsm pobeduva vo bitola
Од: pero micevski melburn
Датум: 30.07.2010 02:39:16
e goran goran pravo da ti kazam za zalene ste i ti i tvojata sdsm kako mozete od kriminalci da pravite heroi pa mlekarot naravno ce go istura mlekoto koga ima marihuana i povece mu se isplati sigurno i branko mu e kooperant sto nego tolku branite
Од: mitko ima vkus i usul
Датум: 30.07.2010 06:05:50
Momce, degutanto e koga eden funkcioner na SDSM za svojata politicka propaganda koristi citati na Johny Stulic. Nekoi raboti se sveti i treba da se ostavat na mira. Toj sto posto ne bi clenuval vo vasata partija.
Од: marija
Датум: 30.07.2010 07:47:39
Odlicna kolumna !. bravo za bitolcani ,se nadevam site gradovi i naseleni mesta ke go sledat nivniot primer ako nedaj boze se sluci istoto ona sto go snajde semejstvoto na Ilievski. Ne veruvam deka premierot ke im kupi na Oresanci teniski topcina,ke kaze nema pari , site se potrosija za "Skopje 2014".
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 30.07.2010 07:56:03
REKETOT e edno od glavnite oradija za uspesnost na dopolnuvanje i popolnuvanje..na semejniot budzet...toa go znae cela Makedonija osven rozovanite portokalcinja...zaslepeni od svetloto koe im go osvetluva patot i stote cekori...
Од: allex
Датум: 30.07.2010 08:55:09
Odlicna kolumna Gordan. Insistiranjeto na demokratskite vrednosti e nasa osnovna zadaca,no pred se vasa. Kolku poveke go pravite toa i kolku poveke ne ubedite deka toa e iskreno tolku pobrzo ke ja osvoite vlasta. Cesto se vpletkuvate vo filmot na dpmne i licite na niv so sto ja igrate nivnata igra deka site se isti. MORA,znaci MORA da se napravi razlika i vo dejstvuvanjeto i posle vo vladeenjeto deka so promena na vlasta ke dobieme slobodno,demokratsko,stabilno i prosperitetno opstestvo.Najdete nacin da ne ubedite vo toa!
Од: Нате
Датум: 30.07.2010 10:10:26
Одлична колумна и размислувања од еден чист и отворен ум и разум. Благородни и доблесни размислувања за големото отстапување од основната и најважната работа - слободата. Размислувања спротивни на мислите и делата на неговите врсници во владата.
Од: bitolcanec melb
Датум: 30.07.2010 10:36:31
odlicno kazano samo taka prodolzete sdsm bitola e so vas
Од: SDMM
Датум: 30.07.2010 13:45:53
Gordan, cestitki za odlicniot, kako i po obicaj, tekst. Moram da ti priznam deka si eden od licnostite koi ja prosvetluvaat mladata populacija i im gi otvaraat ocite pred vistinata. I kako sto nie mladite umeeme da receme - " Gordan e noviot, sovremen profil na mlad socijaldemokrat" koj site nie bezuslovno go slednime. Pozdrav i sekoja cest
Од: vvv
Датум: 30.07.2010 14:27:13
Do Pero: Ti Pero od Melburn da naucis deka vo makedonskiot jazik ima razlika pomegu Goran i Gordan. I deka iminjata se pisuvaat so golema bukva. Nauci pravopis, pa komentiraj

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Гробари на новинарството
Надворешната политика без компас
Се плаши од сонцето
Власта не прифаќа одговорност
Грција во заложништво
Распеаниот доктор
Македонија праќа антинато амбасадор во Алијансата
Потценување за Скопје
Отказите во Канал 5 стигнаа до Брисел
Забава до бесвест
Јанкулоска во говорнички занес
Обожавам свежи салати со лукче и кромитче
Море и љубов - нема поубава приказна
Брачен пар во Франција си уби осум новороденчиња
Ѕвездена рехабилитација
Стил
Убавица со благородно срце
Пусто турско
Неделен хороскоп