Неделен хороскоп
ОВЕН
Повеќе припадници на овој знак се во тотален хаос. Има повеќе решенија, но ниту едно не ви паѓа на памет. Морате да бидете одлучни во донесувањето одлуки. Ѕвездите препорачува акција. Не се надевајте на помош отстрана. Можни се проблеми со дишните органи. Една од причините за болеста е психосоматски, додека другиот е резултат на престојот во задушлива просторија. Со партнерот можни се конфликти поради бесмислени трачеви отстрана. Не обрнувајте премногу внимание на гласиштата.
БИК
Ситуацијата е под контрола. Одлично се чувствувате уживајќи во друштвото на блиските пријатели. Иако работата напредува, тоа не значи дека треба да се опуштате. Добра, разработена организација носи поуспешна и поголема заработка. Внимавате на здравјето многу повеќе од обично. Хипохондрични сте, но не преземате конкретни акции за да ги спречите непогодностите. Контролирајте ја исхраната. Партнерот постојано го оптоварување со ситници. Надевајте се на големи авантури во областа на љубовта и сексот.
БЛИЗНАЦИ
Финансиската ситуација се поправа. Очекувајте прилив на пари поради кои ќе сјаете, комуницирате, но и непланирано и прекумерно ќе ги трошите. Бидејќи е познато дека лесно приоѓате кон пороци, умереноста ќе биде најдоброто решение. Биолошкиот часовник на многу женски Близнаци отчукува, па имаат желба да бидат трудни. Со партнерот се можни брзи страсни мигови. Кој можеше да помисли дека сте толку разгорени? Впрочем, ова може да биде краток период каде што го надополнувате пропуштеното.
РАК
Многу припадници на овој знак започнуваат нов животен циклус и пополека се приспособуваат кон него. Можно е бизнис-патување и финансиска добивка. Се работи за нешта што успешно ги завршувате, но не планирајте ново работно место. Нервозата што ја чувствувате и болеста на органите за варење се последица на лошото планетарно влијание. Намалете со консумирањето калорични производи и немојте да се нервирате. Одлично се сложувате со некоја Водолија, иако на прв поглед не изгледа така.
ЛАВ
Со доза на оптимизам приоѓате кон работните обврски. Многу Лавови очекуваат јавен настап и унапредување. Финансиската ситуација се подобрува. Здравствените проблеми се последица од претерување со индивидуални работи. За некои проблем се цигарите, за други алкохолот, а за трети и едното и другото. Со партнерот сте на иста бранова долина. Одлично функционирате. Слободните Лавови се обидуваат да му пријдат на некој Јарец. Ќе успеете ли да му одолеете? Тргнете во брза страсна акција.
ДЕВИЦА
Работната ситуација не е на завидно ниво. Причината е пасивноста и вашата особина постојано да се ��отпирате на другите околу вас. Наместо да си замислувате, прејдете во акција и занимавајте се со конкретни работи. Размислувате ли дали ви е потребен совет? Ве надвладуваат стравови, а и повлечени сте во себе. Колку се тие стравови оправдани? Во игра се хронични болести. Љубовта бара жртви. Цената е превисока, па се размислувате дали воопшто да се втурнете во врска. Штом проработи разумот, ништо од страста.
ТЕРЕЗИЈА
Иако својот дел од работата го извршувате беспрекорно, чувствувате дека соработниците тешко ве следат. Затоа избегнувајте тимска работа. Зголемената емотивност може да доведе до психосоматски проблеми доколку ја манифестирате во погрешно време. Тука е и неконтролираното консумирање храна. Внимателно пријдете кон овој проблем. Со партнерот сте во одлични односи. Предност давате на домашната атмосфера, во која, опуштено уживате со нежностите. Слободните Терезии се пред нова врска.
СКОРПИЈА
Проблемот лежи во едностраната комуникација. Чувството дека другите не ги разбираат вашите потреби е плод на преокупираноста со себеси – зголемена доза на нарцоидност. Не е идеално време за започнување на ново работно место, но затоа планирајте за во блиска иднина. Се препорачуваат рестрикции и довршување на веќе почнатите обврски. Можни се проблеми со жлездите и хормоните. Една од манифестациите е вишокот на шекер во крвта. Не дејствувајте емотивно кога е потребно да се биде разумен.
СТРЕЛЕЦ
Се наоѓате пред дефинитивна промена на ниво на личноста. Избегнувајте конфликти на работното место како резултат на незадоволствата од субјективна природа. Од планетата земете го најдоброто, а дадете и вие се од себе. Нервниот систем е делумно разнишан. Донесувате многу одлуки баш во таа состојба, па грешките се неминовни. За почеток, поголема доза на кислород нема да е на одмет. Шетајте! Доколку сте постојана врска, не ви е лесно. Најдете начин за да се согласувате со партнерот. Чувстителноста води кон незадоволство.
ЈАРЕЦ
Се наоѓате во период на големи искушенија и непогодности. Водете грижа за своите пари, постои ризик за губење многу од нив. Избегнувајте било какво инвестирање. Стомачните тегоби се од хронична природа. Обрнете внимание на нив. Нервниот систем има потреба од динамика. Фрлете се на физички активности, тие и како можат да ви помогнат. Младите припадници на овој знак можат да влезат во брачни води, додека, оние постарите, се наоѓаат во фаза на расчистување на честите љубовни проблеми.
ВОДОЛИЈА
Ви се нудат неочекувани бенефиции. Морате да ги грабнете и не дозволувајте да бидете инертни. Поволна шанса не се нуди често. Опасноста по вашето здравје е во форма на нерационално трошење енергија, што доведува до исцрпеност, а со самото тоа и до болест. Најдете некоја златна средина за да се снајдете со сето тоа. На љубовен план можете да очекувате да ви пријде некој Овен. Односите со партнерот се ексцентрични. Правите се за да го придобиете неговото внимание. Избегнувајте импулсивни ситуации.
РИБИ
Полни сте со енергија, хиперактивни. Поволен период за полагање испити, усовршување и работни преквалификации. Не преоптеретувајте се со донесување одлуки за нови работни места. Нервната раздраздливост е составен дел од вашата природа. Смирите ги нервите занимавајќи се со некое хоби. Ова не е вистинското време за решавање на љубовните проблеми. Партнерот смета дека брзате со одлуките, па не може да ве следи. Избегнувајте караници со Лавови и Скорпии, може да останат трајни последници.
|