Алесандра Амбросио
Убавица со благородно срце
Алесандра Амбросио, бразилска манекенка, со години е амбасадор на Националното друштво за мултиплекс склероза
Кога ќе започне летото, преубавата Алесандра не може да крене глава од работа. Речиси и да не постои модна куќа што ја нема ангажирано за реклама на костими за капење. Како не? Изгледа совршено што е гаранција дека ќе привлече огромен број муштерии. По се' изгледа се оствари предвидувањето на сега веќе „пензионираната“ Тајра Бенкс дека во Амбрсио се крие иднината на модниот свет.
Алесандра Амбросио, популарната бразилска манекенка, е една од најубавите жени на светот.Тоа го тврди порталот Askmen на чија топ 100 најжени Амбросио е меѓу првите пет. Освен манекенството, убавата бразилка има направено неколку излети во светот на телевизиски серии „Казино Ројал“ и „Како ја запознав мајка ти“.
Со манекенството Алесандра се занимава од 12. година, а од 2004 година е дел од модното семејство на модната династија „Викторијас сикрет“. Во нејзиниот живот нема скандали и афери, освен што постојано и' се префрлува дека е преслаба, иако таа ги отфрла сите приказни дека е болна од анорексија, па вели дека за изгледот на нејзиното тело е виновна генетиката, здравата исхрана и редовно вежбање.
Во 2008 година Алесандра ја роди ќеркичката Ања Луис, чиј татко е калифорнискиот бизнисмен Џејми Мазур. Таа е позната како убавица со благородно срце - со години е амбасадор на Националното друштво за мултиплекс склероза. |