Новинарите се отпуштаат поради партиска неподобност или непослушност. Професионализмот и исправениот ’рбет одамна не се на цена. Последните чистки во овдешниот медиумски простор покажуваат дека одделни куќи се во толку длабока и сериозна спрега со власта, па „подобноста“ единствено се мери и се премерува по успешните или недоволните успешните фалби за работата на владиниот кабинет. Се' друго е небитно и паѓа во вода.
Новинарскиот професионален ангажман го проценуваат луѓе од повисоки инстанции, а претпоставените - главните уредници и новопечени директори, послушно ги извршуваат непријатните наредби. Притоа, за тоа дали некој ќе се најде на улица, фрапантно, но така изјавил директорот на Канал 5, се раководеле од „апстрактни критериуми“! За жал, тоа е македонската медиумска реалност.
За две недели десетмина наши колеги останаа без работа, а за последната чистка во Канал 5 телевизија, прстот за упадот во професионалното новинарство отпуштените го вперија директно во Владата. Поточно, во премиерот Никола Груевски, кому во отворено писмо, без ракавици и онака директно в лице, една од отпуштените новинарки, Весна Ковачевска-Трпчевска, го соголи системот по кој власта ги врши притисоците врз новинарската фела.
Факт е дека секојдневно десетици и десетици наши сограѓани остануваат без работа. Но, директните мешања во тоа што ќе содржат информациите што и' ги пренесуваме на јавноста значат сигурно чекорење на државата кон тоталитаризам. А убивањето на демократијата нема да им донесе штета само на медиумите, туку на сите нас. Денес на едни, утре на други. Новинарите не се заштитени мечки, како што велат некои, ама кога веќе реагираме на сите девијации и беззаконија во општеството, зошто јавно не би проговориле и за нас. Никој, ама буквално никој од медиумите не може веќе да биде сигурен дека мечката нема да заигра и во неговиот двор.
Зарем не е притисокот ако Владата упорно игнорира одреден медиум кога станува збор за рекламирање на нејзините проекти? А веќе утредента се среќаваат со инспекторите, на кои, ете, преку ноќ им текнало да го чешлаат работењето на нивната фирма. За тоа што „неподобните“ воопшто не се носат на патувања што ги финансира Владата, сигурно не за шетање, туку за пообјективно известување од настаните, и да не говориме. Селекцијата е јавна.
Сопствениците или директорите на медиумите, кои се критички расположени, исто се под своевиден мониторинг. Од нивната отпорност кон пресии зависат и нашите иднини, но и иднината на општеството во кое треба да има демократски натпревар на идеи, а не да биде суров плацдарм за уште пос��рови партиски пропаганди.
На прислушкувањето на телефонските разговори новинарите отрпнаа, иако ни оддалеку не станува збор за нормална појава. Новинарската професија е најнезаштитена од кога и да е порано. Некогашните синдикатите не функционираат, новинарското здружение реагира млако и за чукнување на врата за поплаки единствено остануваат странските амбасади и меѓународната заедница, во поширока смисла. Тие се претвораат во наш ѕид на плачот, иако власта го толкува тоа како изнесување на валканите алишта надвор. Демек, тоа му штети на угледот на државата, а нивните посегања по слободното изразување се нормални!
Деновиве отказите им се делеа на новинарите (и на седуммина техничари) од Канал 5 и на колеги од агенцијата Макфакс. Од оваа Телевизија се слушаат најави дека решенија се токмат и за други наши колеги. Кој медиум ќе биде следниот? Ќе видиме, важно е дека поголемиот дел од новинарите ги поддржаа своите довчерашни колеги. За се' друго е полесно.
Ако се работи за финансиска криза како што се обидуваат да докажат сопствениците, зошто не го отпуштат оној “Светлана Ристова Ристиќ Цеца“ и уште неколку други од негов калибар кои абер немаат од новинарство? Ова уште една тула во ѕидот на фашизоидната влада која Македонија ја носи не во НАТО и ЕУ туку во феудализам.
Од: smile
Датум: 30.07.2010 00:48:14
mnogu novinari vo MK bi zaglavile zatvor da se vo drugi zemji a Makedonija trpi sekakvi skrenati klipani, edno e da kritikuvash vlast a sosema drugo e da e prodavash drzhavata i narodot, toa e neoprostivo vo niedna drzhava vo svetov.
Од: ја
Датум: 30.07.2010 01:24:18
Една поговорка вели:„Баравте - гледајте“.За жал желбата за власт на овие неспособни дечишта која оди до границите на апсолутистичка со елементи на државен терор и угнетување на сите кои не мислат како нив (а како би мислеле како нив кога живееме полошо и од најлошите африкански држави) но добро е што барем оние кои имаат мака од власта јавно почнаа да го креваат гласот.Дали се новинари,земјоделци или студенти сеедно но сепак народот му ја испраќа пораката на пастирот и фамилијата дека ВРЕМЕ ИМ Е ДА СИ ОДАТ.Страв веќе никој им нема.Ако ги заќутат во еден медиум со бркање има каде јавно да го кажат своето мислење.Подршка за отпуштените новинари.
Од: kiroUSA
Датум: 30.07.2010 03:39:32
ke dojde kraj ina ovaa vlada po se izgleda krajot ke im bide mnogu tragicen osven ako baraat azil nekade vo svetot..
Од: mitko za grobarite na tehnicarite
Датум: 30.07.2010 06:13:40
Dosta be Biljano so tie novinari, pisuvaj malku za tehnicarite. Tie se pozagrozeni. I Grujo i VMRO najmnogu niv gi mrazat. I ociglendo e deka tie se otpusteni zaradi svoeto slobodoumno razmisluvanje i zatoa sto ne se slagaat so Vladata.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 30.07.2010 06:55:36
Не се само новинарите на тапет.Се што може да се стави во погон на партијата се става и од невладиниот сектор,дијаспората,јавните претпријатија,јавната и државна администрација...институциите на системот...сите се ангажираат во одбрана на ликот и делото на ОВЧАРОТ но и во заштита на интересите ( читај на арамилакот и кражбите)...
Ова единствено во овие понови времиња го имало кај Николае...??Па се случи народ...Па беше Николае..беше...беше...еееееее.
Од: Гробарки на новинарството
Датум: 30.07.2010 07:26:14
Се согласувам, Билјана со напишаното. Само изменив 2 збора и сето важи и за Утрински. Новинарите се отпуштаат поради партиска неподобност или непослушност. Професионализмот и исправениот ’рбет одамна не се на цена...Одделни куќи се во толку длабока и сериозна спрега со ОПОЗИЦИЈАТА, па „подобноста“ единствено се мери и се премерува по успешните или недоволните успешните фалби за работата на ЦРВЕНКОВСКИ. Се' друго е небитно и паѓа во вода.
Од: Трпе
Датум: 30.07.2010 08:12:59
Проблемот е во тоа што нашата,таканаречена блада,не е гробар само на новинарството.Но сигурно и новинарите се виновни ,кои како седма сила ,континуирано не ја фалат нашата прва сила.А познато е и дека денешните деца сакат многу галење и фалење,ако не сакаш дома да ти прават проблеми.Ние сме си виновни,така сме си ги воспитале.
Од: apolitik
Датум: 30.07.2010 08:42:28
Jas bi rekol ,politickite novinari, grobari na Makedonija
Од: pero
Датум: 30.07.2010 09:04:47
Politikata ne treba da se mesa vo mediumite. Ovaa konstatacija se odnesuva pred site za Vasiot cenet vesnik
Од: Iv
Датум: 30.07.2010 10:17:27
Jovanovska, se nadevam ke go procitas ova i da ne me objavat. Treba da se zaprasas ubavo kolku si profesionalna ti i vo koj period od osamostojuvanjeto imalo profesionalno novinarstvo. A brat ti ke go prasas zosto ne funkcionira ZNM iako so donatorski pari so petni zili nekoj se trudi da napravi zdruzenie koe ke gi pretstavuva novinarite. Nitu e samo Kanal 5 vo prasanje nitu samo konkretnava vlast koja e dovolno nedovetna da pravi vakvi nesta. Korenite na site problemi ti si tokmu tamu od kade sto doagjas (ne Brisel) so umot.
Од: Markos
Датум: 30.07.2010 10:31:47
Авторката во својот „едиторијал„ божем поентира: „...важно е дека поголемиот дел од новинарите ги поддржаа своите довчерашни колеги. За се' друго е полесно„. Црна Билјана - што е полесно? Ако не бевте во состојба да ги споменете барем некои од „сите„ полесни работи, најдобро ќе беше да ја тргнете последната реченица. Вака испаѓа дека е најважна поддршката на стравотната сила што ја претставуваат новинарите. „Кај год„ - би кажале старите Загрепчани.
Од: 3G
Датум: 30.07.2010 11:07:59
Евроамбасадорот вели-неубаво било новинарите да бидат третирани како државни непријатели и да не се цени нивната работа. Полошо од тоа е што тие се навистина такви и што рецка не и удираат на македонската влада, по што се уникатни во светот. Македонските новинари(со многу малку исклучоци со кои не знам како опстанува оваа држава) се уште признаваат само една партија и од неа се раководат а другото е пропратна појава.Нападот врз премиерот е во стилот на битолскиот млекар-типично македонски-скандалозен, примитивен(за стандардите во некои земји со други односи помеѓу новинарството и власта) и далеку од реалноста за услови на приватна сопственос. Таквото тоталитаристичко гледање на власта-само како партија, не остава ниту минимален простор за перцепција на минимум општа општествена функција на власта. Евроамбасадорот и американскиот амбасадор не можат да кажат друго освен дека во принцип имаат интерес за независно новинарство(овде поимано-од националните интереси).
Од: terezija
Датум: 30.07.2010 13:41:08
VREMEPLOV : ... gotovo identichna sostojba i zbidnuvanja od 193... i nekoja, vo togashna Germanija - poochigledno SOVPAGJANJE i ne Vi treba...