Број 3346  петок, 30 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Грција во заложништво

Папандреу најави дека со сила ќе го прекине штрајкот
на превозниците на бензин

Миркица Поповиќ


Грчката влада се обиде да го примени правилото „ако не сакаат со добро, тогаш со лошо“ на сопствениците на камиони и цистерни, кои штрајкуваат уште од неделата. Во средата вечерта премиерот Јоргос Папандреу повика на граѓанска мобилизација и најави присилно прекинување на штрајкот, кој речиси цела недела ја блокира државата и го става во голема опасност јавното здравје. Вчера одборот на штрајкувачите се сретна со министерот за транспорт и врски, Димитрис Репас, но и по четири часа разговори, до затворањето на весникот, средбата не беше завршена.

Независно од барањата на штрајкувачите, грчката влада вчера беше решена да стави крај на блокадата на возачите и сопственици на камиони и цистерни. „Владата е отворена за дијалог со штрајкувачите, но не можеме веќе да дозволиме да се парализира државата“, истакна генералниот секретар на министерството за транспорт и врски, Харис Циокас. Жестоко реагираше и министерот за економија, Јоргос Папаконстантину. „Никакво барање, никаква посебна група граѓани нема право да го држи цело грчко општество во заложништво и да ја парализира земјата“, изјави министерот.

По наредбата на Папандреу, грчкото министерство за транспорт и врски започна со издавање на листови за мобилизација на камионџиите и сопствениците на цистерни, со кои се обврзуваат да продолжат со работа во рок од 24 часа и да започнат да ги снабдуваат бензинските со гориво. За оние што ќе одбијат да ги пополнат формуларите и да продолжат со работа, предвидени се драстични мерки, меѓу кои итно апсење и затворска казна и можност да ги изгубат дозволите за превозници.

Првата реакција на штрајкувачите беше дека одбиваат да се мобилизираат и доколку е потребно, ќе лежат и в затвор. „Мобилизирајте ги нашите возила, ама нас не можете да не' мобилизирате“, изјавија некои од штрајкувачите, одбивајќи да ги возат своите камиони или цистерни. Некои од штрајкувачите истакнаа дека е можно да не ја игнорираат одлуката директно, но дека ќе најдат други начини да штрајкуваат.

Вчера изутрината дојде и до жестоки судири меѓу штрајкувачите и полицијата пред министерството за транспорт и врски во Атина. Инцидентот започнал кога околу 1.500 штрајкувачи се обидоа да влезат во министерството. Откако им бил забранет влезот од страна на полициските сили, штрајкувачите започнале да фрлаат со шишиња кон влезот на министерството, по што полицијата употребила солзавец.

Петте дена штрајк и блокирање на приватните цистерни на нафтените компании, освен што доведоа до комплетна ��аника и нафтена криза, заглавија и голем број домашни и странски туристи во Грција, но ги искомплицираа работите и за болниците, маркетите и земјоделците-производители. Иако засега дотурот на лекови во болниците се одвива без проблем, во некои од маркетите снемуваат резерви од зеленчук, а земјоделците од островите се жалат дека доколку набрзо не заврши штрајкот, ќе имаат сериозни проблеми со овошјето што треба да го пласираат на домашните пазари, но и да го извезат на странските.

Туристите низ цела Грција, но и оние што планираат да заминат викендов се во исчекување. Голем број туристи од Италија, Германија и од Холандија, кои од 1 август имаат колективни одмори, а често доаѓаат во Грција со приколки, се на стенд-бај дали ќе може да остварат зацртаните планови за летување кај нашиот јужен сосед.

Македонското министерство за надворешни работи им препорача на граѓаните што планираат да заминат за Грција со патнички возила да ги наполнат резервоарите со гориво пред да влезат во Грција, а и да внимаваат на количеството гориво неопходно за враќање назад. Се препорачува и да ја следат состојбата во Грција и доколку дојде до некакви проблеми, да го контактираат МНР и македонските дипломатски претставништва во Атина и во Солун.

Со слично предупредување излезе и српскиот амбасадор во Атина, апелирајќи до српските граѓани што патуваат за Грција да наполнат гориво на последната бензинска пред граница во Македонија. Повеќе од 100.000 Срби се заглавени во Грција поради немање гориво.


#
Статијата е прочитана 1673 пати.

Испрати коментар

Од: www
Датум: 30.07.2010 03:01:25
Mozebi U.S. ambasada treba da pobara objasnuvanje od Grcija
Од: mitko bara bozja pomos
Датум: 30.07.2010 06:24:24
E znaci stvarno sme prokolnat narod nie Makedoncite. Sega ne mozeme duri i na odmor vo Grcija da odime. I da odime tamu ke zaglavime, a ako zaglavime ima golema verojatnost deka nema da moze da si kupime nitu edno girence ili suvlakce. Gospod ocigledno ne ne saka. No mozebi ne mu se molime dovolno. Gospode te molam daj im bezin na Grcite za da mozeme tamu da odime na odmor i da im gi ostavime site nasi pari. Taka mnogu polesno ke ni go ukradat identitetot
Од: 100.000 Срби
Датум: 30.07.2010 08:09:08
Во Грција се Русите Срби Македонци но во скапите хотели ги нема богатите германски даночници. Грција пропаѓа. ЗА НЕЗНАЈКОВЦИТЕ-Иако Грција изврши геноцид над македонскиот народ. Иако ова за името е продолжение на геноцидот. Не сакам да пропаѓаат.Сакам во ЕУ со демократија и правда без да не скршат за името. Но Грција пропаѓа.
Од: забеган.
Датум: 30.07.2010 10:23:30
Е овие се потомци на Ацета што се бунтуват а не ние што ќутеме.Ние си сме потомци на Итар Пејо и Насрадин Оџа.
Од: Patnik
Датум: 30.07.2010 11:42:31
Momentalno sum vo Grcija na odmor so semejstvoto i veke od zavcera popladne pocnaa da vozat kamionite sto se zabelezuva po patistata i od pred den i pol pocnaa da nosat i benzin, taka da situacijata poleka se normalizira.
Од: kalimero
Датум: 30.07.2010 13:59:02
Jas mislam deka treba sega enbargo da im vovedeme na Grcite i da im ja zatvorime granicata. Da vidat kako e koga red se ceka za benzin.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Гробари на новинарството
Надворешната политика без компас
Се плаши од сонцето
Власта не прифаќа одговорност
Распеаниот доктор
Македонија праќа антинато амбасадор во Алијансата
Потценување за Скопје
Отказите во Канал 5 стигнаа до Брисел
Забава до бесвест
Јанкулоска во говорнички занес
Летни молотови коктели
Обожавам свежи салати со лукче и кромитче
Море и љубов - нема поубава приказна
Брачен пар во Франција си уби осум новороденчиња
Ѕвездена рехабилитација
Стил
Убавица со благородно срце
Пусто турско
Неделен хороскоп