Министерката на седницата за пратенички прашања имаше четириесетминутна беседа за трговија со дрога
Оливера Војновска
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јакулоска, вчера во Собранието имаше генерална проба пред денешната седница на која парламентот треба да расправа за нејзината интерпелација. На заседанието посветено на пратенички прашања, Јанкулоска беше во говорнички занес. Седната во вториот ред од партерот резервиран за Владата, таа имаше четириесетминутна беседа за битката со трговија со дрога. Одговарајќи на прашањето на пратеникот од СДСМ, Менде Диневски, министерката на долго и нашироко раскажуваше за неселективниот пристап и цврстата решеност за справување со ова зло.
Диневски, всушност, прашањето за „политички монтираниот процес за млекарот Душко Илиевски“ му го упати на премиерот Никола Груевски, кој пак, великодушно и' го препушти на Јанкулоска. А таа, неуморно говореше и говореше... Министрите се потсмевнуваа и се вртеа кон галеријата за да ја видат реакцијата на новинарите. Неколкумина опозиционери (Диневски, Цветанка Иванова, Весна Бендевска, Стојан Андов и Соња Мираковска) колку што беа во салата да го слушаат одговорот на прашањето на нивниот колега, почнаа да негодуваат. Некаде во 20. минута од монологот, спикерот Трајко Вељаноски се обиде да ја прекине министерката, давајќи и' со рацете знак да скрати . Но, безуспешно, таа воопшто не го регистрираше. Либералот Стојан Андов почна да се врти во седиштето, чекајќи да дојде неговиот ред за да постави прашање. Ситуацијата стана и комична. Во еден момент Вељаноски иронично ја замоли Јанкулоска да резимира во една реченица. Меѓутоа, Јанкулоска не можеше да се доискаже, па и' требаа уште пет минути за конечно да заврши и да каже дека „нема индиции за малтретирање и тортура на Илиевски“.
Министерката на крајот му упати и директна закана на пратеникот Диневски: „Клевeтата е кривично дело за кое се одговара“. Сепак, тоа помина незабележано во полупразните опозициски редови. Партиските колеги на Диневски, кои влегоа во салата на крајот од долгометражната дискусија, протестираа кај спикерот само за должината на одговорот на министерката. Тој ,пак, се извлекуваше на Деловникот, каде штоп нема ограничување на настапите на министрите.
Премиерот Груевски не го слушаше маратонскиот говор на министерката. Во тоа време беше во холот пред собраниската сала и и' даваше некакви инструкции на шефицата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.
Претходно Груевски одговараше на прашањата на пратеничката од СДСМ, Весна Бендевска, која обвини за селективна борба со кримина��от. Посочувајќи го случајот на 12 високи раководители од РЕК „Битола“, кои се обвинети за криминал од 7 милиони евра од првата половина на 2008 година, таа го праша Груевски зошто нема обвинение и за актуелниот министер за одбрана, Зоран Коњановски, кој тогаш бил генерален директор на РЕК и дали се обидува да го амнестира од кривична одговорност. Бендевска уште праша зошто обвинетите за РЕК се' уште се на работните места, а не во притвор, како што експресно беше ставен млекарот Душко Илиевски.
Во нејзиниот настап премиерот препозна чиста инсинуација својствена за СДСМ. „Ако за некого постои каков било доказ дека го прекршил законот, независно кој е, што е, на која функција, од која партија, етничка, верска, партиска припадност, кај нас нема разлика. Ова прашање можам да го разберам само од аспект на вашето постапување и вашата матрица на размислување“, одговори Груевски. Притоа додаде дека за тоа „кој оди во притвор, а кој не оди, е одлука на судот“.
зарем треба уште нешто да се каже за овие карикатури од ДПМНЕ,луѓе со поматена свест и совест,луѓе кои кога немаат идеа што да направат паметно прават глупост и апсат пред камери.Зошто не ги апсат пред камери нивните функционери кои се огрешиле пред законот.Се прашувам дали ќе има спас од овие сатани и сатрапи
Од: bitolaman
Датум: 30.07.2010 00:27:42
Da prestanete da ja zamajuvate javnosta deka slucajot na Dusko e ist kako i onoj slucaj so pronajdena marihuana vo kumanovsko.Razlikata e vo toa sto vo kumanovskiot slucaj kaj covekot policijata pronajde materjalen dokaz deka marihuanata SE PRERABOTUVA,dodeka kaj Dusko doma e pronajden eden kup neplateni smetki od struja-voda.ZaRem mislite deka narodot e "dupen vo ushite"?
Zasramete se i pakovajte gi kuferite.
Од: Трпе
Датум: 30.07.2010 00:30:49
Грешчите направени од неспособност и незнаење,ниту еден тон сапун не ги перат.Но омразата е многу лоша работа сите функционери и нивни членови започнувајки од пастирот народот го делат партиски,расно,полово....Тие праватплан кого да апсат дали е седсмовец или дпмне-овца.Ова блада се меша и во судството како независна власт.Како што дават налог на полицијата кого да апси,така на судот дават налог кого да притвара.А тоа што се избрзуват без докази тоа е друга работа(ја докажуват нивната неспособност а осветолубивост)Премиерот не мора да помага на сдсмовците,нека помогне на жалните стечајци.Зарем нема повеќе да има избори?
Од: Вевчани
Датум: 30.07.2010 00:38:20
Гоце во транс.
Од: Depiliran glushec
Датум: 30.07.2010 01:56:54
Zini zemjo goltni ne'... Vo chii race i na kakvi umovi ostavame Drzava da ni vodat...??!
Од: pero micevski melburn
Датум: 30.07.2010 02:10:58
nemozam da se iznacudam kako moze politicka partia da brani kriminalci zakon si e zakon kako e mozno sekogas koga ce se pritvori clen na sdsm da se gubi dragoceno vreme vo parlamentot najverovatno taa politicka partija znae samo za kriminal i nisto drugo bravo za ministerkata jankulovska i premierot gruevski
Од: Crn pojas
Датум: 30.07.2010 02:15:54
Samo edno moze da se kaze za ministerkata Jankulovska bravo.A za opoziciata sve sto e dobro e loso oti neli toa e politika.
Од: Bitolcanec
Датум: 30.07.2010 03:03:54
Kako sakate recite ali Jankulovska e najsposobniot minister od 1991 pa dosega!Ako ima Makedonija nekogas zena za premier toa ke bidi Jankulivska!
Од: Софист
Датум: 30.07.2010 07:14:04
Толкавото малтретираање на пратениците и јавноста и читањето на обемни теренски извештаи од страна на госпоѓицата всушност дава одговор на поставеното прашање.
Од: sime
Датум: 30.07.2010 07:14:48
Neozbilna drzava.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 30.07.2010 07:25:22
министерката за партиски работи очигледно има за задача не само да ги малтретиеа неистомислениците од народот туку и пратениците, се извештила да зборува еден тон време а да не каже и одговори ништо на прашањата, но да упати закани , зад кои стои моќта на институциите на ДПМНЕ ( сите ги ставија под своја капа), и вчера да се избламира и себеси и владата во целост...Но сетне кој овде веќе обрнува внимание на тоа дека власта командува со парламентот...А и чуму опозиција...да биде декор на фрустрираните пратеници од власта??? А ова во врска со министерката за партиски работи...господе не давај никому и никогаш вакво нешто...
Од: Cinik
Датум: 30.07.2010 08:47:17
Pogolem cinik od Jankulovska vo site dosegasni sostavi na vladite na Republika Makedonija nemalo. Vcudoneviduva lesnotijata so koja taa i se podsmeva na javnosta, koga za ocigledni krsenja na principite na demokratijata i zakonite, koristi prazna retorika i cinicna nasmevka.
Од: teodora
Датум: 30.07.2010 08:53:53
G.Gruevski vo prasanje e vasata matrica na razmisluvanje.Ako voopsto znaete sto znaci da se razmisli pred nekomu da mu se stavat lisici na racete?A vasata ministerka site ne drzi vo procedura-nejzinoto objasnuvanje za site nereseni slucai a koi gi stavila pod somnevanje za "krivicno delo"Sudbina na narodot bila da ve izbere vas da vladeete so nego.
Од: „Бубалица“
Датум: 30.07.2010 09:19:12
Така е кога „бубалица“ не го знае одговорот на прашањето, почнува да ја рецитира цела лекција, која ја научил на памет, без да му е јасно за што станува збор во таа лекција. Само, во нашиов случај не станува збор за школски час, со релација професор-ученик. Станува збор за Државата (во која живеам), а таа е на релацијата „ја бидува-не ја бидува“. Со ваква власт, не ќе да ја биде...
Од: Dejan
Датум: 30.07.2010 10:30:12
Demoniziranata opozicija veke neznae kade da pluka i na sto da se zali, pa sega zapochnaa da im prechat i podrobnite odgovori od strana na minister na nivnite krajno provokativni prasanja. Za takvi kako ovie od opsednatata od bes opozicija za zal ne e mozno da im se objasni nishto, zatoa shto tie nemaat sluh i ne sakaat da slushnat neshto shto ne im odgovara. Neka da prodolzhat da si pafkaat - "div konop" . Nikoj gragjanin na ovaa drzava (osven partiskite marionetki na SDSM) ne mozete da ubedite deka MVR i Ministerkata ne si ja vrshat svojata rabota. Fakt e deka Jankulovska e eden od najuspeshnite koi go vodele ovoj resor,
Од: Mike
Датум: 30.07.2010 11:44:38
Do "Pero Micevski-Mlburn" i "crn pojas" abe Ovci edni gedajte ja vasata ministerka kade nosi prsten,nosi prsten na pokazalec,po site protokoli i zakoni za oblekuvanje na sluzbeni lica,"dresing code" sto gi ima vo site seriozni drzavi,lica na takva odgovorna funkcija ne nosat po sto prsteni i na site prsti,se nosi samo eden prsten-vencalen,mnogu sakam da ja vidam Gordana kako ke stavi sega pirsovi i obetki na site mesta,pa da imate ministerka moderna kako od nekoj Rock Band,ili pak od na ulica so "Red Light" dojdena,ova nikade go nema,koga ja vidov so prstenot ne znaev so da pravam da placam ilida se smeam,glupaca.
Од: vvv
Датум: 30.07.2010 11:57:13
Zanesot prodolzuva i na denesnata sednica. Gledajte i cudete se!!!
Од: јас
Датум: 30.07.2010 12:55:19
Ако вчера за едно прашање , кое и не и’ било нејзе поставено , одговарала 40 тина минути , тогаш ТЕК ДЕНЕС , кога треба за интерпелација да ОДГОВАРА , ШТО ЛИ ЌЕ ИЗНАРЕЧЕ ??? Дечурлана , неизживеана...